недела, 7 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: долгови | 100 резултати

Директорот на ИЈЗ доби кривична за нанесена штета од 662.000 евра

21 јуни 2019

Директорот на Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети, но и раководител на Секторорот за логистика и правно-финансиски работи и референт на наплата на побарувања, добија кривични пријави од Управата за финансиска полиција (УФП), која ги товари дека нереагирајќи да се наплатат долгови, му нанеле на ИЈЗ штета од речиси 40,71 милиони денари, односно малку […]

Владината помош не ги одблокира Берово и Делчево

17 мај 2019

Се бројат деновите до 30 јуни, до кога општините треба да се раздолжат со парите што ги добија од владата од државниот Буџет. Двете општини на крајниот македонски исток, Берово и Делчево, со години се блокирани и работат со месечен лимит определен од судот. Меѓутоа, овие две општини, се чини и натаму ќе останат блокирани […]

Контраспин: Аудито на Мерко е грдо зашто е луксузирање со пари на граѓаните на Општина со долгови

3 април 2019

Возилото на Мерко не е убаво, како што вели тој. Тоа е симболички грдо, најгрдо возило во моментов во државата, зашто е непотребен луксуз со јавни пари во Општина која има милионски долгови во евра, пишува „Вистиномер“. „Гостувајќи на ТВ интервју на 24 Анализа, Мерко, всушност, покажа дека не се работи за незнаење и за […]

Подемот и падот на железницата – за три децении за 12 пати намалено патувањето со воз (видео)

18 март 2019

Изблиците на неизмерна среќа кога се дочекува некој близок, тажните збогувања низ солзи со оние што патуваат далеку, испраќањето во војска, или пак, на студии во странство, бакнежите, прегратките, солзите, смеата веќе не можат да се забележат на пероните на една од најголемите железнички станици на Балканот. На скопската железничка станица нема повеќе испраќање на […]

Општина Охрид до крајот на јуни ќе ги исплати долговите кон 70 доверители

29 јануари 2019

Исплатата на обврските кон 70 доверители на кои општина Охрид им должи 470 милиони денари основен долг и уште толку за камати треба да заврши кон крајот на месец јуни. Имено Охрид како најзадолжена општина во државава има можност, со најавената помош од Владата, конечно финансиски да се консолидира. Општината доби на располагање неповратни средства […]

Парите од Владата нема да ги деблокираат сите општини?

3 декември 2018

Донесувањето на законот со кој се обезбедуваат околу 50 милиони евра владини пари за општините, во блокираните општини донесе надеж дека конечно ќе успеат да се ослободат долговите таложени со години, но и прашања дали ќе успеат во тоа. Четири од 11 општини во Источна Македонија – Делчево, Берово, Зрновци и Пехчево се уште работат […]

Мираковска: Се создаде законска можност да се отпишат долговите на граѓаните

28 ноември 2018

Пратеничката од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата, Соња Мираковска денеска информираше дека со усвојувањето на Законот за отпишување на камата на долгови, создадена е можноста да се отпишат долговите кои со години ги мачат илјадници семејства во Македонија. – Ова финансиско олеснување за граѓаните е конечно решение за граѓаните кои од 2011 година се соочуваат […]

Владата ги „наградува“ општините што неодговорно се задолжувале

8 ноември 2018

Одлуката на Владата за подмирување на половина од неизмирените обврски на општините со пари од државната каса е проблематична, бидејќи во суштина со парите на граѓаните се плаќа неодговорното работење на општинските власти, наместо тие пари да се искористат за нови проекти.  Додека властите велат дека ова е значајна поддршка за општините, експертите се спротивставуваат, […]

Поддржан и дополнет предлогот за отпис на каматите од долгови

12 октомври 2018

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска едногласно даде поддршка за предлог законот за отпис на камати од долгови на граѓаните кон претпријатија кои извршуваат јавни и комунални услуги. Комисијата ги дополни основите за отпис на камата и за радиодифузна такса, предлага донесување генерална одлука од оние кои имаат побарувања од граѓаните во рок од […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го зголемува јавниот долг, а „остварува“ само партиски тендери

7 август 2018

Со денешното задолжување за околу 32,5 милиони преку аукцијата на Министерството за финансии, СДСМ продолжува со постојаното зголемување на јавниот долг, а не ги остварува дадените ветувања. Единствен и најголем проект им се тендерите и државните пари што ги делат на фирмите на СДСМ и на членовите на СДСМ, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. […]

Владата го отповика Мико, а Лазе Еленовски го прати во Брисел

28 февруари 2018

Владата на вчерашна седница отповикала на неколку конзули меѓу кои најекспониран е Џејсон Мико, долгогодишен колумнист во пропаднатиот весник „Дневник“ и консултант на владата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кој бил плаќан од буџетот. Претходно тој бил и лобист за ВМРО-ДПМНЕ и консултант. Според документите заведени на Американската агенција за регистрација за странски соработници – ФАРА, […]

Се спрема закон кој треба да спречи трупање на долгови на институциите и општините

9 февруари 2018

Законот за пријавување и евиденција на обврските преку кој ќе се регулираат долговите на институциите ќе влезе во владина процедура, најави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Според него, на овој начин ќе се избегне натрупување на неевидентираните долгови како во минатото. – На тој начин ќе се евидентираат преземени, доспеани и неплатени обврски во соодветен електронски систем […]

СДСМ: На семејства во Прилеп им биле отпишувани долгови во изборни години

3 февруари 2018

Членот на Извршниот одбор на ОО СДСМ, Прилеп, Филип Попоски информираше дека, полицијата до Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против поранешниот директор на „Комуналец“ од Прилеп, Златко Ристески и други лица членови на Управниот одбор на претпријатието, за основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. „Според пријавата, Златко Ристески […]

МЗШВ плати 137.000 евра заостанати долгови за членарини во меѓународни организации

25 декември 2017

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) плати 137.000 евра по основ на заостанати долгови, за претходни години, за неплатени членарини во меѓународни организации за земјоделство, информираат од таму. Станува збор за долгови за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ) и Европската и медитеранска организација за […]

Заев вети владина помош на општините за враќање на долговите

1 декември 2017

Премиерот Зоран Заев најави план за помош на општините во справувањето со долговите кои надминуваат 200 милиони евра, упатувајќи порака до градоначалниците да се воздржат од политизација на администрацијата и да применат креативност во надминувањето на предизвиците. – Може ќе заминете од функцијата посиромашни, но ќе бидете посреќни – рече Заев на Националниот форум за градоначалници, кој […]

Вработен во Општина Велес им се заканувал на Заев и на Бејли со бесење

6 ноември 2017

Новоизбраниот градоначалник на општината, Аце Коцевски  денеска на прес-конференција  обвини дека пратеникот Илија Димовски има личен возач кој бил вработен во Општината и притоа го оштетил буџетот за голема сума пари. Според пресметките на Коцевски, вкупните долгови на Општина Велес изнесуваат 169.197.606 денари или 2.751.180 евра. Коцевски истакна дека постојат индиции дека двајца вработени во општинската […]

Државата има интерес случајот со „Фени“ да се реши во интерес на вработените, рече Заев

1 ноември 2017

Kако држава, немаме удел во „Фени“ и нашиот интерес се граѓаните, производството и работните места, изјави денеска премиерот Зоран Заев на самитот на „Македонија 2025“, одговарајќи на новинарски прашања за работата на „Фени“ по постапката за отворање стечајна постапка. Како што посочи, претходниот сопственик на „Фени“ договорил купопродажба со бугарската фирма „Енекод“, но, нагласи, тоа […]

Првообвинетиот за грабежот во НЛБ тврди дека парите ги украл поради долгови

27 октомври 2017

Бобан Смилевски, првообвинетиот за грабежот во НЛБ, во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл бидејќи имал долгови, а тој и семејство живееле под закани, пренесува „Фокус“. – Делото не е од лукративна причина и не е за да се оствари имот за себе или за кој било друг. Бев во […]

ЕБУ воведува санкции за МРТ која тоне во долгови

26 октомври 2017

Гледачите на „Македонската радио-телевизија“ (МРТ) може наскоро да останат без европски спортски првенства, без „Евровизија“, странски програми, филмови и без странски документарци поради натрупан долг кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Извор од програмскиот совет на МРТ, кој сакаше да остане анонимен, за ПИНА открива дека долгот надминува 500.000 евра. Ова можеби изгледа ситно во споредба со […]

МРТ тоне во долгови, ЕБУ воведува санкции и забрани

26 октомври 2017

„Македонската радио-телевизија“ веќе не може да ги користи услугите на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) поради неплатен долг. Ова значи дека во опасност е целата програмска шема на националниот сервис. Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за ПИНА вели дека не ги знаат вкупните долгови на телевизијата, па затоа е потребно да се направи […]

Страна 3 од 5