вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: дојава | 33 резултати

Дојава за бомба во авион на „Туркиш ерлајнс“

мај 23, 2016

Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека поради дојава за бомба, темелно е пребаран авионот кој од истанбулскиот аеродром „Кемал Ататурк“ требал да полета за турскиот град Кајсери. По истрагата утврдено е дека дојавата била лажна. Авионот на летот ТК2014 со 133 патници се подготвувал да полета кон Кајсери, кога на екипажот му било наредено да го […]

Чешката полиција врши евакуација во повеќе градови

мај 10, 2016

Припадници на чешката полицијата во поголем број се распоредени во десетина градови во земјата, вклучувајќи ги главните железнички станици и административните седишта во Прага, Прадубицам и во Плзен, по дојава за бомба која, според повикувачот, ќе експлодира попладне. Полицијата евакуирала вработени и граѓани, кои по работа дошле во градската управа. Возовите не возат до главната […]

Дојавата за бомба во Москва била лажна тревога

март 8, 2016

На пазарот Рижски во Москва, од кој се евакуирани околу 2.000 луѓе поради анонимна закана за поставена бомба, не е пронајден експлозив, соопшти руската полиција. Утрово анонимна личност се јавила во полицијата и пријавила дека на пазарот е поставена бомба. Полицискиот тим стигнал на местото и евакуирал 2.000 луѓе, се наведува во полициското соопштение. Полициските […]

Евакуирана железничка станица во Белгија поради дојава за бомба

ноември 27, 2015

Белгиската полиција ја евакуирала железничката станица во градот Намур по дојава за бомба, јавуваат локалните медиуми. Според нивните пишувања, железничкиот сообраќај е во прекин. Вчера белгиските власти го симнаа нивото на опасност од напади во Брисел од максимално четврто на трето ниво.

Евакуација на „Харвард“ поради дојава за бомба

ноември 16, 2015

Неколку згради на Универзитетот „Харвард“ во САД се евакуирани поради дојава за бомба, објавено е на веб-страницата на институцијата. „Добивме закана за бомба во научниот центар, како и на север, во салите Емерсон и Тајер во кампусот. Зградите се евакуирани, а полицијата е на местото на настанот. Се пребаруваат четирите згради. Очекуваме овој процес да потрае […]

Лажна дојава за бомба на аеродром во Русија

ноември 7, 2015

Околу 150 луѓе беа евакуирани од аеродромот „Колјцово“ во Екатеринбург откако стигнала лажна информација за поставена експлозивна направа. Извори од полицијата рекле дека аеродромот е прегледан и дека не е пронајдено ништо сомнително. Според исказите на очевидци, сите што биле во зградата се извадени надвор, а на патниците кои пристигнале на аеродромот не им било дозволено да […]

Во Прага запрен железничкиот сообраќај поради дојава за бомба

август 20, 2015

Во Прага е запрен сообраќајот и евакуирана е железничката станица поради дојава за бомба во возот кој требал да тргне од Прага за Пардубице. Сепак пиротехничарите на крајот не пронашле експлозив. Полицијата прво го евакуирала само перонот на кој стоел возот за Пардубице, но изненадно наредила да се запре целиот сообраќај, а станицата да се евакуира. […]

Лажна тревога за бомба во авион на „Рајанер“

јуни 25, 2015

Авионската компанија „Рајанер“ соопшти дека анонимна личност пријавила дека во патничкиот авион, кој принудно слетал на аеродром кај Варшава, се наоѓа бомба, но подоцна се утрврдило дека таа пријава била лажна. Портпаролката на полската полиција изјави дека авионот е пребаран и дека ништо не е најдено. Полската полиција претходно објави дека на аеродромот во близина […]

Заканата за бомба на летот за Сао Паоло била лажна

март 30, 2015

Истрагата покажала дека денешната закана за бомба во авионот на летот Истанбул – Сао Паоло на компанијата „Туркиш еирлајнс“ била лажна. Авионот „боинг 777“ со 256 патници од Истанбул за Сао Паоло мораше вонредно да слета во мароканскиот град Казабланка, поради дојава за подметната бомба. Во авионот на летот ТК15 се случила узбуна откако во […]

Страна 2 од 2