fbpx
Таг: Договорот за добрососедство

таг: Договорот за добрососедство

Медиапул: Теодора Генчовска ги крие од граѓаните на Бугарија документите за преговорите со Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија (во оставка) Теодора Генчовска (од партијата „Има таков народ“) продолжува да го одолговлекува процесот за излегување од кризата со Северна Македонија. Таа го доставила двостраниот протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија до бугарскиот парламент, но му дала статус „доверливо“ и сега тој не може јавно да се разгледува, пишува бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Од...

Јелинчич со невистина: Во договорите со Атина и Софија нема откажување од идентитетот!

Словенечкиот политичар и пратеник, Змаго Јелинчич - Племенити, даде изјава поврзана со состојбите во Република Северна Македонија, во која се содржат и невистинити тврдења - дека со Договорот од Преспа, Заев се откажал од сè македонско, а со потписот на Договорот за добрососедство со Бугарија се откажал од идентитетот и историјата на македонскиот народ, како и дека со усвојувањето...

Во Струмица в четврток заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија

Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија ќе се одржи в четврток во Струмица, а на неа ќе се потпишат десет нови договори. Тоа го најави премиерот Зоран Заев денеска во Струмица, каде се обрати во рамките на обуката за политички лидери во организација на Институтот за политика од Бугарија. Тој порача дека е многу важно „да гледаме...

Џафери и Борисов разговарале за можностите што ги отвора Договорот за добрососедство

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и на коалицијата и со Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, денеска се сретнал со делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов, во која се и пратениците од Народното собрание на Бугарија,...

Договорот со Бугарија ќе биде потпишан на 1 август во Скопје

Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка на Република Македонија и на Република Бугарија ќе биде потпишан на 1 август во Владата на Република Македонија, зашто на 2 Август ќе има многу чествувања, рече премирот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата на која го презентираше договорот. Прашан на кои јазици ќе биде потпишан договорот, премиерот рече дека ќе има две идентични...

Заев: Договорот со Бугарија е директна одговорност на Собранието

Премиерот Зоран Заев од Штип им порача на граѓаните дека договорот за добрососедство со Бугарија отвора сериозна перспектива, а тој, како упатен политичар, „нема да дозоволи влакно да ѝ недостига на Македонија“. Заев одговори на прозивките за тајноста на расправата за овој договор и објасни дека договорот ќе се смета за склучен откако ќе биде ратификуван во Собранието. - Нешто што не е...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...