Таг: Договорот со Грција

таг: Договорот со Грција

ИФИМЕС: На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа. На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција, покажува испитувањето на јавното мислење...

Мицкоски: Секој граѓанин да се изјасни според сопственото убедување

По одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, а имајќи во предвид сето она што претходно го напоменав и јасниот став дека овој Договор е неприфатлив за нас, како и тоа дека се работи за надпартиско прашање, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ноќеска, по завршувањето на состаноците на највисоките...

МАНУ ќе прави напори да не се менува нејзиното име

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се консултира со експерти за да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа, беше кажано вчера во научната расправа „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликација врз евроатланските интеграции на Република Македонија“ што ја организираше...

Курц: Позитивно ќе биде да излезете на референдумот и да гласате за перспектива

Австрија е пријател на Македонија и на целиот регион и би сакале да живееме и во заедничка иднина. Како претседавач со Европската Унија, можам да кажам дека ЕУ ќе биде комплетна кога во неа ќе биде интегриран и Западен Балкан. За Македонија решението за спорот за името ќе донесе динамика. Најпрво сакам срдечно да го поздравам тоа што е...

Курц дојде во Скопје со поддршка за Договорот

Македонија е на историска пресвртница на патот кон ЕУ. Во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември, решението за прашањето за името ја има нашата целосна поддршка, порача во видео порака австрискиот канцелар Себастијан Курц,  кој претпладнево пристигна во посета на Скопје. Курц заедно со австриската делегација претпладнево беше свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна...

Каменос: Заев и Димитров со своите изјави ги вознемируваат Грците

На неформалниот самит на министрите за одбрана од ЕУ во Виена, грчкиот министер за одбрана и лидер на десничарската партија „Независни Грци“, Панос Каменос, порачал дека споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор, без разлика на референдумот и уставните измени во Македонија, соопшти грчкото...

Анкета на МЦМС: Повеќето граѓани би гласале за Договорот со Грција

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“, „За“ би гласале 41,5%, а „Против“ - 35,1%, односно разликата е 6,4 процентни поени. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август. Сепак, помалку Македонци...

Палмер: Опозицијата да размисли што нуди Договорот од Преспа

Метју Палмер, в.д. заменик-помошник на Државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, по денешните средби со Христијан Мицкоски и со премиерот Зоран Заев, упати порака на опозицијата дека треба сериозно да размисли што нуди Договорот со Грција за Македонија. Тој се обрати и до македонскиот народ, дека треба да се искористи моментот за историски важна одлука. -На опозицијата и...

Бушати: САД клучни за спроведувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција

Ангажманот на САД на Балканот е од клучно значење со цел да се обезбеди дека нема да има какви било назадувања во однос на напорите на Грција и на Република Македонија за нормализирање на односите кои ќе ѝ го отворат патот за членство во НАТО, вели албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати. - Сега кога двете земји ја поминуваат...

Хан: Излезете на референдум, се работи за вашата земја и вашата иднина

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот профил на „Твитер“ вчера ја поздрави одлуката на Собранието да го закаже референдумот за Договорот со Грција за 30 септември. „Ја поздравувам одлуката да се одржи референдум на 30 септември за историскиот договор. ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот....

Професори од Оксфорд, Сорбона, Колумбија… со поддршка за Преспанската спогодба

Повеќе од 40 универзитетски професори, интелектуалци, филозофи и студенти ја изразија својата поддршка за Преспанската спогодба на Македонија и Грција за решавање на спорот за името, оценувајќи го како пробој и најдобро решение за решавање на 27-годишниот спор на двете земји. Во писмо до британскиот весник „Гардијан“, потписниците кои се од некои од највидните светски универзитети, како Оксфорд, Сорбона, Лондон,...

Коѕиас: Граѓаните на соседната земја имаат право да се нарекуваат Македонци

Не можеме да го смениме универзалното право, соседите да се нарекуваат Македонци, на индивидуално и неофицијално ниво, но ние можеме да ги нарекуваме како сакаме, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека „вон институционалниот систем и вон јавниот простор, не можеш на луѓето да им наметнеш како...

Захарова: Заев без никакви докази шири антируска хистерија додека Западот се меша во Македонија

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи на брифингот со новинарите вчеравечер во Москва порача дека обвинувањата од македонскиот премиер Зоран Заев, кои тој ги искажа во интервју за „БазФид њуз“, а потоа и на почетокот на изградбата на фабриката на американската фабрика „Дура“, обвини дека „грчки бизнисмени” кои „се сочувствителни на руската кауза“ им платиле на...

Руска амбасада: Заев и Шекеринска шират русофобија, очекуваме истрага за изјавите

Руската амбасада вчеравечер реагираше со соопштение за наводите од премиерот Зоран Заев дека бизнисмени од Русија финансирале антивладини протести. Заев тоа го кажа во интервју за „BuzzFeed News“ и потоа го повтори како одговор на новинарско прашање на почетокот на изградбата на фабриката на американската „Дура“ во Бунарџик. Од амбасадата сметаат дека станува збор за паушални изјави, слични на тие...

Руска амбасада: Изјавата на Заев е политички неодговорна и русофобна алатка

Руската амбасада во Скопје порача дека денешната изјава на премиерот Зоран Заев за „комити“ потплатени од руски бизнисмени да протестираат против договорот со Грција и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, е политички неодоговорна и русофобна. Заев прашан за своите тврдења дека руски бизнисмени ги потпалувале протестите во Македонија, посочи на добиените извештаи од разговорите во полицијата со дел...

Костадинов: Договорот е патриотски чин, Иванов е должен да потпише

Пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, на прес-конференција во Собранието, откако пратениците вторпат го ратификуваа Договорот со Грција, порача дека станува збор за патриотски чин и договор што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи членство на Македонија во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина. Тој рече дека претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише, бидејќи...

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против потписниците на Договорот со Грција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за креаторите и потписниците на Договорот со Грција и за Законот за јазиците, најави Александар Николовски, потпретседател на партијата. Според Николовски, иако веројатно дека судството и обвинителството нема да одговорат на нивните пријави, некои дела не застаруваат, па тој сепак порачува дека во иднина „некое независно правосудство ќе мора да ги извади од фиока овие...

Седница за пратенички прашања денеска

Собранието денеска ќе одржи седница за пратенички прашања, на која ќе пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите. По правило седницата се одржува секој последен четврток во месецот, но редовниот термин минатата седмица беше поместен за денеска, поради патувањето на премиерот Зоран Заев во Брисел. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска треба да одржи и редовна средба...

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...