fbpx
Таг: Договорот Македонија-Грција

таг: Договорот Македонија-Грција

„Република Северна Македонија“ за Алијанса за Албанците е прифатливо име

Новиот предлог за името на државата „Република Северна Македонија“  преставува позитивен момент во изнаоѓање на трајно решение за името во спорот меѓу двете соседни земји и го отвара патот за ЕУ и НАТО интеграциите, смета Алијанса за Албанците. „Веруваме дека овој предлог е прифатлив за сите, и не го уценува мултиетничкиот карактер на државата, за разлика од претходниот предлог соопштен...

Грција денеска треба да им пише на ЕУ и НАТО за зачленувањето на Македонија

До Советот на ЕУ за општи работи, кој во Луксембург ќе расправа за  почеток на пристапни преговори на Македонија и на Албанија, денеска треба да биде доставено писмото од Грција дека нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, што е исполнување на дел од нејзините обврски од Договорот за решавање на спорот за името. Шефот на...

Шекеринска: Убедени сме дека до Самитот на НАТО ќе обезбедиме поддршка од сите членки

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е убедена дека на Самитот на НАТО, што треба да се одржи на 11 и 12 јули во Брисел Македонија ќе ја обезбеди поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство. Според Шекеринска, земјава исполнила големи домашни задачи, што, според неа, се силни аргументи во полза на нашето членство...

Меркел до Заев: Германија силно ќе го поддржи Договорот

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, испратила честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за Договорот со Грција за разрешување на спорот за името и порачала дека Германија силно ќе го поддржи, информираше македонската влада. „Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе...

Советник на Хан: ЕУ да даде зелено светло на Македонија за преговори

Земјите членки на ЕУ, а пред се „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија, смета Франц Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и...

НСДП: Даваме целосна поддршка на Договорот со Грција

Нова социјалдемократска партија (НСДП) вчера, конституирајќи го својот нов Извршен одбор, дала целосна поддршка на постигнатиот договор помеѓу владите на Македонија и Грција. „По  повеќе години изгубени во изолација, авторитарно владеење, нарушени односи со соседите,  национал-романтичарски манипулации со чувствата на народот, популизам, позади кој се криеја лукративни и коруптивни интереси на политички елити, Македонија дојде до точка на пресвртница. Еден...

Меј: Договорот и ги отвора вратите на Македонија за НАТО и ЕУ

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, со писмо до македонскиот премиер Зоран Заев честитала за постигнувањето договор со Грција, како и за ратификацијата на договорот во Собранието, соопштија од Владата. „Вакво значајно постигнување не би било возможно без политичката храброст, визија и лидерство, какви што двајцата покажавте. Како што претходно разговаравме во Скопје, решавањето на ова прашање ќе донесе енормни...

Талат Џафери по усвојувањето во Собранието ја „завери“ Спогодбата со Грција

Откако денеска во Собранието, во отсуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, беше ратификувана Спогодбата со Грција за разрешување на спорот за името со 69 гласа „за“, без гласови „против“ и воздржани, спикерот Талат Џафери го стави својот потпис на законот за ратификација на Спогодбата, по што тој оди во понатамошна процедура. Според процедурата, законот ќе биде испратен кај претседателот Ѓорѓе Иванов,...

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење за Спогодбата со Грција од Венециската комисија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе побара толкување за Спогодбата со Грција од Венециската комисија. На прес-конференција во Собранието пратеникот Драган Данев повторно порача дека за неговата партија Спогодбата е штетна и капитулатнска и дека власта сака да го втурне и Собранието во кршење на процедурите за ратификација на оваа Спогодба. - Ако овој договор е толку добар за Република...

Унгарскиот и словачкиот амбасадор: Очекуваме Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Очекуваме добри вести идната недела, Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Ќе помогнеме колку што можеме зашто земјата треба да стане полноправен член што поскоро, а договорот со Грција е само дополнителен, силен поттик во оваа насока, рекоа денеска амбасадорите на Унгарија и на Словачка во Македонија, Ласло Дукс и Хенрик Маркуш, на прес-конференцијата по повод примопредавањето на...

Столтенеберг: Македонија може да добие покана за НАТО на самитот на 11 и 12 јули

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се надева дека ќе може да биде испратена покана за членство на Македонија во Алијансата на самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Брисел, откако Скопје и Атина постигнаа договор за спорот за името, јави МИА. – Се надевам дека ќе има напредок со поранешната југословенска Република Македонија бидејќи тие...

Тунтев: Договорот е висок патриотски чин, ВМРО-ДПМНЕ да сврти нова страница

Договорот за разрешување на спорот со Грција што беше потпишан во неделата е висок патриотски чин и носи иднина за државата и за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ треба да сврти нова страница и да учествува во неговата ратификација, порача на прес-конференција во Собранието Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Зборувајќи пред голем број пратеници - негови...

Коѕиас: Поголемиот дел од јавноста ја поддржува Преспанската спогодба

Поголемиот дел од јавноста во Грција ја поддржува Преспанската спогодба, рече денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за грчката телевизија „Скај“, говорејќи за спогодбата меѓу Македонија и Грција за разрешување на спорот. - Поголемиот дел сметаат дека го разрешивме спорот со Скопје. Има нови анкети. Претходно преовладуваа тие што се сомневаат дека е тоа, но сега е поголем...

Владата го усвои предлог-законот за ратификација на Спогодбата со Грција

Владата на денешната 74-седница го разгледала и усвоила Предлог - закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на спорот за Грција и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, кој бил предложен од Министерството за надворешни работи. Предлог-законот за ратификација, со европско знаменце на него, како приоритетен, треба да биде доставен до Собранието на Република Македонија. Исто така, според соопштението,...

Владата денеска треба да ја испрати Спогодбата во Собранието

По вчерашното потпишување на Спогодбата меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името во Псарадес (Нивици), на грчкиот брег на Преспанското Езеро, денеска треба да почнат процедурите за негово ратификување. Македонската Влада би требало денеска на седница да да го усвои законот за ратификација на Спогодбата, по што треба да биде испратена во Собранието, каде треба да биде...

Договорот со Грција ќе се потпишува утре, денеска се гласа доверба на владата на Ципрас

Во текот на утрешниот ден, недела, 17 јуни, во регионот на Преспа, на територија на Грција во засега непознат термин, ќе се одржи церемонијата на која, како што соопшти македонската влада, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на  Грција, Никос Коѕиас ќе го потпишат договорот за  решавање на македонско – грчкиот...

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одбил да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во закажаниот термин утре претпладне, а средбата ја откажала и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со образложение дека бугарската влада не сака да биде вмешана во внатрешнополитичките дебати во Скопје, јави бугарската агенција „Фокус Њус“. Потегот следи откако вчера претпладне Иванов по само...

Дипломатски клуб – Скопје: Спогодбата е потврда на стратешките определби на Македонија

Дипломатски клуб - Скопје ја поздрави, како што вели, спогодбата, постигната помеѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на спорот за името, нарекувајќи ја „настан без преседан во историјата на македонската дипоматија“. „Самиот чин на потпишувањето и ратификацијата на оваа Спогодба сметаме дека ќе биде во рамките и потврда на реализацијата  на стратешките определби на...

Јагланд: Договорот покажува дека зборувањето за најтешките проблеми, овозможува решенија

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд го поздрави договорот за спорот за името постигнат помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. – Овој договор доаѓа долго време. Покажува дека зборувањето, слушањето и разбирањето на меѓусебните загрижености ни овозможува да најдеме решенија дури и за најтешките проблеми. Лидерите на двете земји членки поставија пример за...

Димитров утре и задутре во официјална посета на Берлин

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе биде во посета на Берлин, каде што треба да се сретна со својот германски колега Хајко Мас. Како што информираат од министерството за надворешни работи, Димитров ќе се сретне со советникот за надворешна политика на германската канцеларка, Јан Хекер, а ќе го посети и германскиот Бундестаг, каде што ќе...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...