fbpx
Таг: Договорот Македонија-Грција

таг: Договорот Македонија-Грција

Ципрас: Мицотакис ќе го моли Мицкоски да не го отфрла договорот за името

Поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на расправата за новиот закон за азил во грчкиот Парламент, говорејќи за националните прашања, се осврна и на Договорот од Преспа, велејќи дека тие се горди на решението меѓу двете земји, а паралелно упати критики и до актуелниот претседател на грчката влада, Кирјакос Мицотакис во...

Столтенберг: Скопје и Атина до 15 февруари да завршат со Преспанскиот Договор

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа. Тоа, според грчкиот весник „Катимерини“ е наведено во писмо од Столтенберг, порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес. „Според некои назнаки, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испратил писмо во кое Скопје и Атина се повикуваат на завршување на сите процедури...

Владата ги испрати финалните верзии на амандманите во Собранието

На вчерашната 108 седница Владата ги усвои финалните текстови на амандманите на Уставот и веднаш ги испратила до Собранието. Амандманот 33 гласи: „Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија“. Со амандманот 34 се вршат измени во Преамбулата –...

Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

Американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, вчера во Сараево рече дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година, доколку го примени Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција. Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци“. – Тоа е потполно...

Ципрас лобира кај Пахор: Отсега нашиот сосед да го викате „Северна Македонија“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба во претседателската палата во Атина со словенечкиот претседател Борут Пахор изразил задоволство што кај „северниот грчки сосед“  бргу напредува на планот на уставните измени. Истовремено, Ципрас лобирал кај словенечкиот државник дека „земјата која сега ја нарекува според уставното име, односно како Македонија, во иднина ќе треба да ја викаат „Северна Македонија“. Ципрас се пофалил...

Тезите за поткуп на пратениците пласирани и на бугарски левичарски портал

Бугарскиот левичарски портал „Поглед“ се приклучи на редицата онлајн-медиуми што ги објавија шпекулациите за притисоци и поткуп на пратениците во македонското Собрание. Притоа статијата објавена вчера пренесува шпекулации појавени уште од пред гласањето за почеток на уставните измени во Собранието во петокот. Статијата се повикува на информативната агенција на англиски јазик „Мина“ и на Миленко Неделковски, обвинувајќи го официјален Вашингтон...

Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. -Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на процесите за уставна ревизија и...

Дачиќ: Нема потреба Србија да ги коментира одлуките на Собранието

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска порача дека одлуката на македонското Собрание да го почне процесот на менување на Уставот е внатрешна работа на Македонија која што нема потреба Србија да ја коментира. -Ги почитуваме народот и државните органи. Им посакувам се најдобро на Грција и Македонија, но тоа се внатрешни прашања... Ние сакаме најдобри односи -...

Димитров и Палмер разговарале за новите политички случувања

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во македонското МНР се сретна заменик- помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Македонија. На средбата се разговарало за евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Македонија и во регионот. Се зборувало за преговорите со НАТО, како и за...

Арнаудов: Никој не е предавник и ништо не е ветувано за случајот

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето во Основен суд Скопје 1 изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои зад завчерашното писмо, испратено до медиумите во име на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што во петокот гласаа за почнување со уставните измени. Истакна дека не...

Метју Палмер денеска во Македонија

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер денеска ќе престојува во посета на Македонија. Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии. МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните...

Кривична пријава за маж што се заканувал на пратениците преку Фејсбук

СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ќе поднесат кривична пријава против 38-годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради закани преку Фејсбук. Кривичната пријава ќе биде за загрозување на сигурноста и за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку копјутерски систем. Полицијата вчера извршила претрес во домот на осомничениот, при што се одземени предмети, а тој бил...

Драмата со Коѕиас пак го распали огнот на „црните пари“ и тајните фондови за името

Обидот на грчкиот премиер Алексис Ципрас да го надмине раздорот во неговиот кабинет, на седницата во вторникот отиде во најлошиот можен правец, кога по острата кавга на министерот за одбрана Панос Каменос и досегашниот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, вториот си поднесе оставка. Според грчките весници во кавгата се споменувале црните фондови на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР). Но,...

Продолжува седницата за уставните измени денеска во 11 часот

Пленарната седница на Собранието на Македонија за уставните измени, која почна вчера, ќе продолжи денеска во 11 часот. Пријавени за збор се 66 пратеници. Во текот на вчерашната расправа немаше никакво поместување на ставовите и на власта и на опозицијата, со исклучок на пратеникот од владејачкото мнозинство, Ферид Мухиќ. Тој иако претходно рече дека нема да ги поддржи уставните измени,...

Двете крила за БЕСА не го поддржуваат Заев за амнестирањето

Двете крила на БЕСА, тоа на Биљал Касами и тоа на Африм Гаши сметаат дека е неприфатлива понудата на премиерот Зоран Заев да се „амнестираат“ обвинетите за насилствата на 27 април 2017 во Собранието. Според групата предводена од Африм Гаши, политичарите не смее да се мешаат во работата на правосудството, а помирување е можно само по преземање одговорност, извести „Порталб“. -...

За белградска „Политика“ Мицкоски е пантомимичар, а Иванов херој

Под насловот „Референдумски ајвар“, провладиниот српски  весник „Политика“ во вторникот излезе со коментар во кој оценува дека „наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“. „Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија коишто не се согласија да...

Заев: Дали има мнозинство ќе се види на гласањето, но нема поткуп

Не се нудат пари на пратениците за да гласаат за уставните измени, а најдобрата опција во моментот е Собранието, а не предвремени избори, порача премиерот Зоран Заев пред новинарите денеска. Тој рече дека дали има двотретинско мнозинство за да се направат уставните измени ќе се види дури во процедурата во парламентот, но изрази оптимизам дека може да се постигне мнозинство....

Владата ги подготви уставните измени и ги испрати во Собранието

На вчерашната 92-седница, Владата ја донела одлуката за уставните измени, односно во Собранието да ги достави измените за кои ќе бара поддршка. Тоа се случува во период кога уште не е дефинирано дека е подготвен теренот за менување на Уставот, оти за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, односно 80 пратеници. „Владата на РМ го утврди текстот усогласен согласно...

Самарас: Им дадоа сѐ, сите ќе ги викаат само Македонци

Нема да дозволиме да ја продадат нашата Македонија. Јас секогаш поддржував дека не можеме на Скопје да му го дадеме името Македонија, бидејќи едноставно, од тој момент сите, официјално ќе ги нарекуваат, не Северномакедонци, Горномакедонци, туку само Македонци, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, во неговиот говор пред членовите на Комората во Кавала, на свеченото отворање на трговскиот и...

Џонсон: Србија и Косово да се угледаат на Македонија и Грција

Американскиот сенатор Рон Џонсон на крајот на својата балканска турнеја, ги повика Косово и Србија при решавањето на долготрајниот спор, да се угледаат на Македонија и Грција. - Грција и Македонија имаат реална шанса да го решат спорот сврзан со промената на името на земјата, кој постои веќе 27 години. Сметам дека двете земји имаат многу смели премиери коишто согледуваат...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...