среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: договори | 64 резултати

Потпишани првите договори за користење на средства од ИПАРД 2-програмата

јуни 21, 2018

Вкупно 692 договори за набавка на трактори преку ИПАРД 2-програмата вредни 5,8 милиони евра, ќе бидат потпишани во наредните денови, а денеска во Министерството за земјоделство беа потпишани првите 13 договори. Најголем дел од средствата се за набавка на трактори, но земјоделците покажале интерес и за приклучна механизација мотокултиватори, ѓубре-растурачи, прскалки, системи „капка по капка“, […]

Сугарески апелираше општините да искористат 12 милиони евра за изградба на водоводи

мај 7, 2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ги повика општините да достават инфраструктурни проекти, бидејќи на располагање има околу 12 милиони евра неискористени средства од кредитната линија од Европската инвестициона банка (ЕИБ). Тој денеска изврши увид во изградбата на резервоар за вода и потисен и доводен цевковод во Општина Желино, каде што има 18 населени […]

Бертолини: За оваа година 80 милиони евра од ЕУ за Македонија – ако успеете да ги потрошите

март 19, 2018

Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија, Никола Бертолини рече дека финансиската поддршка од ЕУ во Македонија значително се зголемува, па така за разлика од лани кога изнесувала 70 милиони евра, за годинава се предведени 80 милиони евра. – За оваа година се превидени 80 милиони евра, само за билатералните договори, не […]

Потпишани првите договори за програмата ИПАРД 2014-2020

март 6, 2018

Денеска во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа првите договори за користење на финансиски средства од програмата ИПАРД 2014-2020. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека ефикасното искористување на програмите ИПАРД е еден од главните приорити на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр. „Станува збор за […]

Договорите за јавни набавки ќе бидат објавувани на „e-nabavki.gov.mk“

јануари 9, 2018

За зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки, на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) отсега ќе се објавуваат и доделените договори, при што во нив јавноста ќе има увид, информираат од Министерство за финансии. „Договорите ќе бидат достапни во рамките на самите известувања за склучена набавка. По спроведување на набавките договорите ќе се […]

Утре попладне заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец

декември 14, 2017

Владите на Македонија и на Албанија утре попладне ќе одржат заедничка седница во Поградец, Албанија. На седницата, како што соопштија од владината прес-служба, ќе се разговара за повеќе теми за унапредување на билатералната соработка, особено за инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, за олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и за зајакнување […]

Македонија и Бугарија договорија и потпишаа меморандуми за соработка во битни сектори

ноември 23, 2017

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Струмица, по заедничата меѓувладина седница, потпишаа серија спогодби за соработка од областа на одбраната, телекомуникациите, туризмот, енергетика и на економијата. Министрите за одбрана, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов, потпишаа Протокол за соработка во спроведувањето обуки за припадници на АРМ во воентите школи во Бугарија и за интензивирање […]

Заедничка седница на македонската и на бугарската влада, ќе се потпишат 9 документи

ноември 23, 2017

Владите на Македонија и на Бугарија денеска во Домот на АРМ во Струмица ќе одржат заедничка седница. Средбата помеѓу двете делегации почнува во 10 часот, кога премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов ќе положат цвеќе на споменикот на загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Владината седница ќе почне во 11 часот и на неа министрите ќе потпишат […]

Државата има интерес случајот со „Фени“ да се реши во интерес на вработените, рече Заев

ноември 1, 2017

Kако држава, немаме удел во „Фени“ и нашиот интерес се граѓаните, производството и работните места, изјави денеска премиерот Зоран Заев на самитот на „Македонија 2025“, одговарајќи на новинарски прашања за работата на „Фени“ по постапката за отворање стечајна постапка. Како што посочи, претходниот сопственик на „Фени“ договорил купопродажба со бугарската фирма „Енекод“, но, нагласи, тоа […]

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски нема легитимитет да зборува за фер доделување земјиште

септември 14, 2017

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година поднесе измени на законот за доделување земјоделско земјиште, по пат на електронско јавно надавање, за фер и транспарентно доделување на земјоделското земјиште во државна сопственост за комерцијални намени, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Во соопштението се додава дека […]

СДСМ: Груевски се плаши од декласификацијата на договорите со странските компании

септември 3, 2017

Никола Груевски е видно исплашен од вистината што ќе излезе по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конфренцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. „Очигледно е, Груевски стравува дека граѓаните ќе дознаат колку од нивните пари што ги плаќале […]

Мицкоски: Инвеститорите ќе нè заобиколат поради објавување на висината на субвенциите

август 30, 2017

Владата на вчерашната седница донесе одлука за декласифицирање и за објавување на субвенциите што им се даваат на странските инвеститори во Македонија, потег кој ќе влијае на потенцијалните инвеститори и на нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека не е никаква тајна, […]

Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето-платата, најави Анѓушев

јули 26, 2017

Субвенциите што странските инвеститори ќе ги добиваат од државата ќе зависат од висината на нето-платата што им ја исплаќаат на вработените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој изјави дека сите инвеститори досега имале два договора, од кои едниот бил за инфраструктура, односно за добивање земјиште и за градење хала, додека вториот договор бил за доделување […]

Бектеши и Шаровиќ договориле економска соработка меѓу Македонија и БИХ

јули 24, 2017

Министерот за економија на Македонија, Крешник Бектеши, и министерот за надворешна трговија и економски односи на БИХ, Мирко Шаровиќ, на средбата во Сараево иницирале преговори за склучување договор за економска соработка помеѓу двете земји. Босна и Херцеговина е единствената земја од регионот со која Македонија нема потпишано ваков договор. – Босна и Херцеговина во последните […]

Меркел ќе бара од Трамп договори за прашања поврзани со трговијата и со воените трошоци

јануари 21, 2017

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека од новиот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе бара да бидат постигнати договори поврзани со прашања за трговијата и за воените трошоци, додавајќи дека ќе работи на зачувување на врските меѓу Европската Унија и САД, кои се многу важни, јавуваат светските агенции. Меркел рекла дека Доналд Трамп јасно ги […]

Меѓународна конференција за работни спорови се одржува во Охрид

октомври 19, 2016

Меѓународна конференција за мирно решавање на работни спорови се одржува во Охрид. Работните спорови можат да произлезат од колективните договори или индивидуални спорови поврзани со отпуштање од работа или неисплата на плата. Нивното решавање е регулирано со посебен закон, кој стапи на сила од почетокот на 2015 година. Основната цел на законот е да им […]

Путин пристигна во Индија, ќе потпишува договори со Моди

октомври 15, 2016

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во индиската сојузна држава Гоа на разговори со премиерот на Индија, Нарендра Моди. Состанокот на двајцата лидери се одржува во пресет на дводневниот самит на државите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африја) кој денеска почнува во Гоа. Путин и Моди треба денеска да потпишат договори од областите енергетика […]

ФЗОМ склучи договори со нови шест специјалистички ординации

октомври 12, 2016

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во зејава, кои станаа дел од мрежата на здравствени установи и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот. Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договор со приватните здравствени установи „Д-р Александар Манолев“ […]

Компаниите извршиле градежни работи во странство во вредност од 15 милиони евра

август 25, 2016

Во првите шест месеци од годинава, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.583.557.000 денари (42.009.056 евра) што е за 21,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во овој период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 961.396.000 денари (15.632.455 евра) […]

СДСМ: Најновиот ревизорски извештај за Град Скопје покажува бројни злоупотреби

јуни 3, 2016

„Пералницата за пари, преку спомениците вредни повеќе од 630 милиони евра, не запира со голтање на народните пари. Најновиот ревизорски извештај за работата на Град Скопје за 2015 година, упатува на бројни злоупотреби“, обвини Александар Наумовски, претседател на градскиот одбор на СДСМ. „Надлежните институции молчат, го кријат криминалот. Јасно е дека во Македонија не функционираат институциите, […]

Страна 2 од 3