fbpx
Таг: Договор од Пржино

таг: Договор од Пржино

Штајнмаер: Договорот да се спроведе веродостојно и брзо, а СЈО непречено да работи

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, го поздрави договорот што македонските партии го постигнаа по долги напори, многу преговори и разговори за 11 декември 2016 година како термин за предвремени избори. „Консензусот е во согласност со Договорот од Пржино од јуни 2015 година. Сега е клучно, договорот за понатамошното постапување до изборите да се спроведе веродостојно и брзо. Мора да...

Предвремени избори на 11 декември, утре привремена влада

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино вечерва се договорија на 11 декември да се одржат предвремените парламентарни избори. Четворицата лидери, задоволни од постигнатото, кажаа дека се исполнети сите услови за фер и демократски избори. Задоволни од договореното се и двајцата претставници на меѓународната заедница, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и претставникот на Европската...

Ќе има ли лидерска в среда: Роковите делумно пробиени, неизвесноста целосно присутна

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето на лидерската средба на која треба да се одреди датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Договорот заглави кај формирањето на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, чие комплетирање требаше да заврши пред три дена, односно...

Бејли: Договорот од Пржино не е закочен

Договорот од Пржино не е закочен, а политичките лидери наредната недела треба донесат одлука за датум на избори, одговори на новинарско прашање денеска во Охрид амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. - Не, јас не мислам дека е закочен Договорот од Пржино. Ние на 20 јули имавме разговори како да се придвижат работите нанапред. Политичките лидери се договорија следната...

Попоски: Договорот е жив, а СДСМ го има луксузот да одбере кога ќе оди на избори

Заменик-претседателот на Владата на Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска оцени дека Договорот од Пржино е жив и оти тој продолжува да претставува единствен излез од политичката криза. - Мислам дека имаме политички договор, тој политички договор останува жив и претставува начин за пребродување на оваа политичка криза, што подразбира и организирање избори во согласност со условите...

Партиите, засега, без пречки одат кон лидерска средба на 31 август и избори во декември

Политичкиот договор на партиите тече според зацртаниот план. И од двете македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат дека нема да има задоцнувања и одлагања, ниту пак проблеми за да се спроведат сите активности за кои партиите се согласија на 20 јули. Од СДСМ информираат дека единствена промена ќе има во датумот за формирање на ад хок телото, кое ќе доцни...

Собранието ги изгласа договорените закони

Собранието на Република Македонија вечерва, на 113. седница, по скратена постапка ги изгласа измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада. Претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино ги договорија законските измени и дополнувања во насока да се подготват...

Заев: Постигнатиот договор е излез од политичката криза

Постигнатиот договор е поволен зошто е излез од политичката криза и обезбедува чекори за исполнување два услова – прочистување на избирачкиот список и минимум регулација на медиумите, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Струмица. - Со овие две фази очекуваме избалансирано известување на медиумите, очекуваме почитување на професионалните стандарди, етичките кодекси, а не ширење омраза од страна на медиумите...

Шекеринска: Исполнување на условите, па потоа избори е клучната предност на договорот

Она што е предност на договорот меѓу четирите политички партии, постигнат вчера, е тоа што се воспостави правилото да не може да се оди на избори без претходно да се констатира дали условите се исполнети, вели заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во интервју за „Телма“. Таа вели дека не постои договор без слаби точки, но дека „не е важно само...

Датуми и рокови: Визуелизација на договорот од 20 јули

Договорот што вчера го постигнаа претставниците на четирите најголеми политички партии има неколку клучни датуми и неколку рокови кои треба да се исполнат за да можат лидерите на партиите до 31 август да имаат лидерска средба и да договорат датум за избори и формирање преодна влада.

Амбасада на Словачка: Целосно и неодложно да се имплементира договореното

Словачка амбасада во Македонија денеска го поздрави постигнувањето договор на политичките партии за излез од политичката криза во Македонија. „Словачкото претседателство со Советот на ЕУ го поздрави интерпартискиот консензус постигнат на 20 јули во Скопје. Целосно, неодложно и со добра волја имплементирање на тоа што е договорено е круцијално за враќање од кризна во нормална ситуација, за организирање веродостојни (вклучително и...

Експертите скептични за договорот: Можеше и подобро!

Поделени се мислењата на аналитичарите од политичката сфера околу тоа дали е одржлив договорот што вчера го прифатија претставниците на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино. Тие договорија измени на Изборниот законик, дополнителен избирачки список со 171.500 лица, како и проверка на спорните 39.502 лица. Во однос на медиумите, партиите се договориле Законот за медиуми и Изборниот законик да бидат изменети...

ДС: Договорот е фрлање прашина во очите на јавноста

Постигнатиот договор меѓу четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, за одржување избори во декември оваа година, е само фрлање прашина во очите на јавноста, велат од Демократскиот сојуз и додаваат дека договорот не гарантира создавање услови за фер, демократски и веродостојни избори. „Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, реформите во...

Британска амбасада: Договорот е добар колку што добро ќе се спроведе

Британската амбасада денеска го поздрави вчера постигнатиот договор меѓу политичките партии и порача дека тие треба со исто толкав труд и да го спроведат. - Генерално, мој став е дека секој договор е добар толку колку што добро ќе се спроведе. Тоа е тоа што недостигаше во минатото. За да биде успешен овој договор, партиите ќе треба да вложат исто...

Бејли го поздрави договорот на партиите

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска го поздрави постигнувањето на договорот меѓу претставниците на политичките партии за излез од кризата. „Честитки за Македонија за договорот од 20 јули – можност за демократија“, напиша Бејли на „Твитер“ и го објави постигнатиот договор. https://twitter.com/AmbBaily/status/756056612759109633 Вчера договорот го поздрави и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика Јоханес Хан, кој порача дека сега треба...

Законот за внатрешни работи ќе се повлече, проверка на договореното до 31 август

Преодна влада сто дена пред избори, суспендирање на новите измени во Законот за МВР, лидерска средба до крајот на август, прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите се дел од конечниот договор што политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, го постигнаа денеска по неколку рунди преговори. - Имам добри вести, политичките партии постигнаа договор една година по Договорот...

Партиите постигнаа договор за спорните прашања

Политичките партии денеска постигнаа договор за спорните прашања за излез од политичката криза. Сто дена пред предвремените парламентарни избори ќе има техничка влада, а ќе се суспендира новиот закон за министерството за внатрешни работи. Новиот министер за внатрешни работи ќе може да смени одреден број луѓе од раководни позиции.

Тодоров тврди дека ВМРО-ДПМНЕ досега направила многу отстапки во преговорите

„Се надевам дека е можно да се приближат ставовите. ВМРО-ДПМНЕ оди на тие преговори за да се договори, да се најде решение и да се заврши целата оваа криза“, изјави денеска вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров, кој ја претставува ВМРО-ДПМНЕ на меѓупартиските преговори за надминување на политичката криза. - Досега направивме огромен број отстапки и сите тие отстапки се...

Партиските преговори продолжуваат денеска во 12.30 часот во Клуб на пратеници

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ќе ги продолжат партиските преговори во 12.30 часот во Клуб на пратеници, потврдија за „Мета“ извори од работните групи. По двочасовни преговори, вчера партиите не успеаја да постигнат договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, по завршувањето на преговорите рече дека и покрај конструктивните дискусии, партиите не успеале да постигнат договор и...

НСДП: Преговорите на партиите да бидат јавни и да се водат во Собранието или на МРТВ

Преговорите меѓу претставниците на четирите политички партии потписници на Договорот од Пржино, наместо во актуелниот формат, зад затворени врати, да бидат јавни и по можност да се водат или во Собранието или во студио на националниот радиодифузен сервис - МРТВ, бараат од Нова социјалдемократска партија (НСДП). Оттаму велат дека водењето на преговорите зад затворени врати не „доведе до разврска на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...