fbpx
Таг: Договор од Преспа

таг: Договор од Преспа

Документи со новото име граѓаните ќе добиваат откако МВР ќе направи набавка

Личните документи со новото име Република Северна Македонија, односно пасоши, лични карти, возачки дозволи ... граѓаните ќе може да ги добиваат откако, Владата ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон. Протоколот од Атина се очекува да биде испратен денеска. На прашањето, кога граѓаните ќе почне да добиваат документи со новото име, портпаролот...

Заев и Ципрас ќе примат награда на Минхенската безбедносна конференција

Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик. Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален „Твитер“ профил на 25 јануари, кусо откако Договорот од Преспа беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „ двајцата премиери ќе бидат...

„Северна Македонија“, во употреба, најверојатно, од 15 февруари

Новото име на државата, „Република Северна Македонија“, во официјална употреба најверојатно ќе влезе на 15 февруари. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски за „Мета“ потврди дека одлуките кои произлегуваат од Преспанскиот договор ќе стапат во сила 7 дена откако Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, а Грција, пак, најверојатно ќе го ратификува протоколот на 8...

Макрон: Договорот од Преспа е пример за решавање на проблемите

Договорот од Преспа претставува пример за решавање на проблемите во Европа и пошироко, изјави францускиот претседател, Емануел Макрон, говорејќи за спорот со името на Петтиот самит на земјите од Југот што се одржува во Кипар, пренесе грчкиот весник „Катимерини“. Тој истакна дека договорот е надеж за сите дека дијалогот води до резултати. -Би сакал да ги споменам премиерите Алексис Ципрас и...

Ќе има нови, „преспански“ табли за институциите, границите и државните органи

На 117. седница одржана вчера, една од првите точки била Информацијата за извршување на Преспанскиот договор. Се разгледувале мерките и активностите што во склад со измените на Уставот, Владата ќе треба да ги преземе обврските седум дена по стапувањето на Договорот на сила, односно со ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Грција. Според...

Уште пет формални чекори до столчето во НАТО

Откако грчкиот парламент со 153 гласа „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, сега, од седум останаа пет, помалку или повеќе, формални чекори кои ја делат Македонија од полноправно членство во НАТО. Процесот, според најавите, би требало да заврши до крајот на годинава или почетокот на следната. Првиот и вториот чекор, односно формалното спроведување на Преспанскиот договор во...

Заев: Честитки пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа

Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил, по повод ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент. „Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“, пишува Заев во честитката. Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од...

Грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа

Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција за крај на спорот со името кој се водеше речиси три децении. Сите 300 пратеници поединечно, со прозивање, се изјаснија за прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржано“ за ратификацијата на Договорот од Преспа. Од нив 146 биле против, а еден гласал „воздржано“. Македонија на...

Заев со Хан и Столтенберг: Време е сиот напор да се насочи на спроведување на реформите

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши за време на неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, денеска се сретна со комесарот за проширување на ЕУ и за соседска политика во Европската комисија Јоханес Хан и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Од владата информираат дека на средбата...

Нимиц: Неприфаќањето на Договорот од Преспа може да има опасни последици

Неприфаќањето и нестапувањето во сила на Договорот од Преспа би можело да има длабоки па дури и опасни последици, оценува специјалниот пратеник на ОН во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името, Метју Нимиц, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА. -Нов договор и „брзо решение“, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе...

Во грчкиот парламент почнува процесот на ратификација на Договорот од Преспа

Нацрт-законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа денеска ќе го разгледа Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент. Нацрт законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку...

Владата на Ципрас доби доверба од грчкиот Парламент

Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас го преживеа гласањето доверба и со 151 глас „за“ доби поддршка од парламентот. Од пратениците, 148 гласаа „против“, а еден бил отсутен. Освен 145 пратеници од СИРИЗА, за доверба на владата гласаа четворица независни пратеници и двајца од Независни Грци, односно владата ја поддржаа: министерката за туризам, Елена Кундура, заменик министерот за земјоделство, Василис...

Лавров: Москва не е против новото име на Македонија, но процесот е сомнителен

Министерот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров, изјави дека Москва не е против новото име на Македонија, туку има сомнеж околу легитимноста на целиот процес, пренесува агенцијата „Спутник.“ - Ние не сме против името што се појави на крај. Ние се прашуваме колку овој процес е легитимен и колку е условен со намерата да се постигне консензус меѓу...

Курц: Беше многу важно да се реши спорот за името на Македонија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, од говорницата на Европскиот парламент, утрово го поздрави враќањето на Западниот Балкан во центарот на европските преокупации и ја истакна важноста од решавањето на спорот за името во овој контекст. Себастијан Курц утрово се обрати пред европските пратеници во Стразбур во рамки на дебатата за австриското претседателство на ЕУ. Канцеларот ги наброја постигнувањата и приоритетите на...

Денеска нов обид за почеток на финалната фаза од уставните измени

Откако вчера два пати беше одложуван почетокот на собраниската седница за финалната фаза од уставни измени, денеска во 12 е закажан нов обид за гласање на уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Премиерот Зоран Заев вчера рече дека не може да каже дека се обезбедени 80 пратеници, но и дека е подготвен да го...

Во 13 часот продолжува седницата за уставните измени, најавен нов протест пред Собрание

Седницата за уставните измени продолжува денеска во 13 часот откако вчера претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата по говорот на премиерот Зоран Заев и нејзино продолжение закажа за денеска. Заев во експозето пред пратениците порача дека договорот за името содржи јасни обележја за македонската посебност, при што јазикот и идентитетот се македонски, а земјата ќе носи име признаено...

Кирацовски тврди дека има минимум 80 пратеници кои ќе гласаат за уставни измени

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски денеска на прес-конференција во Собранието информираше дека власта обезбедила поддршка од минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени. –Со иницирање на уставните измени, Македонија станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза, обезбедени пратеници, не сакам да ја користам, туку имам информации дека минимум 80 пратеници,...

Почнува финалната фаза од собраниската процедура за уставните измени

Собранието денеска напладне на 75 пленарна седница ќе ја почне расправата за утврдување на предлог-амандманите од Уставот со што треба да се заокружи процесот за спроведување на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. На седницата пратениците ќе го гласаат и Уставниот закон за спроведување на амандманите за измена на Уставот. Амандманите за измена на...

Заев ќе го убедува Касами да ги поддржи уставните измени

Премиерот Зоран Заев денеска ќе одржи средба со претседателот на БЕСА, Билал Касами, на која ќе се обиде да го убеди да ги поддржи уставните измени. Средбата е закажана за во 16 часот во Владата. Заев е оптимист дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство и дека процесот на имплементацијата на Преспанскиот договор ќе заврши успешно, но вели дека бројката на пратеници ќе...

Заев: На денот на гласањето ќе се знае дали има мнозинство за уставните измени

Премиерот Зоран Заев е оптимист дека ќе се обезбеди потребното мнозинство во парламентот за гласање на уставните измени, но вели дека бројката на пратеници ќе се знае на денот на гласањето. -Конечниот број ќе го видиме на денот на гласањето. Седницата е закажана за 9 јануари, а според најавите за неприсуство на опозицијата, очекувам дека расправата би траела два-три дена....

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...