fbpx
Таг: ДКСК

таг: ДКСК

Антикорупциска: Нема основ да се отвори случај против Ковачевски за „Броило“

антикорупциска комисија
По таканаречената афера „Броило“ која ја објави опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека премиерот Димитар Ковачевски со својот кум направиле наводен криминал вреден 26 милиони евра во врска со бизнис за производство на струја, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е со став дека нема основ да се отвори случај. „Кога стапи на функција заменик министер за финансии, премиерот...

Вистиномер: Како Мијалков од имот од 1,5 милиони, за седум години стигна до имот од 36 милиони евра?

Под владение на државата ќе стане имот кој Мијалков го немал или не го пријавил пред седум години. Останува прашањето, како е можно кое било физичко лице од имот од 1,5 милиони евра, во рок од седум години, да стигне до имот од над 30 милиони евра? Или најпрецизно, колку, дали и како, во државава се санкционира евентуално незаконски...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

Тврдењето дека Антикорупциска комисија работи по инструкции на СДСМ е тенденциозно и неосновно, а тоа се гледа по предметите коишто ги имаат отворено. Само изминатата година ДКСК, меѓу другото, отворила предмет за Драги Рашковски кој беше Генерален секретар на Владата, за поранешниот функционер на СДСМ, Рубинчо Заревски кој добил грант од Фондот за иновации, потоа за лицата кои учествувале...

ДЕБАТА: Проблемот со корупцијата во високото образование потекнува од недостатокот на истражувања за неа

Денеска се одржа првата од серијата онлајн тематски дебати за подигање на свеста за важноста од етичко однесување и за достапните алатки за спречување и пријавување на корупција на тема „Интегритет во високото образование - Поттикнување на борбата против корупцијата“ организирана од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Дебатата беше модерирана од страна на Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, а...

Вистиномер: Технички неопремени, корупционерите рачно бројат кој функционер не поднел пријава за имотна состојба

Жилава или килава борба против корупцијата. Владата неколку години ветува набавка на софтвер во ДКСК, но, тој до денес не е набавен. Недостасува и вмрежувањето со базите на 23 институции од каде може да се користат податоци и документи. Покрај тоа, Комисијата функционира со половина од предвидените кадри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Зголемени надлежности,...

ДКСК со јавен повик за средношколци за креативни решенија на тема заштита на укажувачите

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) распиша јавен повик за изработка на цртежи, на кој може да учествуваат сите средношколци, особено оние од средните уметнички училишта. Целта на овој повик е да се поттикнат младите да ги искажат своите погледи на тема значењето на укажувачите на корупција и потребата за нивна заштита, преку изработка на визуелни пораки, графики...

Партиските вработувања во комуналните претпријатија како пречка за изградбата на регионалните депонии

Управувањето со отпадот во земјава, особено делот на имплементирањето на законот за отпад, не е имуно на корупција, која ја попречува побрзата реализација на проектот за воспоставување на регионални депонии. Во земјава, и по 17 години од донесувањето на законот, кој е првиот во земјава што е целосно синхронизиран со европското законодавство, сè уште има 54 општински диви депонии...

Со „Викенд на врапчето“ во скопската Зоолошка, најмладите се едуцираа за борба против корупција и судир на интереси

Во скопската Зоолошка градина викендов се одржа настан за најмладите организиран од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), со цел уште од мали нозе да се развива свесноста за последиците од корупцијата и судирот на интересите, како и за заштита на укажувачите. Во рамките на настанот „Викенд на врапчето“ дечињата цртаа птици - симбол на укажувачите, а воедно се...

Антикорупциска ја потсети власта што е забрането во предизборието

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска испрати соопштение со кое ги потсетува министерствата, фондовите, агенциите, јавните претпријатија и другите државни институции дека по распишувањето на локалните избори не смеат да започнуваат нови изградби со средства од буџетот на нови објекти во инфраструктурата, да вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати кои не се редовни, а...

Антикорупциска го оспори пред Уставен суд законот за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Десетина дена откако помина во Собранието на РСМ и беше потпишан од претседателот на државата, Стево Пендаровски, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја испрати до Уставниот суд иницијативата за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10д. За законот,...

По пратениците, и Пендаровски согласен на законот за номинирање стратешки партнер за изградба на автопати на Коридорите 8 и 10д

Иако Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) побара од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише штотуку усвоениот „Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10“, или кратко законот за давање на овие проекти без јавно наддавање на конзорциумот „Бехтел-Енка“, претседателот Стево Пендаровски го...

Антикорупционерите гледаат на привремените вработувања како голем проблем за јавната администрација

Еднаш засекогаш да престанат привремените вработувања во јавната администрација, кои доаѓаат како резултат на тоа што секоја нова раководна екипа во институциите си носи сопствен тим по нивното назначување. На ова посочи членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Нури Бајрами на денешната презентација на Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на...

Порталб: Антикорупциска работи охрабрувачки, но довербата на граѓаните во интегритетот на ДКСК неизвесен

Во текот на минатата година, до Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) доставени се поголем број пријави од страна на граѓаните, организации на цивилно општество и институции со сомневање за корупција, злоупотреба и судир на интереси, во споредба со претходната година. Ова покажува дека граѓаните сè повеќе ја препознаваат ДКСК како клучна институција за спречување и борба против...

Китеска: Реформата на јавната администрација е од суштинско значење за напредокот на земјава кон ЕУ

Овој Извештај треба да го сфатиме како обид за освестување и на централната и на локалната власт, за преземање на чекори за подобрување на личната одговорност на раководството и за делегирање на одговорноста на различни нивоа на управување, иако според Извештајот делегирањето на овластувањата за донесување одлуки на средното ниво на управување останува ограничено. Колку ќе сработиме и со...

ДКСК бара да се преиспита висината на апанажата за поранешните пратеници и владини функционери

„Ако можат луѓето со просечна плата да живеат, зошто да не можат и поранешните пратеници?“, праша денеска Катица Николовска, членот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) која ја презентираше последната анализа на „употребата на буџетските средства од страна на државните органи“, односно како институциите ги трошат парите за апанажа, закуп на станови, патни трошоци, службени возила, репрезентација... ДКСК проектот...

Антикорупциска нема да ја гони министерката Ангеловска за подигањето на парите од Еуростандард банка

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) нема кривично да ја гони министерката за финансии Нина Ангеловска, поради повлекување на нејзините депозити од Еуростандард банка. Според претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, не се пронајдени елементи за кривичен прогон, но се доведува во прашање етичноста, бидејќи министерката била во постојан контакт со гувернерката на Народната банка, која ја одзеде лиценцата...

Бајрами: Случајот за евентуални злоупотреби во ИВЗ ги поттикна институциите што беа заспани

државна комисуја за спречување на корупција
По отворањето на случајот за евентуални финансиски злоупотреби во Исламската верска заедница (ИВЗ) од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, институциите се разбудија и започнаа со работа. ИВЗ доставил годишен извештај за 2019 година, додека Антикорупциска достави иницијатива за да се поведе постапка за одговорност на директорката на Централниот регистар за неизвршување на овластувањата, објаснува за „Порталб.мк“,...

ДКСК регира за наодот на ДПИ дека Ректорот на УКИМ може да претседава со Сенатот

При спроведен вонреден инспекциски надзор Државниот просветен инспекторат констатирал дека претседавањето на ректорот со Сенатот е во согласност со член 221 став 1 од новиот Закон за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 82/2018) каде е предвидено дека избраниот ректор, проректор, декан, продекан, член на сенат, односно директор и заменик директор на висока стручна школа, избрани пред влегување...

По две години работа, на ДКСК ѝ недостасува софтвер, простории и човечки кадар за да се справи со корупцијата

И покрај вложените напори од страна на ДКСК, во 2019 година не беше обезбеден функционален простор за работа, а незначително беше зголемен бројот на вработените во Секретаријатот, се вели во годишниот извештај за сработеното на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Оттаму посочуваат дека не е овозможено функционирање на софтверското решение за електронско поднесување на образецот „Изјава за имотна...

Ревизорите утврдија низа нерегуларности на Универзитетот „Мајка Тереза”

Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во текот на 2018 година немал податоци за критериумите за избор на вработените професори, биле доделувани надоместоци за работа надвор од работниот распоред без критериуми, не се прикажани правилно и објективно сите финансиски и материјални аспекти на работењето, а во текот на 2017 г. незаконски бил именуван еден продекан, или заменик директор без научен назив...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...