недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Диво Насеље | 93 резултати

„Тврдина 2“ не се снимаше бидејќи единствената камера била на „Диво Насеље“

мај 5, 2017

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“ не се снимаше, како што налага членот 374 од Законот за кривична постапка, бидејќи, како што објасни судијката Лидија Петровска, камерата била зафатена за снимање на судењето за случајот „Диво Насеље“, кое во исто време се одржуваше во големата сала на Врховниот суд. – Видео-тонско снимање […]

Обвинети во „Диво Насеље“ префрлени во Охрид, градот под силно обезбедување

ноември 4, 2016

Од синоќа, центарот на Охрид, околу објектите на Секторот за внатрешни работи, е под силно полициско обезбедување, што предизвика коментари и вознемиреност кај граѓаните. Веќе втор ден улицата и паркиралиштата пред СВР Охрид, затворот и пред објектот на охридската противпожарна бригада се блокирани и забрането е паркирање и задржување на возила. Објектите ги обезбедуваат вооружани полицијаци […]

Денеска продолжува рочиштето за „Диво насеље“

ноември 3, 2016

Во Кривичниот суд денеска продолжува судскиот процес за предметот „Диво насеље“ против терористичката група поврзана со настаните во кумановско Диво Насеље на 9 и на 10 мај минатата година. Денешното рочиште, како и претходните неколку, е затворено за јавноста, бидејќи сè уште се сослушуваат заштитени сведоци предложени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. На […]

Полиција легитимира новинари и забранува сликање на судот додека трае „Диво Насеље“

октомври 4, 2016

Сензитивноста на судењето за сучајот „Диво Насеље“ не дозволува новинари да ја сликаат ниту зградата на судот ако претходно немаат побарано дозвола од Министерството за правда. Со овие зборови, неуниформиран припадник на полицијата ѝ се приближил на новинарката на „Мета“ која ги сликала рампите за лица со инвалидитет поставени во судовите и ѝ побарал лична карта. Новинарката, […]

Денеска продолжува рочиштето за „Диво Насеље“

септември 30, 2016

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд ќе продолжи рочиштето за „Диво Насеље“. Денешното рочиште ќе биде отворено за јавноста. „Заради зголемен интерес од медиумите и од јавноста за судењето поврзано со случувањата во кумановско Диво Насеље, ве информираме дека распитот на заштитените сведоци, кое согласно ЗКП се одвиваше на нејавна седница, е […]

В петок продолжува судењето за „Диво Насеље“

септември 27, 2016

В петок, во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд ќе продолжи рочиштето за „Диво Насеље“, соопштија од Основниот суд Скопје 1. „Заради зголемен интерес од страна на медиумите и на јавноста за судењето поврзано со случувањата во кумановско Диво Насеље, ве информираме дека распитот на заштитените сведоци, кое согласно ЗКП се одвиваше на нејавна […]

Сведочат заштитените сведоци за „Диво Насеље“

јули 18, 2016

Денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе сведочат заштитените сведоци за случајот во кумановска населба Диво Насеље. Бидејќи станува збор за заштитени сведоци, рочиштето ќе биде затворено за јавноста, односно на новинарите нема да им биде дозволено присуство. До крајот на август рочиштата да бидат тајни бидејќи треба да се сослушаат околу 40 заштитени сведоци, […]

Поради болест на еден од обвинетите, одложено денешното рочиште за „Диво Насеље“

јули 6, 2016

Рочиштето од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година, кое беше закажано за денеска, е одложено бидејќи еден од обвинетите не бил спроведен од прилепскиот затвор во судот. Како што информираат од Кривичниот суд, обвинетиот не бил спроведен поради медицинската терапија што ја примал. „Главната […]

Обвинет во „Диво Насеље“: Специјалци ме удираа и ме газеа

јуни 14, 2016

На денешното рочиште за случајот „Диво Насеље“ се читаа исказите на сведоците дадени пред спојувањето на предметот „Молња“ со овој случај. Пред почетокот на рочиштето, еден од обвинетите се пожали дека бил малтретиран од припадници на специјалните единици. – Ме газеа и ме удираа од специјалната единица и шест пати ми ги креваа рацете одзади […]

Продолжува судскиот процес за Диво Насеље

јуни 14, 2016

Во свечената сала на Врховниот суд денеска продолжува судскиот процес за Диво Насеље. Во овој предмет им се суди на 37 обвинети за тероризам и за логистичка поддршка на оваа терористичка група. Лани на 9 и на 10 мај во кумановско Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци […]

Обвинети во „Диво Насеље“: Трагедијата во Куманово има архитект

јуни 6, 2016

Трагедијата што се случи во Куманово на 9 мај минатата година има архитект и сето тоа е направено за пари, изјави на денешното рочиште за „Диво Насеље“, обвинетиот Деме Шеху, дополнувајќи ги воведните зборови на својот адвокат. Тој додаде дека тие во населбата биле шест дена и за тоа време, како што рече, ниту Албанци, ниту […]

Продолжува судењето за случајот „Диво Насеље“

јуни 6, 2016

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд, треба да продолжи судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај лани. Претходното рочиште, кое беше закажано во вторник минатата недела, беше одложено бидејќи на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволено да влезат во салата […]

Врховен суд: Немаме никаква надлежност во организацијата на судењето за „Диво Насеље“

мај 31, 2016

Врховниот суд попладнево преку соопштениe информира дека, во врска со денешното одложување на рочиштето на судскиот процес за „Диво Насеље“, тие немаат никаква надлежност за организацијата. „Заради вистинито и воедначено информирање на јавноста Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот суд на Република Македонија немаат никаква надлежност во однос на […]

Одложено „Диво Насеље“, на новинарите и адвокатите не им беше дозволен влез во салата

мај 31, 2016

Судскиот процес „Диво Насеље“ за настаните од 9 и 10 мај минатата година денеска повторно се одложи откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на новинарите и адвокатите да влезат во зградата на судот каде требаше да се одржи рочиштето. Од Врховниот суд немаше конкретно објаснување зошто на новинарите и адвокатите не им […]

Денеска треба да продолжи судењето за настаните во Диво Насеље

мај 31, 2016

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд треба да се одржи ново рочиште за случајот „Диво Насеље“ во кој се обвинети 29 лица за настаните во Куманово од 9 и 10 мај, минатата година. Судскиот процес, требаше да продолжи во петокот, минатата недела, но рочиштето беше одложено, бидејќи судијката, Верка Петковска, која […]

„Диво Насеље“ е одложенo бидејќи судијката била на боледување

мај 27, 2016

Денешното рочиште за судскиот процес „Диво Насеље“ е одложено, бидејќи судијката која го води предметот. Верка Петковска, е на боледување, соопшти вториот судија во предметот Горан Бошевски. Следното рочиште е закажано за 31 мај, во вторник, во големата сала на Врховниот суд во 10 часот. По неколку одложени рочишта поради немање услови, судскиот процес повторно […]

Судењето за „Диво Насеље“ повторно одложено

мај 27, 2016

Судското рочиште за настаните во кумановската населба Диво Насеље кое требаше да продолжи денеска во 10 часот ќе биде повторно одложено, велат за „Мета“ од Кривичниот суд. Неофицијално дознаваме дека причина за одложувањето на рочиштето е отсуство на судијата кој го води предметот. Но, сепак причините за одложувањето официјално судот ќе ги соопшти во 10 […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ злоупотребува трагични настани во политичка конотација

мај 9, 2016

Граѓаните не ни очекуваат ништо повеќе од СДСМ, кој ниту лани, ниту годинава не собра храброст да изрази достојна почит кон македонските бранители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ. „Заев и Спасовски неколку часа откако во Диво Насеље гинеа македонските бранители, додека цела Македонија беше во црно, побрзаа да се смешкаат и […]

СДСМ: Груевски и неговите соработници ќе поднесат сметка за Диво Насеље

мај 9, 2016

Никола Груевски и неговата власт ќе им поднесат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разурнати, на граѓаните на Куманово и на Македонија за тоа што се случи на 9 мај во Диво Насеље, обвинуваат од СДСМ. „Чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље? Зошто Владата на Груевски не […]

„Диво Насеље“: Горчина од неодговорени прашања и почит кон жртвите

мај 9, 2016

Денеска е точно една година од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Министерството за внатрешни работи, по завршувањето на борбите, на 10 мај излезе со изјави и со соопштенија дека е ликвидирана „една од […]

Страна 3 од 5