вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Диво Насеље | 93 резултати

Протести пред македонската амбасада во Приштина, Харадинај ги смирува тензиите

ноември 3, 2017

Неколку десетици лица, членови на семејствата и пријатели на косовските државјани осудени на доживотен затвор за настаните во кумановско Диво Насеље, денеска излегоа на протест пред македонската амбасада во Приштина, барајќи ослободување на нивните најблиски. Како што јавуваат косовските медиуми, ситуацијата пред амбасадата е тензична, но полицијата ја држи под контрола. Пред демонстрантите се појави […]

Министерството за правда може да ангажира меѓународни експерти за „Диво Насеље“

ноември 3, 2017

За сите случаи за кои постојат одредени сомневања за нерегуларности, односно не се докрај расветлени, Владата ќе вклучи меѓународни експерти од одредени области за нивно расветлување, изјави министерот за правда Билен Саљији, одговарајќи на новинарско прашање за барањата меѓународна експертска група да го истражи случајот „Диво Насеље“. – Министерството за правда, во согласност со неговите ингеренции, […]

ЗНМ го осуди приведувањето на двајца новинари и бара одговори од МВР и од ОЈО

ноември 3, 2017

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска го осуди приведувањето на снимателот на „ТВ 21“, Ибрахим Махмути, и на фоторепортерот од Косово, Бљерим Ука, за време на изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“. Оттаму наведуваат дека ваквиот однос на институциите е целосно неприфатлив и дека има цел да ги заплаши новинарите и да поттикне […]

МНР го осуди палењето на македонското знаме на Косово

ноември 3, 2017

Mинистерството за надворешни работа денеска го осуди палењето на македонското знаме во Гњилане и во Пеќ, како реакција откако судот ги изрече пресудите за случајот „Диво Насеље“. „Министерството за надворешни работи изразува жалење и осуда на вчерашниот чин на палење на македонското знаме од страна на припадници на навивачки групи во Пеќ и во Гњилане, […]

Доживотна казна затвор доби уште еден обвинет за „Диво Насеље“

ноември 3, 2017

Кривичниот суд во Скопје денеска го осуди на доживотна казна затвор и Сулејман Османи од селото Брест, обвинет во случајот „Диво Насеље“, кому му се судеше во одвоена постапка. Со денешната пресуда, вкупно осум обвинети добија доживотни затворски казни за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово. Османи, како и другите обвинети, […]

Во Косово запалени македонски знамиња поради затворските казни за „Диво Насеље“

ноември 3, 2017

Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните во случајот „Диво Насеље“, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно биле запалени македонски знамиња, пренесоа српските медиуми. „Поради револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава, го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани […]

Арачиновец уапсен пред Врховниот суд, околу појасот носел прачки налик на експлозив

ноември 2, 2017

Припадниците на полицијата што денеска го обезбедуваа судскиот комплекс додека траеше изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“, уапсија педесет и седумгодишен жител на Арачиново со иницијали И.И., кој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозив. Како што потврдуваат од МВР, осомничениот е одведен во полициската станица во Центaр, каде со него се разговара. […]

Седум доживотни и 26 долгогодишни затворски казни добија обвинетите во „Диво Насеље“

ноември 2, 2017

Седуммина обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година добија доживотни казни затвор, 13 обвинети добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, еден обвинет 18 години, двајца по 14 години, двајца по 13 години затвор и двајца по 12 години затвор. Ова се пресудите за 33 обвинети […]

Денеска пресуда за „Дивo Насеље“

ноември 2, 2017

Скопскиот Кривичен суд денеска во 10.30 часот треба да ја соопшти пресудата за настаните во кумановската населба Диво Насеље во мај 2015 година, во кои загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради локалните избори на барање на МВР. Обвинителството бара […]

Пресудата за „Диво Насеље“ одложена за почетокот на следниот месец

октомври 13, 2017

Поради презафатеноста на МВР со обезбедување на локалните избори, изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ е одложено за 2 ноември, соопшти Основен суд Скопје 1 на својата веб-страница. Судот вели дека поради големиот број полициски службеници ангажирани за обезбедување на локалните избори и за обезбедување на делегации од странство во Република Македонија, судското рочиште […]

Судот на 17 октомври ќе донесе пресуда за „Диво Насеље“

септември 28, 2017

Основниот суд Скопје 1 за 17 октомври го закажа соопштувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонската полиција. Денеска се одржа последното рочиште на кое беа изнесени завршните зборови на обвинетите и на нивните адвокати. Обвинетите останаа на барањето дека во […]

Обвинителите денеска даваат завршен збор во случајот „Диво Насеље“

јули 20, 2017

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска ќе ги даде своите завршни зборови во судот за настаните од 9 и 10 мај 2015 година, за случајот „Диво Насеље“, и треба да се изјасни дали и какви казни бара од судот за обвинетите. На последното рочиште на 10 јули беше предвидено да се почне со […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ некрофилски ги поврзува Смиљковско Езеро со работењето на МВР

јули 13, 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и СДСМ дека со денешниот брифинг во МВР, на кој беа презентирани фактури, сметки и податоци за трошењето на директорите на УБК и на БЈБ и на министрите во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „се занимава со ланскиот снег“. „СДС некрофилски се обидува да ги […]

Кои се судиите кај кои се распределени обвиненијата на СЈО?

јуни 29, 2017

По обвиненијата што Специјалното јавно обвинителство денеска ги поднесе во Кривичниот суд ќе одлучуваат судии кои веќе судат предмети на СЈО, како и нивни колеги кои работеле или сè уште работат на големи случаи, како „Монструм“, „Сопот“ и „Диво Насеље“. Како што информираше Кривичниот суд, случаите „Тарифа“, „ТНТ“ и „Траекторија“ се распределени кај судијките Лидија […]

Прекинато рочиштето за „Диво Насеље“, отстранети обвинетите што бојкотираа

мај 29, 2017

Судијката Верка Петковска го прекина судското рочиште за случајот „Диво Насеље“ поради немање услови за судење. На почетокот на судењето, Петковска соопшти дека се одбиени барањата на одбраната за изземање на обвинителите, на претседавачкиот судски совет, со кој таа раководи, претседателот на Кривичниот совет, Стојанче Рибарев, како и на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. […]

Грчкиот суд одлучи да се екстрадира пребеган македонски специјалец од „Диво Насеље“

мај 25, 2017

Грчкиот Врховен суд одлучи да се екстрадира македонскиот државјанин Дејан Вуковиќ, поранешен началник на антитерористичка единица на Македонија. Според информациите во Грција, за него има потерница во Македонија откако тој избегал од државата по неговото апсење за поседување бомба и марихуана во септември 2016 година. За конечната одлука за негова екстрадиција треба да одлучи грчкиот министер […]

Вистината за настаните во Диво Насеље ќе излезе на видело, порачуваат од СДСМ

мај 9, 2017

Вистината за случувањата од 9 мај 2015 година во Куманово мора да излезе на виделина и случајот ќе биде расчистен докрај, се вели во реакцијата на СДСМ на утринското соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со настаните од 9 и од 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Кумановско, каде загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. […]

ВМРО-ДПМНЕ: Се поклонуваме пред хероите што загинаа во Куманово бранејќи ја државата

мај 9, 2017

Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои, велат од ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение на партијата, а по повод двегодишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, каде во борбите со вооружена терористичка група загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. „ВМРО-ДПМНЕ длабоко се поклонува пред ликот и делото на осумте херои, припадници на безбедносните […]

Местенка, тероризам или криминал: Две години без одговори за акцијата во Диво Насеље

мај 9, 2017

И по точно две години  прашањата што се наметнаа уште додека Диво Насеље во Куманово сè уште мирисаше на барут и на чад од дводневната борба помеѓу специјалните полициски сили и вооружената група, остануваат неодговорени. Одговори на клучните дилеми нема ниту по една и пол година судски процеси: Кои биле вистинските мотиви и цели на […]

Спасовски: Извесно е само дека Заев ќе биде мандатар за новата влада

мај 8, 2017

Ништо не е извесено освен дека мандатар за состав на новата влада ќе биде Зоран Заев, изјави денеска пратеникот во Собранието и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали преговорите за новата влада се водат помеѓу Али Ахмети и Заев и дали е извесна неговата позиција (на Спасовски, н.з.) во владата. […]

Страна 2 од 5