сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: дискотека „Пулс“ | 35 резултати

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

април 29, 2025

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога загинаа 62 лица. Министерот на средбата вети дека ќе има правда за случајот и се извини што во моментот не може да ги сподели […]

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

април 29, 2025

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“, денеска во Скопје се одржа протестен марш во организација на семејствата на жртвите од трагичниот пожар што на 16 март го зафати импровизираната дискотела […]

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

април 27, 2025

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од мајките на загинатите деца побара одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и од сите надлежни […]

Тројца полицајци од Кочани пријавени за злоупотреба на службена положба во случајот со дискотеката „Пулс“

април 25, 2025

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против тројца полициски службеници од Полициската станица Кочани – К.Б., Г.Л. и А.Т. – поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 став 1 […]

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

април 19, 2025

Со пораки за правда, болни сведоштва и апели за одговорност, денеска по третпат се одржа протестниот марш „Задоцнета реакција“ во Кочани, во знак на сеќавање на 62-те жртви од трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“. Семејствата на загинатите, заедно со стотици поддржувачи и граѓани, повторно побараа целосно расветлување на случајот и санкционирање на сите одговорни […]

Папазов и ексдиректорите на пазарен инспекторат ќе чекаат судење дома, Бектеши останува во притвор

април 17, 2025

Основниот суд Кочани денеска на својата веб-страница објави соопштение, со кое информира за донесените мерки за обезбедување присуство на осомничените во истрагата за пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во кој до сега починаа 62 лица. Од судот велат оти постапуваат по жалби на 12 осомничени за трагедијата во Кочани. „По поднесените предлози за […]

Уште двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани се пуштени дома

април 12, 2025

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат 48 пациенти надвор од државата. Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба. Во болниците во земјава во моментот се […]

Обвинителството ќе ја запре истрагата против Карадакоски, управителот на дискотеката „Пулс“ од Кочани

април 4, 2025

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани по прибавување на официјалната документација за смртта на Александар Карадакоски, управител на дискотеката Пулс од Кочани ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка против него, информираа од обвинителството откако претходно денеска министерот за здравство, Арбен Таравари потврди дека Карадакоски починал во болница во Литванија и дека тој е 60 […]

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

март 20, 2025

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во Кострома во 2022 г., кај што војник вратен од Украина стрелал со сигнален пиштол), но една проруска фејсбук-страница неосновано тврди дека пожарот во Кочани […]

Приведени тројцата последни градоначалници на Кочани, Љупчо Папазов, Николчо Илиев и Ратко Димитровски

март 20, 2025

Вечерва полицијата приведува осомничени во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 190 се повредени. Засега непотврдените информации говорат дека се приведени актуелниот градоначалник во оставка Љупчо Папазов, но и неговите претходници, Николчо Илијев и Ратко Димитровски. Од Обвинителството не дадоа повеќе информации, освен што потврдија дека во […]

Таравари: 118 пациенти досега се згрижени во болниците во Кочани, Штип и во Скопје

март 16, 2025

Во болниците во Кочани, Штип, во Клиничкиот центар во Скопје како и во „8 Септември“ и во Градска болница, досега се хоспитализирани 118 лица, по трагедијата што ноќеска се случи во дискотеката во Кочани. Како што информира пред малку министерот за здравство Арбен Таравари, во изјава за медиумите кажа дека пациенти има на Клиниките за […]

Страна 2 од 2