четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: дискотека „Пулс“ | 35 резултати

Одобрено обвинението против сопственикот на „Рубикон“ за трагедијата во „Пулс“

октомври 17, 2025

Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со случајот „Кочани“, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев. „Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното […]

Кликбејт објава манипулира со непостоечки „необјавени снимки“ од пожарот во Кочани

октомври 17, 2025

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: НОВИ НЕОБЈАВЕНИ СНИМКИ: Од пожарот во дискотеката во Кочани – повеќе на линкот во коментар Во склоп на коментарите, има линк кој наместо до некакви нови необјавени снимки од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, води кон надворешни линкови кои се комплетно неповрзани со настанот. Конкретниот линк, воопшто не води […]

Коцевски: Се води предистрага за УЈП, постапката за „Пулс“ не е завршена

октомври 1, 2025

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се води предистрага за вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), но и во други институции, поврзана со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според него, постапката сè уште не е завршена и можно е да бидат опфатени уште десетина кривични дела. Ваквата изјава на јавниот обвинител доаѓа […]

На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

август 29, 2025

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се пуштени на домашно лекување, информираше директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. На болничко лекување остануваат тројца пациенти, двајца во Македонија и еден во Истанбул. Нивната состојба е тешка, но не е животозагрозувачка. Дополнително, шест пациенти продолжуваат со третмани во „Пирогов“ во Софија […]

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

јули 18, 2025

Во пеколот на незамисливата загуба, таму каде што зборовите се губат во темната празнина, родителите на 62-та млади животи згаснати во кочанската трагедија побараа средба со премиерот. Не за да добијат утеха која знаат дека никој не може да ја даде, туку за правда, помош во нивната голгота. За „Кочани“ да не ни се случи […]

ПРИЗМА: Обвинението за Koчани се однесува на 13 години пропусти и мито од 3.600 евра

јули 18, 2025

Обвинението за кобната несреќа што се случи на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, е повеќе од само правен документ. Тоа е хронологија за нефункционирањето на цел еден систем, поради што згаснаа 62 животи, а над 220 беа повредени, пишува Призма. Обвинителниот акт покажува дека пожарот во Кочани бил предвидлива катастрофа. Прашање на време било […]

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

јули 15, 2025

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата е формализирана преку договор со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Донацијата вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, […]

Повторно се шират невистини дека дискотеката„Пулс“ во Кочани била намерно запалена

јули 9, 2025

Видеоматеријалите, кои постојат од моментите на настанувањето на пожарот, покажуваат дека прскалките го зафаќаат просторот над бината додека на сцената и во дискотеката се одвива настапот, но не го потврдуваат она кое е изнесено во објавата дека „дискотеката била намерно запалена“   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Од самиот настан до денес уверен сум дека […]

„Сaпорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

јуни 22, 2025

Денеска граѓанската иницијатива „Сaпорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на лузни. Лепенките ги донираа граѓани од Словенија и една словенечка фирма, а транспортот го овозможил компанијата Белдона ММС. „Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. […]

Три месеци по трагедијата во „Пулс“, започна реконструкција на одделението за физикална медицина во Кочани

јуни 20, 2025

Во Кочанската болница во тек е реконструкција на одделението за физикална медицина, на вкупна површина од 350 квадратни метри, која според Владата, треба да заврши во наредните три до четири недели. Реконструкцијата опфаќа поставување на нови прозорци, електрична инсталација, како и нова водоводна и канализациона мрежа. Паралелно со градежните зафати, се реконструира и хидрантската мрежа, […]

Родителите на загинатите во „Пулс“ порачаа: Не ги убивајте уште еднаш нашите деца

јуни 15, 2025

По поднесувањето на обвинителниот акт за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, родителите на загинатите упатија јавно барање до Обвинителството, со кое бараат транспарентно, детално и лично објаснување за тоа кои лица се опфатени, кои се изземени од одговорност и врз основа на што. Нивната реакција доаѓа веднаш по прес-конференцијата на Јавното обвинителство, на која […]

Гетеборг споделува искуства со Кочани: Делегација од Шведска во посета по трагедијата во „Пулс“

јуни 11, 2025

Во рамки на својата психосоцијална програма за поддршка на заедницата во Кочани и околните места, по пожарот во дискотеката Пулс, центарот за психосоцијална и кризна акција (ЦПКА) – Малинска, организира посета од делегација од Гетеборг, која ќе ги сподели своите искуства од пожарот во Шведска со жителите на Кочани. Оваа иницијатива, Патот на задравување, е […]

„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека – донациите собраа над 923 илјади денари

јуни 11, 2025

Граѓанската иницијатива Support Кочани успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари, известуваат од иницијативата. Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство. Како што информираат од иницијативата, компресивната […]

Владата отвори телефон за поддршка на повредените во Кочани, Пониква станува рехабилитациски центар

јуни 9, 2025

Владата денес соопшти дека е отворена телефонска линија за сите повредени и нивните семејства по трагедијата во Кочани. Телефонот 070/355-526 е активен и служи за директна комуникација со Канцеларијата на претседателот на Владата. Преку овој број, граѓаните може да се јават, да постават прашања, да побараат помош или да кажат што им е потребно. Владата […]

Нова истрага против уште едно лице за пожарот во дискотеката „Пулс“

јуни 9, 2025

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, стои во соопштението од Јавното обвинителство. Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега […]

Владата отвора телефонска линија за директна комуникација со повредените од пожарот во Кочани

јуни 7, 2025

Повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства од понеделник на директна телефонска линија – 070 355 526, ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби, информира Марија Митева, портпаролка на Владата. „Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, која ќе биде активна од понеделник, 09.06 […]

Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани

јуни 5, 2025

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, на денешната владина прес-конференција изјави дека 12 повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. „Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тоа 7 се во странство и 5 се во земјата. Од […]

Истрагата за пожарот во „Пулс“ заврши, опфатени се вкупно 46 осомничени

мај 30, 2025

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите […]

Солидарност со семејствата на загинатите од Кочани преку фотоактивизам

мај 1, 2025

Во знак на солидарност со семејствата на жртвите на трагедијата во Кочани, фотографот Ванчо Џамбаски објави фотогалерија со 460 фотографии од протестот „Марш за ангелите“ кои се слободни за преземање и реобјавување. Протестниот марш се одржа на 30 април во Скопје, во организација на семејствата на жртвите од трагичниот пожар што на 16 март го […]

Страна 1 од 2