петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: дипломати | 87 резултати

Јанева и СЈО се повлекоа од камерите, a не ги коментираат ни изјавите на ЕК, Хан и на Кукан

ноември 11, 2016

Специјалното јавно обвинителство не ги коментира изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан и наодите од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, во делот за работата на СЈО, како и изјавите на европратеникот Едвард Кукан. Од СЈО во средата побаравме, но не добивме коментар на изјавите и на извештајот, а вчера откако се јавивме во […]

Брисел ќе направи пауза – следниот извештај ќе биде во 2018 година

ноември 8, 2016

Европската комисија утре ќе го објави извештајот за проширувањето на ЕУ и извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан, но следниот извештај, наместо догодина, ќе биде дури во 2018 година, јавува известувачот за „Мета“ од Брисел. Неофицијално, во Европската комисија постои замореност од извештаите, особено имајќи предвид дека засега немаат преголемо влијание врз одредени […]

Азил во Германија бараат 35 турски дипломати и нивните семејства

октомври 24, 2016

Германските власти соопштија дека 35 турски дипломати и членови на нивните семејства поднеле барање за азил во Германија по неуспешниот воен пуч во Турција. Портпаролот на германското министерство за внатрешни работи, Јоханес Димрот, не прецизираше колку од групата што бараат азил се дипломати, а колку членови на семејствата. Во Германија живеат повеќе од три милиони […]

Турција уапси тројца поранешни дипломати

август 27, 2016

Судот во Анкара одреди притвор за тројца поранешни високи дипломати, вклучувајќи го и советникот на поранешниот претседател и премиер, Абдула Ѓул. Тие се притворени поради поврзаност со обидот за пуч на 15 јули и поврзаност со Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на пучот. Притвор им е одреден на Ѓурчан Балик, Алија Финдик […]

Турција по пучот отповикала или суспендирала 332 дипломати

август 23, 2016

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, соопшти дека од неуспешниот пуч на 15 јули досега, отповикани или суспендирани се 332 службеници од министерството за надворешни работи. Откази им се доделени на 89 дипломати. Чавушоглу рече дека од тие што се отповикани, власта сè уште трага по 31 дипломат. Околу 80.000 вработени во полицијата, војската, правосудството и […]

Никарагва протера американски претставници

јуни 17, 2016

Властите во Никарагва протераа тројца американски претставници од земјата, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби. – Мерката е преземена од властите на централноамериканската држава во вторникот. Тоа може да влијае врз односите меѓу САД и Никарагва, во трговијата и во други сфери – предупреди Кирби, но притоа не прецизираше дали Вашингтон ќе преземе реципрочни мерки. Претседателот […]

Дипломатски тениски турнир во Скопје

мај 8, 2016

По повод Денот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, 29 април, и Денот на Европа, 9 мај, денеска ќе се одржи дипломатски тениски турнир на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Скопје. На турнирот, кој го организира МНР, во соработка со Тениската федерација на Македонија ќе учествуваат претставници од дипломатско-конзуларните претставништва и од […]

САД: Семејствата на американските дипломати да го напуштат југот на Турција

март 29, 2016

Американскиот Стејт департментот и Пентагон денеска издадоа наредба семејствата на американските дипломати и воени претставници да ја напуштат јужна Турција. Причината на ваквата наредба се зголемените безбедносни ризици во овој дел на Турција. Во документот, кој е издаден за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на САД, се наведува дека семејствата на […]

Попоски: Дипломатите треба да се фокусираат на ЕУ, НАТО и на спорот за името

февруари 1, 2016

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска по протестот на Синдикатот на дипломатите реагираше дека со измените и со дополнувањата на законите од 2008 и од 2013 година се зајакнуваат критериумите за сите што сакаат да станат дипломати, така што зголемени се очекувањата за знаење и за стекнување нови вештини. Според Попоски, во министерството работат совесни […]

Дипломатите со предупредувачки протест пред МНР

февруари 1, 2016

Синдикатот на македонската дипломатија денеска во 12.05 часот, пред Министерството за надворешни работи во Скопје одржа предупредувачки штрајк за, како што велат, проблемите што со години се таложат во оваа сфера. Претседателот на синдикатот, Сашко Тодоровски, вели дека симболиката на овој протест е јасна. – Денеска сакаме да го искористиме уставното право за да го изразиме […]

Македонските дипломати на протест во 12.05 часот

февруари 1, 2016

Mакедонските дипломати, денеска во 12.05 часот ќе одржат предупредувачки протест против, како што велат, целосната дерогација на основните функции и деградацијата на Министерството за надворешни работи. Протестот ќе се одржи пред МНР, во симболично време, пет минути по пладне, кога ќе бидат претставени и барањата на Синдикатот за репрофесионализација на дипломатската служба. „Најитно ставање во мирување […]

Македонската амбасада во Осло, меѓу првите 10 на листата за неплаќање сообраќајни казни

јануари 7, 2016

Македонската амбасада во Осло, Норвешка, на градот му должи повеќе од 1.500 евра за неплатени паркинг-казни за непрописно паркирање. Норвешкиот портал „Ослоби“ (Osloby), портал на угледниот весник „Афтенпостен“, пренесува дека македонската амбасада е на седмото место од светските амбасади во Норвешка со највисок неплатен долг од казни за паркирање. Повикувајќи се на информации од даночната управа во […]

Киднапирани српски државјани во Либија

ноември 8, 2015

Службеничка на српската амбасада во Либија и нејзиниот возач биле киднапирани попладнево во градот Сабрат. На колоната возила, во која бил и амбасадорот, било пукано, при што ранет е еден либиски државјанин, а амбасадорот не е повреден. Киднапираните државјани на Србија биле во другиот автомобил. Во соопштението на министерството за надворешни работи на Србија се наведува […]

Заев: Не постои друго решение освен Договорот од Пржино

октомври 29, 2015

За СДСМ не постои друго решение освен целосно и доследно спроведување на Договорот од 2 јуни и од 15 јули, истакнал лидерот на партијата, Зоран Заев, на денешната средба со претставници на амбасадите на земјите од групата пријатели на Македонија во Европската унија (ЕУ), Шведска, Австрија, Словенија, Хрватска, Чешка и Словачка. „Договорот мора да се […]

На 5 ноември Македонија ќе добие условена препорака од ЕК?

октомври 29, 2015

На 5 ноември Европската комиисија (ЕК) ќе ги објави извештаите за напредок на земјите од Западен Балкан и за Турција, а Македонија, според изворите на кои се повикува порталот „Нова ТВ“, ќе добие условена препорака за почетокот на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ). Како што пишува порталот, условот ќе биде спроведувањето на Договорот […]

Убиени двајца кинески дипломати на Филипини

октомври 21, 2015

Двајца кинески дипломати се убиени, а трет е ранет во вооружен напад во ресторан во филипинскиот град Себу, соопшти денеска полицијата. Заменик-конзулот и финансиски службеник на кинескиот конзулат се убиени, а генералниот конзул е ранет. По нападот уапсени се двајца кинески државјани, маж и жена, која работела во конзулатот. На местото на нападот е запленет […]

Швајцарски воен ловец пресретнал авион со руски дипломати

октомври 21, 2015

Руски дипломати патувале на состанок во Женева кога до нивниот авион во швајцарскиот воздушен простор се приближил воен ловец. Руските власти веднаш остро реагирале, повикувајќи го францускиот амбасадор во Москва на информативен разговор. Русите сметале дека станува збор за француски авион, но француските власти веднаш соопштиле дека авионот не е нивни. Подоцна се утврдило дека […]

Што рекоа странците за кризата во Македонија?

мај 21, 2015

Политичката криза во Македонија изминатите денови е во фокусот на вниманието на странските дипломати и на меѓународните институции, од кои дел, во своите реакции, не се воздржуваат да ги симнат ракавиците и отворено да го остават својот отпечаток на актуелните случувања. Еве што последно рекоа странците за кризата во Македонија: Сергеј Лавров, министер за надворешни […]

Бугарската амбасада ги добила записите од прислушуваните разговори

март 18, 2015

Постојат записи од прислушувани телефонски разговори на амбасадори на Бугарија во Македонија, потврдил во интервју за бугарската агенцијата „Фокус“, лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Според Заев, сите записи на дипломатите им биле врачени лично. Заев посочил дека записи добиле и неколку други амбасади и амбасадори. Во амбасадите што биле прислушувани, а каде имало замена на амбасадори, записите им […]

Дипломатскиот кор на прием кај Иванов во Крушево

јануари 23, 2015

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Крушево ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија. „На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божикните празници, ќе се обратат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Стефано Лазарото“, стои во соопштението од […]

Страна 4 од 5