Таг: Димитар Ковачевски
таг: Димитар Ковачевски
Почна изградбата на терминалот за природен гас во Грција, Србија сака гасно поврзување со нашата земја
Со свечена церемонија, денеска во грчкиот град Александруполи започна изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ). На настанот присуствуваа претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, премиерите на Грција Киријакос Мицотакис, на Северна Македонија Димитар Ковачевски и на Бугарија Кирил Петков, како и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Терминалот ќе претставува нова енергетска порта, која што ќе им помогне на Балканот...
Мицкоски со ултиматум за предвремени избори, Ковачевски вели дека не прифаќа уцени
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му даде рок на премиерот Димитар Ковачевски до 10 мај да се изјасни дали ќе одговори на повикот за средба на која ќе договорат предвремени избори. Во спротивно лидерот на најголемата опозициска партија се закани, со како што рече, „сериозни и досега непреземени чекори“.
Мицкоски предложи и четири тима од ВМРО-ДПМНЕ да работат со тимови...
Донфрид: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ
Помошничка на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Карен Донфрид која денеска е во прва посета на земјава и се сретна со највисоките државни претставници, најави интензивиран дијалог за Северна Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ.
Северна Македонија исполни тешки задачи и заслужува што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ, а САД силно ја...
Државниот врв свечено го одбележа јубилејот 30 години монетарна самостојност на Македонија
Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на Народна Банка Анита Ангеловска-Бежоска и бројни претставници на државните институции на Свечена академија го одбележаа јубилејот 30 години од монетарното осамостојување на Македонија.
Пред 30 години, на 26 април 1992 година, беа поставени основите на монетарната самостојност. Пред македонските граѓани беа претставени банкнотите на новата македонска валута...
Вархеји на средби во Скопје, Ковачевски и Османи порачуваат сега е момент за почеток на преговорите со ЕУ
По вчерашната посета на Бугарија, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска оствари посета на Северна Македонија. Вчера од Софија ја испрати пораката дека прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ треба да се реши до јуни годинава, а денеска Вархеји се сретна со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, со заменикот на претседателот на Владата за...
Ковачевски: Во првите 100 дена ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење
„Актуелната Влада си постави и останува на јасната цел – да обезбеди сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот како и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. Тоа се одликите што ги побарав од сите министри што прифатија да бидат дел од тимот кој заеднички се стреми...
Православните христијани го празнуваат Велигден – честитки упати врвот на државата
Православните христијани во поголемиот дел од светот денеска го празнуваат Велигден. Со честитање „Христос воскресе!“ и одговор „Навистина воскресе!“ од полноќната воскресна литургија, тие го одбележуваат своето верување дека Исус Христос воскреснал од гробот на третиот ден и со тоа ги отплатил гревовите на оние што веруваат во Неговата спасоносна жртва.
Христовото воскресение - Велигден е најголемиот христијански празник.
Со овој...
Ковачевски за „То вима“: Веднаш да започнат пристапните преговори со ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за грчки „То вима“ истакнува дека долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Премиерот Ковачевски вели дека многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, особено во контекст на...
Владата ги објави имињата на 12-те надворешни советници на премиерот Ковачевски
Владата денеска ги објави имиња на надворешните советници на премиерот Димитар Ковачевски, соопштувајќи дека бројката на експерти што ќе го советуваат премиерот, од досегашните 50 е намален само на 12.
Според владиното соопштение, надворешните советници на Ковачевски се „реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво“, Станува збор за...
Ковачевски се сретна со Мицотакис, во фокусот економските релации меѓу двете земји
За време на работната посета на Грција по повод учеството на Економскиот форум Делфи, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, информираат од Владата на РСМ.
На средбата, на која присуствувале и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорката на УЈП...
Судот издаде наредба за спровод на Мухамед Зекири, премиерот очекува транспарентна и независна постапка
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека дека по добиеното барање, издадена е наредба за спровод на Мухамед Зекири, кој по денешното обвинение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, самиот си поднесе неотповиклива оставка.
„По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод...
Два часа протестираа дел од вработените во државната администрација, бараат усогласување на платите
Во периодот од 10 до 12 часот денеска, околу 13.000 вработени во државната администрација во земјава не работеа, туку протестираа пред институциите. Тие бараат ниту една плата да не биде под минималната плата од 18.000 денари, а бараат да се усогласат останатите плати.
Протестирачите велат дека минималната и просечната плата во земјава растеле, но тие во изминатите десет години, не...
Ковачевски: Со фотонапонската електрана „Осломеј“ до енергетска независност преку обновливи извори на енергија
Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаична електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема.
„Целта на Владата заедно со институциите и партнерите е да станеме земја која од европски доминантно застапените фосилни енергенси, се насочува кон енергетски капацитети кои ќе го користат...
Ковачевски: Ѓубривото е три до четири пати поскапо, сите цени на храната пораснаа
Премиерот Димитар Ковачевски за време на неговото обраќање на Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, што денес се одржува во соседна Бугарија се осврна и на поскапувањето и недостигот на вештачко ѓубриво велејќи дека војната во Украина предизвикана со руските напади ги создаде најголемите ценовни проблеми по втората светска војна.
„Проблемот е дефицитот...
Ковачевски: Особено е важно спротивставувањето на дезинформациите од Русија
Посебно е важна будноста во спротивставувањето на дезинформациите и лагите од Русија, кои се вистинска закана за демократските процеси во Европа и на Западен Балкан, порача македонскиот премиер Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, што денеска се одржува во Софија, Бугарија.
Ковачевски нагласи дека тој и премиерот...
Ковачевски: Две години по членството во НАТО се потврдува исправноста и визионерството на таа одлука
Пред точно две години остваривме една од нашите стратешки цели поставени уште од осамостојувањето на државата – полноправно членство во НАТО, напиша денес премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук профил.
Според Ковачевски, да се биде дел од НАТО значи исполнување на сите цивилизациски стандарди.
„Две години подоцна, во екот на најголемата воена и економска криза по Втората светска војна, ја согледуваме...
Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува дека Заев, Ковачевски и Каевски биле голтари пред да влезат во политиката
Пејоративниот збор „голтар“ искористен за опишување на овие јавни личности, освен што е навредлив, не ја отсликува реалната состојба. ВМРО-ДПМНЕ со своето соопштение ги спинува реалните факти и со тоа ја манипулира јавноста да поверува во нешто што не е вистина, пишува „Вистиномер“ во својот нов Контраспин.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиуми изнесе...
Вонреден самит на НАТО во Брисел, учествува и претседателот на САД Џо Бајден
НАТО денеска го одржува вонредниот самит во Брисел, на којшто ќе учествува и американскиот претседател Џо Бајден. Пред Самитот, Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг рече дека земјите-членки се согласиле на распоредување на четири нови борбени групи во источното крило, односно во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија. Овие четири борбени групи обично бројат по 1.000-1.500 војници.
Столтенберг изјави дека воените...
Премиерот Ковачевски ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО
Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО, соопштија од Владата.
Утре, на 24 март, заедно со Ковачевски на состанокот на Северноатланскиот совет ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска...
Идната недела конечно ќе почне чистењето на 13.000 тони линдан од малата депонија во Охис
Повеќе од три години по првичната најава, чистењето на малата депонија со линдан во кругот на некогашната хемиска фабрика ОХИС започнува идната недела. Завршено е поставувањето на заштитниот шатор и другите подготвителни работи пред да започне ископувањето на историскиот опасен отпад. Линданот и контаминираната земја ќе се пакуваат во специјални буриња и ќе се транспортираат на безбедно уништување во...