fbpx
Таг: диме спасов

таг: диме спасов

Спасов дал исказ во полиција за сообраќајните незгоди и ги избегнал новинарските прашања

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, ги избегна новинарските прашања по дадениот исказ во полициската станица во Карпош, јавува „Нова ТВ“. Спасов со возило со затемнети стакла пристигнал во станицата околу 20 часот за полициска забелешка по синоќешните случувања откако, според записникот, удрил со службен џип во два автомобила, по што побегнал. Дел од медиумите напишаа дека Спасов...

МВР: Диме Спасов предизвикал две сообраќајни незгоди и со трчање избегал

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со соопштение за сообраќајката што синоќа се случи кај Агенцијата за катастар во општина Карпош, за која се велеше дека ја предизвикал дополнителниот заменик-министер за социјална работа, Диме Спасов. Во соопштението на МВР се вели дека возачот со иницијали Д.С. предизвикал две сообраќајки со возилото марка „туарег“ и избегал, а на полицијата ѝ се пријавило некое друго...

Шилегов: Спасов ќе мора да одговара за штетата од сообраќајката

„Оваа власт на Никола Груевски е опасна по живот и мора да замине. Секој нов ден со нив, загрозени се животите на нашите деца, нашите имоти и безбедноста на граѓаните“, обвини денеска Петре Шилегов на прес-конференција во близина на Агенцијата за катастар. - На ова место, синоќа Диме Спасов, дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика, пијан, со службено возило...

Диме Спасов направил сообраќајка и избегал од местото додека траел увидот?

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, ноќеска направил сообраќајка, пишуваат медиумите. Според пишувањата, сообраќајната незгода се случила во населбата Тафталиџе, а Спасов избегал од местото на настанот додека траел увидот. Спасов со џип, што според првичните сознанија е сопственост на Агенцијата за вработување, околу полноќ удрил две паркирани возила. Додека екипата земала изјави од сведоците, во близина дошло...

ВМРО-ДПМНЕ одржува панел-дебата „Видливи и реални проекти“ во МОБ

Панел-дебата на темата „Видливи и реални проекти“ организира ВМРО-ДПМНЕ во Македонска опера и балет. Настанот се одржува во рамките на тридневниот отчет на партијата за постигнувањата, проектите и за политиките. На вечерашната дебата, меѓу другите, учествуваат и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик-министерот за образование и за наука, Спиро Ристовски, и директорот на...

Пуштена во употреба нова градинка во Јагуновце

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Општина Јегуновце Тони Коцевски, попладнево на свечен начин ја пуштија во употреба новата детска градинка „Јаболчиња“ во Јегуновце. Новата градинка, како што беше речено, ќе ги подобри условите за престој на најмладите од Општина Јегуновце, кои до сега беа згрижени во руиниран објект стар половина век. Градинката располага...

Владата ги поништи сите решенија на министрите од СДСМ

Сите решенија што ги донеле министрите на СДСМ во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава, Владата ги поништила на вчерашната седница на барање на дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Чавков и Диме Спасов, информираат од Владата. Во соопштението пишува дека во согласност со член 30, став 2 од Законот за влада, Владата има право и должност...

Спасов: Преку „Македонија вработува“ се вработија 15.200 лица

Преку проектот „Македонија вработува“ се вработени 15.200 лица, информираше заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Преку ослободување од трошоци и субвенции од државата, според Спасов, компаниите заштедиле од 27 до 37 отсто од средствата. Поволностите од овој проект, кој завршува на 15 април, ги искористиле 8.400 компании.

Спасов: Ременски ќе одговара за лажно пријавување

„Ременски се расфрла со празни листови хартија за да ги исполни партиските наредби и прави обид јавноста да стекне лажен впечаток дека мора да поднесе кривични пријави. За овој хаос што го прави ќе одговара за кривично дело лажно пријавување“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов на поднесените 13 кривични пријава од министерката за труд и...

Ременски поднесе 13 кривични пријави и иницијатива до Советот на судии

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, објави дека денеска до Основното јавно обвинителство Скопје и Основните јавни обвинителства во Берово, Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш, Ресен, Струмица, Штип и во Битола, поднела вкупно 13 кривични пријави. Дванаесет кривични пријави се за разрешени директори на јавните установи за социјална заштита, а другата кривична пријава е за дополнителниот заменик-министер Диме Спасов. Ременски...

Спасов: Ако Ременски не се извини за 48 часа, ќе добие тужба за навреда и за клевета

Заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на министерката Фросина Ременски во врска со разрешувањата на директори на центрите за социјални работи. – На граѓаните на нашата земја им е јасно дека техничката министерка денеска направи безуспешен обид да ги прикрие незаконското работење и незаконското разрешување на директори на центрите за социјални работи и...

Обвинувањата на Ременски се обична клевета и манипулации

„Фросина Ташевска-Ременски од самиот почеток на добивањето на функцијата технички министер за труд и социјална политика, не ја крие добиената задача, а тоа блокирање на проектите во интерес на граѓаните и измислување и фабрикување афери. Нејзините обвинувања без поткрепа се обична клевета и манипулација“, реагираат од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за труд и социјала. „Ременски направи застој во решавањето на 230...

Министерката Ременски поднесе кривична пријава против Диме Спасов

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ремески, денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против поранешниот министер Диме Спасов и службеничка вработена на пробна работа во министерството. Кривичната пријава што ја поднела Ременски ги товари Спасов и службеничката за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата. Како што објаснуваат од Министерството за труд...

Со акцијата „Се бориме за секое работно место“ ќе се намалува невработеноста

„Се бориме за секое работно место“ е нова активност што денеска беше промовирана од заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Целта, како што истакна тој, е на активните баратели на работа да им се понудат слободните работни места и мерките за вработување што ги нуди државата. Според податоците на Агенцијата за вработување, во Македонија има повеќе од 4.900 слободни работни места во...

Груевски им додели пакетчиња на децата од домот „11 Октомври“

Премиерот Никола Груевски и заменик-министерот за труд и социјална политка, Диме Спасов, денеска беа во посета на Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, каде што им доделија новогодишни пакетчиња на децата. ­ Децата изведоа пригодна програма за премиерот и за заменик-министерот и им врачија подароци изработени од нив во рамките на креативните работилници во домот.

Диме Спасов: Граѓаните лесно ја препознаваат лажната загриженост на Ременски

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, крајно ја девалвира функцијата и ја користи за оркестрирани напади, диригирани од нејзината политичка партија и смета дека со овој тип изјави ќе ја надомести неспособноста и неснаоѓањето во работата на министерството, вели Диме Спасов како реакција на најавата дека Ременски ќе поднесе кривична пријава против него. „Граѓаните лесно ја препознаваат нејзината...

Ременски најави кривична пријава против Диме Спасов

Министерката за труд и социјална политика од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, објави дека ќе поднесе кривична пријава за несовесно работење на поранешниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Ременски го обвинува својот заменик дека иако имал обврска, не одлучувал по жалбите на повеќе од 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош. - Спасов правото по закон да одлучува по...

Пензионерите денеска зедоа пензија поголема за 621 денар

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се сретнаа со претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија. Денеска, околу 300.000 пензионери зедоа пензии со зголеување од 621 денар, со што просечната пензија ќе достигне 13.085 денари. Во октомври 2016 година ќе има ново зголемување на пензиите од 650 денари. Законските измени што треба да...

Преку „Македонија вработува“, вработени се 3.570 лица

Преку проектот „Македонија вработува“, досега се вработени 3.570 лица, информираше министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Според негова процена, преку проектот дневно се реализирале од 50 до 100 вработувања. Денеска министерот ги посети децата кои бесплатно летуваат во Струга.    

Ќе се вработат 134 невработени лица, а за нив буџетот е 11 милиони денари

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ја најави мерката субвенционирано вработување лица во социјален ризик, како и помош за приватниот сектор со директни субвенции да отворат нови работни места за овие категории граѓани. Преку субвенционираното вработување лица со социјален ризик, ќе се опфатат примателите на социјална парична помош, жртвите на семејно насилство, лицата кои до 18 години имале статус...

Во тек е повикот на НМСМ за обуки за млади невработени лица или ангажирани во социјални претпријатија

Во тек е повикот наменет за млади лица за учество на обуки кои Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ги спроведува во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско...