fbpx
Таг: дијалог

таг: дијалог

Академските средби, нов импулс за соработка меѓу младите од Македонија и од Грција

Почестите академски и културни посети, дијалогот меѓу академици, студенти, музичари и уметници се еден од ефективните начини да се стопи „мразот“ меѓу македонската и грчката страна поради политичкиот спор. Ваков е впечатокот што се добива по посетата на македонски студенти и професори на Солун, на Универзитетот „Аристотел“ и по прошетката низ поголемите музеи. Посетата им овозможи на младите од Македонија да...

Европската унија апелира на дијалог во Црна Гора

Делегацијата на Европската унија во Црна Гора изрази загриженост поради судирите меѓу полицијата и демонстрантите, за време на протестите во Подгорица и апелираше на враќање на политичкиот дијалог. - Очекуваме од надлежните органи ефикасно да ги истражат сите инциденти во согласност со принципите на владеење на правото. И додека демонстрациите претставуваат легитимен и легален начин на изразување на политички и...

Северна Кореја е подготвена за дијалог со САД само ако потпишат мировен договор

Северна Кореја им предложи на САД мировни преговори за подобрување на безбедноста на Корејскиот Полуостров, но само доколку Вашингтон се согласи да потпишат мировен договор, наместо спогодбата за примирје од 1953 година. - Пјонгјанг се согласи на конструктивен дијалог со САД само под услов тие да потпишат мировен договор - изјави шефот на севернокорејската дипломатија, Ри Су Јонг. Севернокорејскиот министер, исто така, рече дека...

Ристовски: Отворени сме за дијалог, но потребна е волја од сите страни

Како ресорно министерство, подготвени сме за дијалог на сите нивоа во однос на квалитетот на образованието, рече заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање за дијалогот со пленумите, при неговата посета на првиот студиски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Тој не одговори директно на прашањето дали има договорено продолжување на разговорите со средношколскиот и со...

Саркози: Не е време за „војна“ со Русија

Тоа што Западот подготвни сцена за нова студена војна со Русија е сериозна грешка во овој момент, смета поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози. Како што изјави за „Фигаро“, Русија му е потребна на Западот за да можат да му стават крај на конфликтот во Сирија и да ја добијат битката против Исламска држава. - Тоа, секако, не значи дека треба да...

Вучиќ: Верувам дека до крајот на август, работите со Приштина ќе бидат решени

Александар Вучиќ, премиерот на Србија, денеска изјави дека продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел се очекува тогаш кога ќе биде извесно дека може да се постигне напредок. Тој рече дека денеска во Белград претстојува делегација од Брисел, со која ќе разговара за да се најде решение за примена на договорот со Приштина за осигурување на возилата. - Верувам...

„Има иднина“ почнува со „Дијалог на граѓаните“

Политичкото движење „Има иднина“ ја информира јавноста дека од 15 јули годинава го почнува својот проект „Дијалог со граѓаните“, кој ќе се одвива во 20 градови во Македонија. „Дијалог со граѓаните“ e првиот интерактивен граѓански проект на „Има иднина“, кој се иницира во услови на исклучителна поделеност на општеството, како и загубена довербата на граѓаните во институциите. Од „Има иднина“ сметаат дека...

СПЦ донесе условна одлука за продолжување на дијалогот со МПЦ

Светиот архиерејски собор на Српската православна црква (СПЦ) денеска донел одлука со која начелно го одобрува продолжувањето на дијалогот со Македонската православна црква (МПЦ). „За наоѓање на канонски исправно и во духот на црковното предание прифатливо решение за статусот на т.н. македонска православна црква, начелно да се одобри продолжување на дијалогот меѓу претставниците на Српската православна црква и оваа црква во...

СИРИЗА апелира за демократски дијалог во Македонија

Грчката владејачка партија СИРИЗА бара мирно и демократско решавање на политичката криза во Македонија за одржување на мирот и на стабилноста во регионот. Секторот за надворешна политика и за одбрана на партијата излезе со посебно соопштение за случувањата во Македонија, во кое истакнува дека СИРИЗА останува на ставот дека има силна потреба од мир и од стабилност во регионот. Владејачката левичарска партија повикува...

Денеска почнува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел

Денеска во Брисел почнува дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за решавање на политичката криза во Македонија. Дијалогот ќе се одвива со посредство на европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, додека, пак, во име на СДСМ ќе зборуваат Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер. Европратениците во петокот...

Попоски за РСЕ: Препораката е загрозена поради блокадата на Собранието

Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија никогаш и не прекинал. Тој се одвива исто како што се одвиваат и реформите во сите области што ги покрива, вели министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во изјава за „Радио Слободна Европа“. На прашањето дали е загрозена препораката за влез на Македонија во Унијата, Попоски одговорил: „Секако дека препораката е загрозена. Македонија...

Коцијанчич: Претпристапниот дијалог помеѓу ЕУ и Македонија не е замрзнат!

Претпристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) помеѓу Македонија и ЕУ продолжува на техничко ниво, велат од Европската комисија, по пишувањата во македонските медиуми дека тој процес е замрзнат. - Претпристапниот дијалог продолжува на техничко ниво. Засега нема планови за пленарна средба помеѓу еврокомесарот и премиерот - изјави Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан. Претпристапниот дијалог на високо ниво почна во...

Хан: Барам решение за доброто на вашата држава

Јоханес Хан, еврокомесарот за соседска политика и за преговори за проширување на ЕУ, се сретна со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. По средбата немаше изјави за новинарите, Хан само кусо кажа дека не може ништо да коментира додека не се сретне и со претставници на власта и на опозицијата. - Се обидувам да најдам решение за доброто на вашата држава, не...

Хан во Скопје ќе бара политичкиот дијалог да се води во Собранието

Јоханес Хан, комесарот за проширување, кој утре доаѓа во Скопје, најави дека ќе предложи еден вид посредништво на Европскиот парламент во македонската криза. - Кристално е јасно дека политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебатата да ја водат таму. Затоа побарав од претставници на политичките партии во Европскиот парламент сличен напор како...

Ренци: Постојат услови за договор меѓу Грција и европските институции

Можен е договор меѓу новата грчка Влада и европските институции, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци денеска, по средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас. Според Ренци, постојат услови за наоѓање заеднички јазик со европските институции за решавање на грчката економска криза. Италијанскиот премиер вчера изјави дека дискусијата за економската политика треба „да се сврти од штедење кон пораст и инвестиции“. Ваквата изјава на...

Могерини: Украина мора да се зачува

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, за време на посетата на САД истакна дека особено е важно Украина да не „пропадне“, но и оти треба да се оживеат преговорите со Русија. Според Могерини, „пропаѓањето“ на Украина би претставувало победа за Русија затоа што со тоа ќе се потврдат ставовите на оние кои тврдат дека склучувањето...

Папата повика на меѓуверски дијалог

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во пресрет на Божик, упати писмо до христијаните на Истокот, повикувајќи на меѓуверски дијалог без разлика на проблемите. Во писмото, објавено на седум јазици, меѓу кои и на арапски, папата оцени дека „меѓуверскиот дијалог е сè повеќе потребен кога ситуацијата станува потешка“ и оти „друг пат освен тој не постои“. „Тоа е најдобриот противотров за...

Тачи: Могерини треба да учествува во преговорите со Белград

Еврокомесарката за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, треба да се вклучи во дијалогот меѓу Приштина и Белград за тој да биде успешен, рече шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, во интервју за „Волстрит џурнал“. - Ако сакаме да имаме успех, Могерини треба да биде присутна на состаноците. Таа треба да биде на чело на разговорот - рече Тачи, додавајќи дека...

Папата промовира верски дијалог во Турција

Верскиот дијалог би можел да го продлабочи разбирањето и почитувањето на многу нешта кои ни се заеднички, рече денеска папата Франциск, на почетокот на својата тридневна посета на Турција. Поглаварот на Римокатоличката црква, за време на својата посета ќе се обиде да го засили дијалогот меѓу верските заедници. Папата Франциск, по пристигнувањето во Анкара, се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип...

Волерс: Проблемите се решаваат преку дијалог

Проблемите во секое општетство можат да се решаваат само преку соочување со нив и со дијалог, а не со насилства или со игнорирање, порача вчера американскиот амбасадор, Пол Волерс, говорејќи во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје. - Пред неколку недели, беа нападнати поддржувачите на ЛГБТ-центар во Скопје. Ги охрабруваме властите да спроведат истрага, да ги идентификуваат и да ги изнесат...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...