fbpx
Таг: дијабетес

таг: дијабетес

Девојка на 17 години со јувенилен дијабетес почина од ковид-19

Пациентка на 17 годишна возраст со јувенилен дијабетес тип 1 утрово починала на Клиниката за инфективни болести во Скопје како последица на заболување со ковид-19, информира Министерството за здравство. Како што соопштија оттаму, девојката била од село Сопотница, Демир Хисар, и немала примено вакцина против ковид-19. Нејзините тегоби започнале 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. „Според...

Филипче: Започна набавката на безболни сензори за дијабетес

Два дена по објавата на интервјуто на Мета.мк со 16 годишната Миа Чичкариќ која боледува од јувенилен дијабетес тип 1, министерот за здравство Венко Филипче најави набавка на безболни сензори. Токму тоа Миа го побара во даденото интервју велејќи дека нејзина најголема желба е сите деца да добијат сензори за мерење на гликемијата за да не ги болат прстињата...

Потребни ни се сензори за безболно мерење на гликемијата, вели Миа Чичкариќ 16 годишна средношколка со дијабетес

Миа Чичкариќ има 16 години и е ученичка во трета година во гимназијата „Орце Николов“. Она што оваа млада девојка ја прави вистински борец е тоа што веќе десет години секојдневно се соочува со предзивиците што ги носи тип 1 јувенилниот дијабетес, за кој не постои друг лек освен инсулинот. Таа постојано ја мери гликемијата во крвта со помош...

Српска телевизија пласира дезинформации за „српски лек што го лекува дијабетесот“

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Совети од ендокринологот Амети: Корона и дијабетес, како да се добие битката?

Имајќи во предвид дека луѓето со дијабетес спаѓаат во категорија со најголем ризик во случај на инфекција со корона вирус, разговаравме со ендокринологот Ирфан Амети за тоа како луѓето со дијабетес полесно да се справат со оваа состојба, јавува „Порталб.мк“. Светската здравствена организација (СЗО) но и Министерството за здравство во неколку наврати истакнуваат дека лицата со дијабетес може да имаат сериозни симптоми...

Министерство за здравство распиша тендер за инсулин за две години

Министерството за здравство соопшти дека денеска е почната постапката за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, за периодот септември 2018 - септември 2020 година. „Постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и населението кое директно или индиректно ги користат именуваните медицински препрати, уреди...

Министерство за здравство уверува: Нема инсулинска криза

Нема инсулинска криза, порача Министерството за здравство попладнево, откако во некои медиуми беше пренесен апелот на дијабетичарите до премиерот Зоран Заев да преземе итни мерки да се реши проблемот со инсулинот. Според „Шеќерче - Лолипоп“ еден месец нема инсулин, што директно погодува околу 50.000 пациенти коишто мора да го примаат. Министерството за здравство вели дека се обезбедени доволни количества преку...

Дијабетичарите од Велес до Заев: Еден месец 50.000 дијабетичари се без инсулин

Речиси еден месец нема инсулин и некои си поигруваат со судбините на над 50.000 граѓани кои мора да примаат инсулин, од кои над 500 се деца, алармираше Здружението на лица со дијабетес „Шеќерче-Лолипоп“ Велес, кое упати писмо до премиерот Зоран Заев за лично да преземе итни мерки за средување на состојбата. „Се изнаслушавме разноразни изговори и изјави, кои ама баш...

Секој десетти граѓанин на Македонија боледува од дијабетес

Околу 200.000 граѓани на Македонија боледуваат од болеста дијабетес која директно предизвикува сериозни проблеми со видот, аларамираат од Специјалната очна болница „Деница“ од Скопје по повод Светскиот ден на дијабетесот. Светот го обележува денот на дијабетесот преку глобална кампања, промовирана од Светската здравствена организација (СЗО) за да се зајакне свесноста на граѓаните за потребата од засилена грижа за превенција на...

Шахпаска: Власта во заминување неодговорно скрати пари за дијабетичарите и за вакцините

Власта во заминување не престанува да прави штети и повторно го става во ризик здравјето на граѓаните, порача на прес-конференција денеска Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ. Таа рече дека со технички овластувања е донесена одлука да се скратат средства за инсулин во износ од 62 милиони денари. - Тоа се за 10 отсто помалку средства за 40.000 пациенти на инсулинска терапија. 40.000...

Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на дијабетот

ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје, денеска, во рамките на Светскиот ден на дијабетот, ќе организира бесплатни превентивни прегледи на пункт кој ќе биде поставен на плоштадот Македонија. Медицинските екипи на граѓаните ќе им мерат ниво на шеќер во крвта, крвен притисок, како и телесна тежина и висина и притоа ќе им даваат совети за здрава исхрана. Годинава Светскиот ден на дијабетот...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...