среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: дигитални услуги | 128 резултати

Општина Чаир ветува дека наскоро ќе ги пренесува во живо седниците на општинскиот совет

јануари 8, 2023

Општина Чаир сè уште не започнала со директен пренос на седниците на Советот на општината на каналите на интернет, како што вети градоначалникот Висар Ганиу. Од општината велат дека ја обезбедиле потребната опрема за оваа намена и наскоро ќе назначат и одговорно лице, пишува Порталб.мк. „Еден од приоритетите во однос на транспарентноста и отчетноста е […]

Aлити: Целта ни е со ИКТ стратегијата животот на граѓаните да го направиме поквалитетен

декември 29, 2022

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организираше јавна расправа за нацрт-верзијата на Националната ИКТ Стратегија на Република Северна Македонија 2023-2027 година. Претставници на Фондацијата Метаморфозис, на УСАИД, УНДП, на државни институции и на Стопанската комора, ја следеа расправата и даваа свои предлози и препораки за Стратегијата. Документот е објавен на ЕНЕР, а планот на […]

С. Македонија станува членка на Дигитална Европа, новата програма на ЕУ

декември 28, 2022

ЕУ и Северна Македонија ќе потпишат меѓународна спогодба за учество во програмата на Унијата, Дигитална Европа (Digital Europe) за периодот 2021-2027 година, информираат во Министерството за информатичко општество и администрација. Оттаму додаваат дека Владата го овластила министерот Адмирим Алити да ја потпише спогодбата, со што Македонија од 1 јануари ќе биде земја членка на програмата, […]

ЕСМ обезбеди електронско плаќање на сметките за парно за скопјани

декември 27, 2022

По двомесечната пауза, скопјани повторно ќе можат да ги плаќаат по електронски пат месечните сметки за парно греење. ЕСМ Снабдување со топлина воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет-страница ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk). „Воведувањето на новиот систем за електронско плаќање е резултат на определбата на ЕСМ Снабдување секогаш да […]

Грковска: Сајбер безбедноста ни е приоритет

декември 15, 2022

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во нашата држава. На состанокот, Грковска ги поздравила активностите на Кралството Холандија за градење на силна мрежа за кибер безбедност. Се заблагодарила и за поканата на холандската амбасада, Северна Македонија да се приклучи кон GFCE-глобалниот […]

Студентите сместени во државните студентски домови може да аплицираат за Студентска картичка

декември 15, 2022

Студентите кои се сместени во еден од државните студентски домови што се под раководство на Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД „Скопје“) може да аплицираат за Студентска картичка која ќе има повеќе намени. Како што информираа од ДСД „Скопје“, потребно е студентите да регистрираат профил на интернет-страницата на домот за да креираат нови договори за сместување, […]

Еднаков пристап и инклузивност на граѓаните преку дигитализацијата да биде приоритет за земјите од регионот

декември 15, 2022

Целите и активностите на носителите на одлуки од земјите на Западен Балкан треба да бидат ориентирани кон крајната цел да им биде обезбеден еднаков пристап до услугите за сите нивни граѓани и да бидат што е можно поинклузивни. Ова беше заклучокот од панел дискусијата на тема „Приоритетите во Националните акциски планови за Отвореното владино партнерство […]

ДЕБАТА Граѓаните да бидат во фокусот на акциските планови преку дигитализацијата

декември 15, 2022

Отвореното владино партнерство (ОВП) преку дигитализацијата да се користи за вклучување на граѓаните, особено на маргинализираните групи, и пред сè, да биде во корист на граѓаните за работи кои се навистина важни за нив, да се земе поука од минатото за работите кои не функционирале за истите да профункционираат, а се со цел да се […]

Безбедноста на веб-страниците на државните институции е скап процес, недостасуваат експерти, обуки и стандарди

декември 15, 2022

Во изминатиот период, веб-страниците на државни институции беа мета на хакерски напади. Најсвежи се случаите со „IKnow“ системот за електронска поддршка на најголемиот државен универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, кој не функционираше со денови, а повеќе од две недели, надвор од целосна употреба беше веб-страницата на Министерството за образование и наука. Во септември, […]

Мета факт: Средношколците не ги добија ветените таблет-компјутери, постапката е во тек

декември 13, 2022

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за модерно Скопје“ вети дека сите ученици во училиштата за средно образование и сите професори ќе добијат таблет-компјутери, како и дека за користење на опремата, наставниот кадар ќе биде обучен. На ова ветување, наводно, од град Скопје во моментов се работи, па затоа го […]

Отворена конференцијата е-Општество.мк, во фокусот кибер отпорноста за слобода и безбедност

декември 6, 2022

Фондацијата Метаморфозис по 18-ти пат ја организира меѓународната конференција е-Општество.мк, која што денеска започна во хотелот „Мериот“ во Скопје. Со исклучително актуелната тема „Кибер отпорност за слобода и безбедност“ што ја третира, конференцијата започна пред преполна сала со обраќања на амбасадорите на ЕУ, Дејвид Гир, на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, како и на Обединетото […]

Сметките за парно почнаа да стигнуваат, ЕСМ електронско плаќање допрва ќе воведува

декември 3, 2022

ЕСМ Снабдување со топлина како наследник на БЕГ почна да ги испраќа месечните сметки за топлинска енергија за октомври. Сепак, досегашната можност да се платат сметките онлајн граѓаните засега ја немаат, така што за да платат сметка ќе треба да одат до пунктовите на ЕСМ Снабдување, во банка или пошта, а како други начини за […]

Најголем дел од средношколците за ученички стипендии аплицирале по електронски пат

декември 1, 2022

Дигитализацијата при аплицирањето за ученички стипендии за учебната 2022/2023 година придонесе оваа година за првпат да нема долги колони ученици и родители, односно старатели да чекаат пред Министерството за да ги поднесат потребните документи, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Министерот за образование Јетон Шаќири истакна дека најголем дел од пристигнатите апликации за […]

Со апликацијата „Имерсиум“ поблиску до македонското културно наследство

ноември 23, 2022

Голем број посетители вчера имаа можност да видат како е да се чекори по стапките на римскиот император Теодосиј за време на неговата прва посета на археолошкиот локалитет Стоби за која има записи дека се случила кон крајот на четвртиот век од нашата ера, наведено е во соопштението на Центарот за сицијални иновации „Блинк 42-21“. […]

Дигитална библиотека и игри за деца достапни на новата апликација „Бокси“

ноември 2, 2022

„Бокси“ е првата детска апликација наменета за читање и слушање книги во Македонија. Како што информираат од младиот тим ентузијасти, кој ја креирал оваа апликација, таа е направена за да го разубавува светот на најмладите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето. „Знаевме дека мора да ги споиме светот на игрите и […]

Со нов закон, Европската Унија се подготвува да ги смени правилата на Интернетот

ноември 1, 2022

Европската Унија подготви нови правила кои треба да ја „зауздаат“ доминацијата на големите технолошки компании како „Гугл“, „Епл“ и „Мета“, кои ќе бидат приморани да ги отворат своите услуги и платформи и за помалите компании и програмери, пренесува Би-Би-Си. Новиот закон ќе ги промени правилата за најголемите и највлијателни компании, наречени „вратари“ (gatekeepers). Со стапувањето […]

Доаѓа крајот на споделувањето лозинки за гледање на Нетфликс

октомври 20, 2022

Од почетокот на 2023 година, Нетфликс ќе започне да наплаќа дополнителни средства на оние корисници што ќе ја споделат нивната лозинка на други лица, пишува CNET. Нетфликс сака да ги примора оние што гледаат бесплатно филмови и серии на нивната платформа да платат за ваквите услуги. На Нетфликс ќе се воведе систем што ќе додава […]

ЕСМ: Граѓаните да пријават ако имаат ладни радијатори наутро

октомври 19, 2022

Парно греење е обезбедено до објектите кои се поврзани на мрежата за снабдување, но граѓаните кои наутро немаат топли радијатори треба да проверат со управителот на објектот и да пријават дефект, порачуваат од ЕСМ Снабдување во изјава за Мета.мк. „Грењето функционира наутро за сите кои се приклучени, а во зависност од температурата која се мери […]

Новите договори за парно греење ќе бидат достапни на Интернет, пополнети ќе се доставуваат лично

октомври 19, 2022

Корисниците на парно греење во Скопје ќе можат сами да си го симнат и пополнат договорот за снабдување со топлинска енергија со АД ЕСМ. Новите договори кои треба да се склучат откако АД ЕСМ го презеде снабдувањето со парно греење во главниот град ќе бидат поставени на веб-страницата на оваа компанија а ќе се доставуваат […]

Грковска-Јашари: Граѓанскиот сектор има суштинска улога во дигиталната трансформација на општеството

октомври 5, 2022

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставници од Фондацијата „Метаморфозис“, предводени од извршниот директор Бардил Јашари, со кого разговараа за важноста на процесот на дигитална трансформација на општеството, информираат од владината прес-служба. Вицепремиерката Грковска ја изрази важноста на вклученоста на граѓанскиот сектор во сите општествени процеси, вклучително и […]

Страна 3 од 7