fbpx
Таг: Џо Бајден

таг: Џо Бајден

Акциите на банките паѓаат по колапсот на американската СВБ, Бајден уверува депозитите се безбедни

Акционери во Sillicon Valey Bank (Банката на Силиконската долина) поднесоа тужби против финансиската групација на СВБ и против двајца директори поради колапсот на банката, а со оглед на тоа што акциите на глобалниот пазар продолжија да паѓаат, и покрај гаранциите на американскиот претседател Џо Бајден дека такво нешто нема да се случи, пишува Гардијан. Акционерите на банката го обвинуваат извршниот...

САД со нови санкции против Русија, на листата се 200 поединци и субјекти

На годишнината од руската инвазија врз Украина, САД соопштија дека воведуваат нови санкции против Русија, пренесуваат американските медиуми. Белата куќа соопшти дека САД ќе воведат санкции за 200 поединци и субјекти од руско, но и потекло од други земји во Европа, Азија и Блискиот Исток, кои ги поддржуваат воените напори на Русија. На листата се наоѓаат и десетина руски финансиски...

Путин најавува дека ќе ги зајакне нуклеарните сили

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Русија ќе посвети поголемо внимание на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, обраќајќи се на државниот празник Бранител на татковината, ден пред годишнината од почетокот на инвазијата на Украина, пренесува Ројтерс.  Коментарите на Путин следуваат по неговото суспендирање на билатералниот договор за контрола на нуклеарното оружје со САД. „Како и досега, ќе посветиме зголемено внимание на...

Годишнината од војната во Украина доаѓа со силна дипломатска активност на светските сили

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од почетокот на руската воена агресија врз Украина, лидерите на најголемите светски сили изминативе денови се во силна дипломатска активност. Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја продолжува официјалната посета на Полска, каде што ќе се сретне со лидерите на деветте земји-членки што го формираат источното крило на НАТО. За време на посетата на Полска, американскиот...

Бајден во посета на Варшава, Путин со обраќање во Москва по повод војната во Украина

На три дена пред воената инвазија што ја изврши врз Украина, рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари минатата година преку јавно обраќање информираше дека Русија ја признава независноста на самопрогласените Донецка народна република и Луганска народна република, пишува Би-би-си. Ваквиот чекор на Путин следеше само три дена пред да започне воената агресија врз Украина на 24 февруари. Една година...

Претседателот на САД, Џо Бајден во ненајавена посета на Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска дојде во ненајавена посета на Кијив во знак на поддршка за годишнината од руската инвазија, ветувајќи му на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе ја поддржува Украина сè додека тоа е потребно, пренесе Ројтерс. Сирените за воздушен напад се слушаа низ главниот град на Украина додека Бајден го посети Кијив, иако нема извештаи за...

Американскиот претседател Џо Бајден под лупа откако биле пронајдени втора серија доверливи документи

Соработниците на Џо Бајден пронашле нова серија доверливи документи на втора локација, откако американскиот претседател веќе се најде под лупа за неговото ракување со владините документи. „Гардијан“ пишува дека Белата куќа веќе е во дефанзивам по првите откритија - доверливи документи во ноември минатата година биле откриени во канцеларијата што ја користел Бајден по напуштањето на функцијата потпретседател на САД....

Фотошопирана фотографија од Зеленски, Бајден и првата дама на САД стана вирална на социјалните мрежи

Oваа објава е невистинита, виралната фотографија на којашто е прикажано дека американскиот претседтел Џо Бајден, наводно, ја ставил раката на задникот на Зеленски е дигитално изменета. Станува збор за манипулирана верзија на официјална фотографија споделена од новинарскиот тим на Белата куќа, на којашто се гледа како првата дама Џил Бајден и нејзиниот сопруг го допираат Зеленски на грбот, со рацете...

Џо Бајден не се заколнал дека за Албанците ќе уништува држави

Иако новинарството во основа е благородна професија која има за цел правилно и професионално да ја информира јавноста, често се случува од одредени причини да се излезе надвор од новинарската етика. Дигитализацијата и интернетот доведоа уште повеќе до кршење на професионалната етика, па така секој ден гледаме се повеќе „онлајн“ медиумски содржини кои имаат за цел само кликови. Конкретен...

Зеленски: Поддршката на САД е клучна за победата на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој за прв пат од почетокот на руската инвазија ја напушти земјата и отпатува во САД, на пратениците во Конгресот во Вашингтон им порача дека наспроти сите шанси, Украина сè уште се држи и им се заблагодари на Американците бидејќи финансиски ги помагаат украинските воени напори. Tој, како што пренесе Ројтерс, рече дека ова помош...

Зеленски во САД на прво патување по инвазијата, ќе се врати со системот „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е на пат за Вашингтон, каде што денеска ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, пишува Би-би-си. Ова е негово прво патување во странство по инвазијата што Русија ја започна на 24 февруари годинава. Белата куќа, исто така, го потврди патувањето и соопшти дека ќе ја снабдува Украина со американските системи за противвоздушна...

Украина има 13.000 загинати војници, Бајден би се сретнал со Путин ако тој сака да се заврши војната

Украинските власти информираат дека од почетокот на руската инвазија врз Украина загинале меѓу 10.000 и 13.000 украински војници, изјави денеска Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува Би-Би-Си. Ниту Украина, ниту Русија имаат тенденција да објавуваат бројки за жртви во изминативе недели меѓу своите редови, а коментарите на Подољак засега не се потврдени од страна на украинската војска....

Две пресуди за десничарски милитанти во врска со упадот во Конгресот

Водач на крајно десничарска милитантна организација е прогласен за виновен за заговор за спречување на постапката за преземање на функцијата на претседателот на САД, по изборите во 2020 година, јави Би-Би-Си. На големо судење со порота, Стјуарт Роудс, основач на „Оут Киперс“ (Oath Keepers - Почитувачи на заклетвата), по два месеца судски рочишта, беше прогласен за ретко споменуваното кривично дело...

Републиканците освоија тесно мнозинство во Претставничкиот дом во САД

Републиканската партија ја врати контролата на Претставничкиот дом во САД со тесно мнозинство, со што добиваат можност да му ја заматат агендата на претседателот Џо Бајден од Демократската партија, односно да започнат низа истраги против него, објави Асошиејтед прес (АП). Но, тесното мнозинство ќе значи голем предизвик за републиканците и ќе го искомплицира нивното владеење со домот, пишува АП. Една...

Бајден: Малку е веројатно проектилот што падна во Полска да е истрелан од Русија

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека мала е веројатноста проектилот што експлодираше на територијата на Полска да е истрелан од Русија, јавува Асошиејтед прес. Русија вчера со ракети повторно ја нападна Украина, но еден проектил заврши во полското село Пржеводов и уби две лица. Полска е земја-членка на НАТО. „Малку е веројатно во линиите на траекторијата дека е истрелан...

Средба Бајден-Џинпинг: Односите треба да се вратат на вистинскиот пат

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека на својот кинески колега Шjи Џинпинг му рекол оти Соединетите Американски Држави ќе ја зајакнат својата безбедносна позиција во Азија доколку Пекинг не може да ги заузда програмите за развој на оружје на Северна Кореја, пренесе Ројтерс. Двајцата државници првпат разговараат тет-а-тет откако Бајден стана претседател, а состанокот на Г-20, кој започнува утре,...

Бројот на загинати и повредени во Украина почна да се брои во стотици илјади лица

Воената агресија што ја започна Русија врз Украина на 24 февруари годинава доведе до најмалку 100.000 загинати или повредени руски војници, а украинските вооружени сили претрпеле исто така загуби од околу 100.000 загинати или повредени војници. Ова вчера го изјави началникот на Здружениот Генералштаб на американската војска, генерал Марк Мили. Тој додаде дека околу 40.000 цивили досега загинале во...

Денеска избори во САД коишто ќе определат кој ќе ја има контролата во Конгресот

Милиони американски граѓани денеска гласаат на избори за нови членови на Конгресот, кои ќе определат кој ќе ја има контролата во парламентот на САД. На изборите се избираат членовите на двата дома на Конгресот, и тоа сите членови на Претставничкиот дом и една третина од членовите на Сенатот. Воедно, на денешните избори се гласа и за повеќето гувернери на...

Бајден: Илон Маск купи платформа која шири лаги низ целиот свет

Претседателот на САД Џо Бајден го критикуваше новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, велејќи дека купил платформа за социјални медиуми која шири лаги низ целиот свет. „Илон Маск се појавува и купува платформа што шири лаги низ целиот свет“, рече претседателот Бајден на хуманитарен настан во петокот. Забелешките на Бајден следуваа по веста дека Твитер отпуштил илјадници вработени на компанијата, заради...

САД тврди дека Северна Кореја тајно испраќа артилериско оружје во Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Северна Кореја дека тајно ја снабдува Русија со гранати за агресијата врз Украина, пренесе „Блумберг“. Според портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, Северна Кореја оружјето го испраќа најпрвин на Блискиот Исток или во Северна Африка, во обид да се сокрие точната дестинација на испратените гранати. Претходно во септември, САД...

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...