fbpx
Таг: ЏесБејли

таг: ЏесБејли

Почна лидерската средба, на местото на Дескоска се појави Шекеринска

Точно навреме, денеска почна третата лидерска средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. На средбата се присутни и набљудувачите, амбадорот на САД, Џес Бејли, и на Европската унија, Аиво Орав. Промена во екипата има кај СДСМ. Наместо Рената Дескоска-Тренеска, пристигна заменик-претседателката Радмила Шекеринска. Другите лидери се со екипите што ги придружуваа...

Лидерска средба: СДСМ бара преодна влада и гаранции за договореното

Нема напредок во вториот дел од втората лидерска средба, брифираат извори од СДСМ. Според нив, тие предлагаат два моменти за излез од политичкиот ќор-сокак: прво, договор за задолжително формирање преодна влада и второ, гарантирање на условите кои би биле утврдени при евентуалниот договор. Дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА настапуваат со заеднички став оти е потребно формирање на собраниски комисии за расветлување...

Заев насамо со Бејли и со Орав на паузата од лидерската средба

По 40 минути од втората лидерска средба, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА излегоа на консултации, а претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одржува одвоена средба со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. Засега нема информации како течат преговорите. Тимот на ВМРО-ДПМНЕ е засилен со министерот за здравство, Никола Тодоров. Али Ахмети и Мендух Тачи цело време на паузата се...

Нема договор – лидерската средба продолжува в понеделник

Лидерската средба заврши без конечен договор. Сите партии останаа на своите ставови. Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Никола Груевски, Али Ахмети и Манедух Тачи, в понеделник повторно ќе се сретнат, а дотогаш ќе се работи рамката за договорот. Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, ја напуштија средбата без да дадат изјава. - Денеска покажавме...

Заев насамо со Бејли и со Орав

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, остана сам со амбасадорите на САД, Џес Бејли, и на ЕУ, Аиво Орав, откако другите лидери ја напуштија салата за состаноци. Мендух Тачи и Али Ахмети се на заедничка маса со министерот за надворешни работи Никола Попоски, подоцна им се приклучи и премиерот Груевски. Нема информации зошто Заев остана сам со амбасадорите на двете земји што ја...

За странците, терористите станаа – наводни!

Дваесет и четири часа по акцијата на полицијата во кумановското Диво Насеље, амбасадорите на САД, земјите од Европската унија и западните медиуми, за групата што МВР ја оквалификува како терористичка, почнаа да зборуваат и да пишуваат во наводници или да го употребуваат изразот „наводни терористи“. Амбасадорот на САД во земјата, Џес Бејли, кој заедно со амбасадорите на Европската унија, Велика Британија, Германија, Франција...

Амбасадорот Бејли во посета на Гевгелија

На церемонија по повод завршувањето на реновирањето на здравствениот дом во Гевгелија, денеска ќе учествуваат амбасадорот на САД, Џес Бејли, и директорот на здравствениот дом во Гевгелија, Томислав Петков. Европската команда на Армијата на САД го финансираше проектот во вредност од 323.000 долари, при што беа поставени нов покрив и нова фасада, а беше извршено и целосно реновирање на центарот за педијатриска нега,...

Бејли: Многу е важно да се има непристрасен и транспарентен судски систем

„Предизвиците со кои се соочува Македонија укажуваат на фактот дека е многу важно да имате непристрасен, транспарентен, независен судски систем. Тоа е нешто што го посакуваат вашите граѓани, како и граѓаните на секоја земја“, изјави денеска во Скопје америкaнскиот амбасадор Џес Бејли, пренесе „Утрински весник“. - Прашањето за довербата на македонското општество во правосудството е прашање за македонските граѓани. Овде...

Жерновски на средба со Бејли: Политичката криза да се реши со независен јавен обвинител

Првиот чекор за да се разреши политичката криза би можел да биде именување на лице кое што ќе биде независен јавен обвинител во Македонија, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по средбата со амбасадорот на САД, Џес Бејли. - Влегуваме сите, и домашниот и надворешниот фактор, во една чуствителна фаза во која ќе мора да се најдат решенија за...

Трајановски се сретна со Бејли

Новиот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Л. Бејли, денеска се сретна со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. На средбата, градоначалникот Трајановски го запозна амбасадорот Бејли со историјата на градот Скопје, а зборуваше и за проектите на кои тој е фокусиран и кои се од приоритет за Град Скопје. Градоначалникот Трајановски се осврна и на досегашна соработка...

Средба на министерот Јолевски со амбасадорот на САД, Бејли

„Македонија и САД се две пријателски земји со исклучително развиена соработка на полето на одбраната. Оваа соработка претставува несомнена добивка за развојот на двете земји, но и за зацврстувањето на мирот, слободата и на безбедноста во регионот и во светот“, е заклучокот од денешната средба на министерот за одбрана, Зоран Јолевски, и на амбасадорот на Соединетите Американски Држави во нашата...

Иванов ги прими акредитивите од новиот амбасадор на САД

Претседателот Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли. На свечената церемонија, претседателот Иванов на амбасадорот Бејли му посака успешно извршување на дипломатските должности во земјата, истакнувајќи дека Република Македонија во континуитет придава исклучителна важност на развојот и на унапредување на севкупните односи со САД, кои ги поврзува заемната посветеност кон почитувањето на...

Сенатот на САД го потврди Џес Бејли за нов американски амбасадор во Македонија

Американскиот сенат вчера даде потврда за новиот амбасадор  на САД во Македонија, Џес Бејли. Со тоа се исполнети условите за Бејли да ја преземе функцијата во Македонија откако ќе ги предаде агреманите на претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот на САД, Барак Обама, го номинираше дипломатот од кариера Џес Бејли за иден амбасадор во Македонија и за наследник на Пол Волерс. Според неговата...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...