сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: џамија | 54 резултати

Палестинците од Газа нема да смеат да се молат во џамијата „Ал Акса“

јуни 24, 2015

Израел денеска ги поништи дозволите за влез на верниците од појасот Газа  во ерусалимската џамија „Ал­ Акса“, откако синоќа ракета од палестинска територија паднала на југот од земјата, во близина на граничниот премин. Координаторот за владините активности на окупираните територии, бригадниот генерал Јоав Мордехај, објасни дека 500 мажи и жени утре и в петок нема да […]

Триесетина загинати во самоубиствен напад на џамија во Саудиска Арабија

мај 22, 2015

Најмалку 30 лица денеска загинаа или се ранети во самоубиствен бомбашки напад, кој се случи за време на молитва во шиитска џамија на истокот на Саудиска Арабија. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, прв врз шиите во Саудиска Арабија од минатата година, кога осум лица беа убиени за време на верска прослава, исто […]

Уапсен осомничениот за убиството во Љуботен

април 29, 2015

Завчера вечерта, полициски екипи во селото Љуботен го уапсиле Т.Б. (21), осомничен за убиството на Џеваир М. (31), што се случи на 16 април пред џамијата во селото. Кај осомничениот е пронајдена и една автоматска пушка „калашников“, која била користена за убиството.

Бројот на загинати во Сана достигна 137 лица

март 20, 2015

Сто триесет и седум загинати и повеќе од 300 повредени е последниот биланс од бомбашките самоубиствени напади извршени во две џамии во главниот јеменски град Сана. Нападите беа извршени за време на попладневната молитва и следуваа еден ден по вчерашната престрелка во Адена, на југот на Јемен, меѓу силите лојални на сегашниот и на поранешниот јеменски претседател. […]

Пакистан: 10 загинати и повеќе од 60 ранети при напад на џамија

февруари 13, 2015

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десеттини се повредени при напад на екстремистите на шиитска џамија во Пешевар, на северозападот на Пакистан. Според лекарски извори, најмалку 10 лица загинаа, а 63 се повредени. Пакистанската полиција ги потврди лекарските наводи. Светските медиуми јавуваат дека судирите и понатаму траат. Претставникот на пакистанската полиција, Ран Умер Хајат, неколку […]

Франција: Нападнати три муслимански места

јануари 8, 2015

Најмалку три муслимански култни места вчеравечер се нападнати по масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 лица. Како што јавуваат француските медиуми, три гранати се фрлени врз џамија во западниот француски град Ман, двапати било стрелано врз муслиманска молитвена сала во Пор ла Нувел во Јужна Франција, а експлозија одекнала пред арапски […]

Франција: Експлозија во близина на џамија

јануари 8, 2015

Бомба денеска експлодира пред ресторан во близина на џамија, во источниот францускиот град Вилфранш суд Сон. Како што јавуваат француските медиуми, нема повредени во експлозијата на бомбата, која беше поставена пред ресторан. Локалните власти соопштија дека станува збор за криминален акт.

Запалена џамија во Шведска, петмина повредени

декември 25, 2014

Најмалку пет лица се повредени во пожар, кој денеска бил подметнат во џамија во шведскиот град Ескилстуна, пренесуваат светските агенции, повикувајќе се на полициски информации. Според полицијата, очевидец забалежал како некој фрлил предмет низ прозорец од зградата во која се наоѓа џамијата, по што настанал пожар. Полицијата сè уште го истражува случајот и засега нема […]

Судот во Хаг ќе одлучува за сопственоста на Јени џамија во Битола

ноември 13, 2014

ИВЗ ќе бара од меѓународниот суд во Хаг да пресуди за сопственоста на Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола. ИВЗ ја тужи државата Република Македонија за да си го врати во владение овој верски објект. Заводот и музеј Битола, пак, најави дека џамијата за многу кратко време ќе стане музеј со […]

Запалена џамија на Западниот Брег

ноември 12, 2014

Еврејските доселеници синоќа запалија џамија кај Рамала на Западниот Брег, соопштија денеска палестинските безбедносни претставници. Запален е целиот прв кат на верскиот објект во селото Ал Магајир, во близина на еверјската населба Шило, соопштија истите извори. Друга џамија во истото село на сличен начин беше запалена во 2012 година. Еврејските доселеници, кои се приврзаници на […]

Страна 3 од 3