fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Ковид-19 не е биолошка војна, ниту, пак, се шири вештачки

Нема никакви сериозни аргументи ниту во научната заедница, ниту, пак, кај разузнавачките агенции ширум светот дека актуелниот коронавирус од 2019 година е намерно креиран од некого за да биде искористен како биолошко оружје. Ваквите тврдења без ниту еден доказ спаѓаат во доменот на теории на заговор. Новите варијанти на вирусите се шират брзо, бидејќи вешто ги избегнуваат антителата произведени...

Вистиномер: Не е точно дека авиони се користат за палење на пожари

Двете фотографии  прикажани во постот немаат никаква врска меѓу себе. Едната е од 2007 година, другата е снимена цели 11 години подоцна. Освен што двете фотографии не се поврзани и што не станува збор за никаков авион за потпалување пожари, исто така нема никаква логика зад тврдењето дека се користат авиони за да се предизвикуваат пожари?! Оваа објава, иако...

Вистиномер: Не е точно дека на Фејсбук е објавена реклама со која се поддржува педофилијата

Не е вистина дека ТЕД поддржува педофилија, а не е вистина ниту тврдењето дека на социјалната мрежа Фејсбук имало реклама со промовирање на педофилија. Исто така, не е точно дека Фејсбук одбил да ја отстрани таквата реклама, откако наводно таа била пријавена од страна на корисниците. Напротив, таква реклама воопшто немало, па не можела ни да биде пријавена, пишува...

Вистиномер: Не е точно дека српски политичари во „Службен весник“ биле прогласени за геј лица

Не е вистина дека во „Службениот весник“ на Република Србија се објавуваат листи на лица кои се геј. Таква практика не постои. Ваквото тврдење во постот е чиста измислица. Од јавните личности споменати во постот само премиерката Ана Брнабиќ отворено се декларира како геј, пишува Вистиномер.мк.    Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди: Службен весник на...

Вистиномер: Фотошопирана фотографија – Бин Салман не направил безобразен гест при поздравот со Бајден

Оваа објава на социјалната мрежа Фејсбук ги манипулира корисниците преку видоизменетата фотографија и преку невистинитата содржина на самиот пост. Се работи за фотошопирана фотографија. На оригиналната фотографија може да се види дека Џо Бајден и Мохамед Бин Салман се поздравиле со стиснати тупаници. Исто така, не е точно тврдењето во постот дека Турција, Египет и Саудиска Арабија се новите...

Вистиномер: Ковид-19 не е последица на радијација од 5Г, туку на инфекција со коронавирусот

Постот  е невистинит и влегува во доменот на теориите на заговор, пласирани во текот на целата пандемија со ковид-19. Ова се прави со цел да се внесе недоверба во здравствениот систем како и во вакциналниот процес, нешто што може да биде фатално по индивидуалното здравје и штетно по колективното здравје. Коронавирусот не се пренесува преку 5Г мрежата, туку капљично,...

Вистиномер: Фотографија злоупотребена за да се обвини ЕУ за наводен фашизам

Не е вистина дека на фотографијата, која е споделена во склоп на постот се гледаат двете политичарки, Зузана Чапутова и Урсула фон дер Лајен, со фашистички симболи кои може да се поврзат со некакво тајно друштво во кое членувал и Хитлер. На фотографијата се гледа дека двете политичарки разменуваат поздрав како израз на срдечна почит. Наспроти тврдењето во постот,...

Вистиномер: Не е точно дека „Модерна“ ја создала вакцината против ковид-19 пред да се појави коронавирусот

Вакцината на „Модерна“, спротивно на изнесеното во постот, не е создадена пред, туку по појавата на коронавирусот, а самата генетска структура на вирусот претставува основа за нејзиното создавање. Инаку, цела деценија пред појавата на коронавирусот се правени екстензивни истражувања на мРНК технологијата, што, пак, ѝ овозможи на „Модерна“ многу брзо да ја создаде вакцината против ковид-19, пишува Вистиномер.мк. Текстот подолу...

Вистиномер: Комисијата се активираше поради зголемен број ковид случаи, а не за да го задуши протестот

Комисијата за заштита на населението од заразни болести уште на крајот на јуни почна да предупредува дека постои нагорен тренд на ковид инфекции во државата, а протестите против францускиот предлог почнаа подоцна. Односно, двете работи не се поврзани една со друга. Исто така, Комисијата на ниеден начин не може да влијае на протестите кои продолжија да се одржуваат и...

Вистиномер: Со погрешна фотографија се дезинформира јавноста за пукотниците кај Мавровка

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Се работи за две постапки на ОЈО кои се водат за различни лица и се однесуваат за два одделни настана. За лицето што е претставено на фотографиите од постот ОЈО смета дека пукало со огнено оружје, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се претставени две фотографии....

Вистиномер: Извештаите за сомнежи за несакани реакции не се потврдени несакани ефекти

Во постот се пропушта контекстот, затоа што Европската база на податоци за сомнежи за несакани реакции од употреба на некој лек и системот за следење на несакани настани од вакцини во САД – VAERS, не се создадени за преку нив да може да се утврдува смртност и повреди од кој било лек или медицинско средство, вклучително ни за вакцините...

Вистиномер: Убиството на Шинзо Абе не е поврзано со лекувањето на ковид-19, ниту со вакцинацијата

Јапонија почна да ги администрира вакцините против ковид-19 откако во февруари 2021 година беше одобрена вакцината на „Фајзер“. Неколку месеци претходно, на 28 август 2020 година Абе соопшти дека се повлекува од функцијата премиер поради болест. „Ивермектин“, пак, воопшто не е на листата на јапонската влада како одобрен лек за ковид-19, според јапонската агенција за лекови и медицински средства,...

Вистиномер: Фотографијата не е од актуелните протести во Холандија, туку е стара три години

На фотографијата споделена во постот се прикажани холандски земјоделци кои одбиваат да ги прифатат политиките на нивната влада, но не е направена на сегашните протести туку е стара три години. Таа потекнува од демонстрации кои се случиле во октомври 2019 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Инспиративна фотографија. Холандските земјоделци...

Вистиномер: Нема докази за наводен секс скандал на Џастин Трудо со малолетничка

Приказната дека премиерот на Канада, Џастин Трудо наводно имал секс со малолетничка и ја принудил да потпише договор дека тоа нема да го објави, не е поткрепена со никакви докази. Гласините за тоа не се од јули 2022 година – кога е објавен постот што е предмет на нашата рецензија, туку датираат од изборната кампања во октомври 2019 година,...

Вистиномер: Лажна фејсбук страница на КАМ ги мами граѓаните со измислена наградна игра

Станува збор за Фејсбук страница креирана на 18 јуни која има речиси 5.000 следбеници и која го користи логото на КАМ маркетите, кое иако е слично, не кореспондира со оригиналното. Истото е злоупотребено и искористено на главната фотографија на фан-страницата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во објавата се наведува: „ПОДАРОК ПАКЕТИ Ова не е измама.. Денес нашата компанија донираше...

Вистиномер: Старо видео од антивакцинални протести претставено како да е ново за смена на италијанската власт

Видео материјалот, споделен во постот, потекнува од протести кои се одржале во Италија на крајот на 2021 година и биле поврзани со задолжителното покажување на Грин Пас за сите работници во Италија. За разлика од овој пост, кој инсинуира дека протестите се скорешни, „Вистиномер“ не успеа да најде никаква потврда дека во моментот во Италија се одвиваат протести за...

Вистиномер: Не е точно дека мајмунските сипаници се шират само меѓу геј популацијата

Не е вистина наведеното во постот дека мајмунските сипаници се инфекција која се шири само меѓу геј популацијата, ниту пак, такво нешто изјавиле од СЗО. Вирусот може да се прошири со сексуален и несексуален близок контакт и неговата преносливост не е само за оние со определена сексуална ориентација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен...

Вистиномер: Со старо видео се шират невистини дека 5Г технологијата предизвикува ковид-19

Постот манипулира со старо видео и шири дезинформации за поврзаноста на 5Г мрежата со  коронавирусот. Видеото е од 2018 година и во него  извесна Клер Едвардс зборува исклучиво за штетноста на 5Г технологијата врз здравјето на луѓето и никаде не го спомнува коронавирусот. Впрочем, таа и не можела да го спомне, бидејќи нејзиното обраќање од ова видео е од...

Вистиномер: Не е вистина дека во светските медиуми не се зборува за ковид-19

Пандемијата не е готова, светот е далеку од целосно спречување на ширење на вирусот. Тврдењето дека „никаде во светот веќе не се зборува за вирусот“ е најобична лага. Само во последниот месец за повторното ширење на вирусот, како последица на новите мутации на омикрон, известуваат: „Си-Ен-Ен“, „Њујорк Тајмс“, „Би-Би-Си“, „Гардијан“, „Економист“, „Гласот на Америка“, „Глобај њуз“, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: Со монтирани фотографии се обвинуваат светски лидери дека се сатанисти

Фотографиите во постот што го рецензираме се видоизменети (altered content) односно фотомонтирани за да прикажат сосема поинаква уметност со черепи и скелети, со цел да се претстави дека лидерите на НАТО поддржуваат сатанистичка уметност. Оригиналните фотографии се од настанот кој го приреди шпанскиот премиер Педро Санчез на 29 јуни, како дел од дводневниот самит на НАТО лидерите во главниот...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...