fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Нема лек за рак на простата кој функционира стопроцентно

Измамнички и невистинито е да се ветува дека ќе се излекува канцер на простата во сто проценти од случаите, oсобено без да се знае какви се параметрите на конкретниот пациент. Тоа едноставно  е далеку од вистината. Третманот на канцер на простата е хируршката интервенција, наречена радикална простатектомија, која може да се изведе на класичен начин, лапароскопски или со роботска...

Вистиномер: Вакцините против ковид не содржат чипови и графен оксид и не предизвикуваат ненадејна смрт

Не е точно дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот САДС. Фактите говорат дека вакцините против ковид-19 не содржат чипови и графен оксид и тие никако не се поврзани со 5Г технологијата. Нема ниту еден научен факт кој ја поткрепува теоријата дека преку вакцината во телото на човекот се вметнува чип. На официјалната веб-страница за...

Вистиномер: Не е точно дека Кина ги прекинала дипломатските односи со САД

Во постот е споделен текст со сензационалистички и манипулативен клик-бејт наслов, којшто ги измамува читателите да донесат погрешен заклучок. Од насловот на текстот се добива впечаток дека односите помеѓу Кина и САД се толку лоши што тие прекинале секаква комуникација, што не е точно. И покрај напнатата атмосфера што владее помеѓу овие две велесили изминатиот период, дипломатските односи  иако...

Вистиномер: Не е вистина дека ковид е отров и дека се лекува со „атропин“

Болеста ковид-19 е предизвикана од вирус, таа е реална и постои, а за тоа говорат бројките за заболени и починати во изминативе две и пол години од пандемијата. Не постојат никакви запрашувања со отрови и надвор од секаков здрав разум е да се тврди дека ковид е отров со кој нè прскаат од авиони! „Атропинот“, пак, воопшто не е...

Вистиномер: Не е вистина дека дискус хернија е нов симптом на коронавирусот

Неточното тврдење искажано во овој пост на Фејсбук, дека тој што има дискус хернија значи дека е заболен од коронавирус, се базира на изјава на доктор Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“ од Белград, што ја пренесоа повеќе македонски медиуми. Но, доктор Стојановиќ никаде во неговата изјава не спомнува дискус хернија, ниту пак, вели дека болки во рбетот,...

Вистиномер: Камуфлираните телекомуникациски кули не се ништо ново, постојат уште пред појавата на 5Г технологијата

Камуфлирањето на телекомуникациските антени не е ништо ново и бомбастично како што тоа се претставува во постот што го анализираме, а уште помалку е измислица која се појавила со 5Г технологијата. Камуфлирањето на овие антени се прави пред сè поради естетски изглед и за подобра радио фрекфентност, за да не се трпат штети од временските прилики кои би можеле...

Русија пробува да шири дезинформации и покрај забраните, отворени десетици нови сајтови низ светот

Откако Русија ја нападна Украина во февруари годинава, Европската Унија ги блокираше РТ и Спутник, два од водечките канали на Кремљ за ширење пропаганда и дезинформации поврзани со војната. Речиси шест месеци подоцна, бројот на сајтови кои ја промовираат истата содржина порасна, бидејќи Русија најде начини да ја избегне забраната. Тие ја ребрендираа својата работа за да ја маскираат...

Вистиномер: Вакцината на „Фајзер“ за деца под 16 години е регистрирана во Србија во 2021 година

Документот што се споделува во текстот на „Коловрт“ е од декември 2020 година кога фајзеровата вакцина не се администрираше на деца под 16 години никаде во светот, затоа што уште не беа завршени клиничките тестирања за таа возрасна група. Тој документ во текстот не се однесува на деца, туку на лица над 18 години за кои беше издадена дозволата....

Вистиномер: Не е точно дека мајмунските сипаници се предизвикани од вакцината против ковид-19

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Мајмунските сипаници не се предизвикани од вакцините против ковид-19 бидејќи ниедна од нив не го содржи вирусот на мајмунски сипаници. Мајмунските сипаници постоеле и во времето кога коронавиурсот не постоеше, а следствено на тоа немаше ни вакцини против него. Човекот кој зборува во видеото не приложува ниеден доказ кон своите бизарни...

Вистиномер: Вучиќ не рекол дека Македонија не е моќна како во времето на Груевски

Вучиќ никаде не кажал дека „Македонија не е моќна како во времето на Груевски“, како што тоа се тврди  во насловот на текстот што е споделен  во овој пост. Самиот напис се однесува на изјавата на Вучиќ дадена во насока на меѓусебна помош во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Во содржинскиот дел на текстот изјавата на Вучиќ е пренесена...

Вистиномер: Македонската химна при пречекот на шпанскиот премиер не беше изведена надвор од протоколот

Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија, согласно воениот и државен протокол, се ангажира при пречек на странски државници на највисоко ниво, при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални верзии на државните химни. Оттука, не може да се каже дека кој било стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии....

Алекс Џоунс ќе мора да плати 49,3 милиони долари за ширење дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

Американскиот теоретичар на заговори Алекс Џоунс ќе мора да плати вкупно 49,3 милиони долари за ширењето дезинформации за масакрот „Сенди Хук“, јавува Би-би-си. Покрај веќе пресудената компезациска отштета од над 4,1 милиони долари, судот во Тексас на контроверзниот радио водител му досуди и дополнителни 45,2 милиони долари како казнена отштета. Компезациската отштета, меѓу другото, треба да ги покрие реалните трошоци...

Вистиномер: Светскиот економски форум нема направено реклама против наталитетот, клипот е од серија

Не е вистина дека видеото презентирано во постот што го рецензираме е реклама на Светскиот економски форум. Станува збор за исечок од телевизиската серија од Велика Британија „Утопија“ која претставува драма и не е на ниеден начин поврзана со Светскиот економски форум, пишува Вистиномер.мк во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во...

Вистиномер: Не е вистина дека невакцинираните се заразни пократко време од вакцинираните и бустираните

Не е вистина дека невакцинираните пациенти со ковид се заразни помалку време од оние што се вакцинирани или бустирани. Спротивно на тоа, студијата објавена од Барцак и нејзините колеги во „New England Journal of Medicine“, откри дека средното времетраење на инфективноста е еден ден подолго меѓу невакцинираните учесници во студијата, споредено со оние кои биле вакцинирани. Но, групата е...

Вистиномер: Самсунг не доделува 100 уреди ако напишете „САМСУНГ“ во коментар

Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку и е професионално одржувана, за разлика од страницата каде што се споделува наградната игра по повод 37 години постоење на компанијата, каде што има само една објава. На официјалната Фејсбук страница на Самсунг има дури 161 милион следачи, секојдневни професионални рекламирања, информации за фирмата, линкови до официјалната веб страница, телефони за...

Конспирационистот Алекс Џоунс ќе плати над 4 милиони долари поради дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

Судската порота во американскиот град Остин во Тексас, вчера му одреди парична казна од над 4 милиони долари на познатиот конспирационист Алекс Џоунс, како отштета за родителите на 6-годишно момче убиено во масакрот од 2012 година во училиштето „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, јави АП. Нил Хеслин и Скарлет Луис, таткото и мајката на Џеси Луис, кој заедно со...

Вистиномер: Пост дезинформира дека 150 илјади луѓе биле убиени од вакцините

Написот што се споделува во постот се повикува на податоци од американскиот бизнисмен Стив Кирш за кого повеќе извори наведуваат дека е промотор на дезинформации за ковид-19. Кирш, пак, се повикува на американскиот систем за следење на несакани реакции после вакцинација – ВАЕРС, кој е за рано предупредување, а не за егзактно броење на смртност или ефикасност на вакцината....

Вистиномер: Хеликоптерот што испушта оган не ги предизвикува шумските пожари туку помага да се запрат

Тврдењето во постот дека некој со хеликоптер намерно потпалува шумски пожари е неточно. Заклучокот е донесен паушално и ги измамува корисниците на социјалните мрежи. Хеликоптерот прикажан на видеото се користи за да се стопира понатамошното ширење на шумскиот пожар, односно за контролирано палење при што се прави  обрач околу огнот за да се спречи да има материјал што понатаму...

Вистиномер: Не е точно дека директорот на СЗО е уапсен за злодела против човештвото

Не е вистина дека директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус бил уапсен на 24 јули 2022 година. Станува збор за напис од сатиричен веб-сајт. Поради непознати причини, авторот на постот што го рецензираме не го споменува фактот дека сајтот каде што е пласиран текстот објавува сатирични содржини, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се...

Вистиномер: Нема медицински докази дека вакцините против ковид предизвикуваат згрутчување на крвта

Антиваксерите и теоретичарите на заговор секогаш ја поврзуваат вакцината на „Фајзер“ со згрутчување на крвта. Но, нема докази дека оваа вакцина предизвикува згрутчувања на крвта. Во „Журналот на автоимуност“, автори на студија од август 2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека таа не создава тромбови. Овој труд е цитиран во уште седум други трудови, според Националната американска библиотека...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...