fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Обединетите Нации не ги замениле знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ

Фотографијата прикажана во постот е од Рокфелер центарот во Њујорк, а не од седиштето на Обединетите нации, пишува Вистиномер.мк.  Оваа фотографија  е стара, од 2019 година и може да се пронајде овде.   Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: На оние кои си дозволуваат да размислуваат, им е јасно дека ова е...

Не е точно дека Јапонија покренува истрага против ковид-вакцините поради милиони смртни случаи

Ниту има докази за милиони смртни случаи, ниту пак, некаде има официјална вест за покренување некаква истрага против вакцините. Според СЗО, до крајот на ноември 2022 година во Јапонија биле администрирани над 349,2 милиони дози вакцини против ковид-19.  Според една студија од ноември 2022 година, во периодот помеѓу 17 февруари 2021 година и 17 април 2022 година, во Јапонија се пријавени 1.690 смртни случаи...

Климатските промени се реалност, а не резултат на ХАРП и прскање од авиони

Климатските промени и глобалното затоплување се многу реални и докажани од научници, а прскањето со авиони и обвинувањето на ХАРП за елементарните непогоди коишто се случуваат низ светот, се едни од најраспространетите теории на заговор, пишува Вистиномер.   Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објава на социјалните мрежи шири дезинформации дека глобалното затоплување не постои и дека климатските промени, всушност се резултат...

Норвешка не забранила промена на полот кај малолетниците

Норвешка не ги променила своите упатства за грижата за малолетниците што го менуваат полот, кои во моментов вклучуваат нехируршки третмани, но има препораки да се избегнува операција за лица под 18 години во повеќето случаи. Независниот норвешки одбор за здравствена заштита, којшто не е поврзан со владата, неодамна предложи зголемени ограничувања за таквата грижа – иако не директна забрана,...

Фотографиите од папата Франциск со ЛГБТИ знаме, што се шират социјалните мрежи, се лажни

На неколку фотографии се гледа како врховниот понтиф позира насмеан пред камерата со „знамето на гордоста“ на рамениците. Сепак, сликите се создадени со помош на алатка за вештачка интелигенција, тие не се реални. Фотографиите за првпат се споделени во твит од корисникот @TheGayForest на 3 април. Не е првпат папата Франциск да биде предмет на лажни слики создадени со вештачка интелигенција. Во март 2023 година,...

Во САД не владее диктатура и режим

САД не се режим и диктатура, како што се тврди во постот, а тоа е евидентно и од Уставот и од севкупното уредување на Соединетите Американски Држави. Демократијата како форма на организација и политичко водство ја зема предвид волјата на граѓаните, нивните интереси и аспирации. Сите елементи на демократијата, вклучително и почитувањето на човековите права се централна компонента на американската надворешна и внатрешна...

Видеото не прикажува пластичен, туку вештачки произведен ориз

Доколку отидете на официјалната веб-страница на компанијата којашто го емитува видеото  споделено во постот – кинеската „Sunspring“,  ќе видите дека не се работи за пластичен материјал, туку за вештачки ориз. Главната разлика меѓу вештачкиот и вистинскиот ориз, според „Sunspring“,  се нутритивните вредности. Вештачкиот ориз, кој се произведува со брашно од различни житарки и се додаваат минерални соли и витамини...

Светскиот економски форум не забранува зачнување бебиња на природен начин

Светскиот економски форум нема никакви овластувања да забранува природно зачнување, ниту, пак, на нивната агенда се наоѓа таква небулозна цел. Насловот, што се споделува во постот, не е проследен со логични факти, односно самото тврдење е апсолутно паушално и нелогично. Целата дезинформација најверојатно потекнува од напис на сајтот на СЕФ, објавен во 2017 година, а во кој се известува...

Утре ќе се одржи конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“

Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“ во хотелот „Лимак“ утре ќе ја организираат конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, на која ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски, информираат од претседателскиот кабинет. На отворањето на конференцијата ќе се обратат и Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во Северна Mакедонија, Бардил...

„Спотифај“ не презема ништо додека Џо Роган „продава“ дезинформации за вакцините

Поткаст-водителот Џо Роган и милијардерот Илон Маск го нападнаа професорот по микробиологија и поборник за јавно здравје Питер Хотез кој неодамнешното интервју на Роган со теоретичарот на заговори против вакцините, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, го нарече „бесмислица“. Откако Хотез го твитна написот на порталот „VICE“ (Вајс) за недостатокот на модерирање на содржини на „Спотифај“ околу дезинформациите на Роган во спорната...

Насловна на „Тајм“ стара 10 години погрешно претставена дека пропагира депопулација

Тајм магазинот на својата насловна страница од август 2013 година има прикажано наслов на текст, во чија содржина воопшто не се говори за „нова пропаганда во насока на депопулација каде живот без деца е идеален живот без обврски“. Дури и луѓето претставени во текстот иако немаат деца, имаат исклучиво многу обврски поврзани со кариерата и професиите, како и вклученоста...

Германска пратеничка прикажана како министерка, згора и набедена за непостоечка изјава

Во постот неточно се тврди дека девојката на фотографијата е министерка во владата на Германија и наводно изјавила дека кравите се штетни за животната средина и за здравјето. Официјалната веб-страница на федералната влада на Германија покажува дека во актуелната влада на канцеларот Олаф Шолц нема ниту една министерка која наликува на жената на фотографијата. Пребарувањето на интернет покажува дека девојката...

Видео со висок контраст лажно го прикажува Макрон со „силиконска маска на лицето“

Во постот е споделено кратко видео во кое Емануел Макрон, Џо Бајден, Ангела Меркел и Хилари Клинтон се прикажани на снимки со висок контраст, кои прават оптичка илузија. Па во духот на теоријата на заговор Кју Анон, според која овие политичари не се вистински туку се „заменувани од двојници“, неточно се тврди дека францускиот претседател носи маска на лицето....

Условите за користење на Фејсбук, не се менуваат со пишување на статус

Објавата што се споделува во овој пост се шири на Фејсбук барем од 2012 година во различни форми, но согласно условите за користење на Фејсбук, самите корисници го контролираат нивото на приватност на содржините коишто ги споделуваат. Овие услови за користење не може да се променат со едноставно споделување на статус на вашиот профил, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Мел Гибсон не снима документарен филм за сексуална трговија со деца во Украина

Мел Гибсон не снима никаков документарец за сексуална трговија со деца. Основач на непрофитна организација за борба против трговија со луѓе во Јута, претходно предложил актерот да обезбеди првична поддршка за документарен филм, но тој потврдил за Асошиетед прес дека Гибсон не е вклучен во снимањето на филмот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пост на...

ЕМА не издала предупредување дека ковид-вакцините предизвикуваат спонтан абортус

ЕМА соопшти дека открила докази кои покажуваат дека тешко менструално крварење може да се случи по вакцинацијата против ковид, заклучувајќи дека постои „разумна можност“ вакцините да го предизвикаат, но никогаш не препорачала дека mRNA вакцините се поврзани со компликации со бременоста, т.е. со плодноста или со абортусот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пост на Фејсбук...

Мрежата за борба против дезинформации на Западен Балкан презентирана на конференцијата ПОИНТ

На 11-тото издание на ПОИНТ конференцијата што почна денеска во Сарајево, БиХ, беше презентирана Western Balkans Anti-Disinformation Hub (Мрежата за борба против дезинформациите во Западен Балкан). Конференцијата ПОИНТ е најголемата конференција од својот вид во регионот, а е посветена на политичката отчетност и новите технологии. Таа претставува еден вид платформа на граѓанското општество за поттикнување на новите технологии и форум...

Не е точно дека Германија им забранува на своите граѓани употреба на дрва за греење

Станува збор за дезинформација дека Германија им забранува на своите граѓани употреба на дрва за греење. Германската влада во април годинава донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за енергенси со која официјално е почнат преминот на греењето кон обновливи извори на енергија. Меѓутоа, оваа одлука не значи дека Германија забранува користење на дрва за греење. Амандманот не...

Франција разобличи обемна руска кампања за дезинформации

Франција разоткрила обемна руска кампања чија што цел била да се подрие поддршката од Западот за Украина, извести француската државна агенција Viginum, чија намена е борба против странски дигитални вмешувања. „Ангажирањето на руските амбасади и културни центри, коишто активно учествувале во засилувањето на оваа кампања, вклучително и преку официјалните профили на социјалните мрежи, е уште една илустрација на хибридната стратегија...

„Денови на Русија“ во Скопје и Софија, бугарското МНР реагира за ширење дезинформации од руската амбасадорка

Амбасадите на Русија во Скопје и во Софија изминативе денови го одбележаа државниот празник на Руската Федерација „Денот на Русија“, со организирање на приеми во двата главни града на кои испратија скандалозни пораки во врска со руската воена агресија врз Украина. Бугарското Министерство за надворешни работи денеска беше приморано јавно да реагира и да ги осуди како „неприфатливи и недозволиви...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...