fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Фондацијата на Џорџ Сорос не се повлекла од Африка и Европа, ниту пак, ја „избркале на клоци“

Нема никакво бркање на клоци на фондацијата Сорос од Африка и Европа, како што се обидува да прикаже оваа објава. Фондацијата ќе го ограничи своето финансирање на проекти во ЕУ, но тоа не значи дека целосно се повлекува, а уште помалку дека некој ја избркал. Исто така, Фондацијата делува и во Африка, наспроти тврдењето во објавата дека е избркана...

Русија ја започна војната во Украина и нејзина е одговорноста за цивилните жртви

Околу 13.000 луѓе беа убиени, од кои една четвртина цивили, а околу 30.000 беа ранети во војната во источна Украина од избувнувањето во април 2014 година до 2019 година. Дополнително, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, заклучно со 13 август 2023 година, потврдени се вкупно 9.444 смртни случаи на цивили. Бројот на жртви...

Украина има законски регулирано сурогат-мајчинство, а не фарми за бебиња

Не е вистина дека во видеото се повикуваат жените од Украина да ги претворат своите матки во машини за правење бебиња. Од оригиналното видео се гледа дека е наменето за странските фамилии кои се загрижени за тоа како тече процесот за сурогат мајчинство во услови на војна. Во постот сурогат мајките се претставени како експлоатирани, иако тие даваат писмена согласност...

5Г мрежата не го активира Марбург вирусот, ниту пак, луѓето се чипирани и имаат графен оксид

Видеото е од 2021 година, но тоа на ниедно место во објавата не се кажува, па кога ќе се погледне се добива впечаток дека станува збор за сегашен настан и непотребно се крева паника и страв во јавноста за смртоносен вирус. Во објавата се споделуваат и неточни информации дека овој вирус значи активирање на 5Г мрежата, како и „многу...

Преспанскиот договор погрешно се толкува, личните документи треба да се сменат до февруари 2024 година

Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година. Владата не го измислила овој датум, како што се наведува во објавата, туку тој произлегува до Договорот кој го потпишаа Северна Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи тие...

На ова видео не е Володимир Зеленски, туку аргентинскиот танчер Пабло Акоста

Повеќе странски проверувачи на факти објавија дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови слични видеа со танци. Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се слични, па кога видеото...

Политичарите и медиумите повторно паднаа на Шангајската листа

„Трета година по ред на Шангајската листа нема универзитет од Македонија“, „Шангајска листа: Меѓу првите илјада нема македонски универзитет“, „Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на 1.944-то место на Шангајската листа“, „Објавена е Шангајската листа, УКИМ е на 1.964 место од вкупно 2.000“ – ова се само дел од насловите што во последнава година се најдоа во македонските медиуми по...

Германија не ја враќа марката назад и не излегува од ЕУ

Во Германија марката не е официјална валута од 2002 година кога беше прифатено еврото. Нема никакви најави дека ќе се врати марката во употреба, ниту дека Германија ќе излезе од ЕУ. Ваквите гласини датираат уште од 2011 година, но никогаш не се остварија. Се работи само за шпекулации и подбуцнувачки наративи кои доаѓаат од одредени политички центри противници на...

Путин не е мало дете за да биде „намамен“ да ја нападне Украина

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, Путин е тој кој одлучи целосно неиспровоцирано да го нападне територијалниот интегритет на суверена држава. Исто така, Вашингтон постојано потенцира дека Русија може да ја прекине војната во Украина уште утре, ако се повлече од нејзината територија. Што значи дека САД не сакаат да има војна во Украина, но ја поддржуваат украинската...

Тенденциозно и без никакви докази се шират невистини за наводна трговија со луѓе и органи во Украина

Изнесените тврдења за наводна трговија со луѓе и органи во Украина не се поткрепени со никакви докази и истите се базираат на произволни тврдења на Јутјуберот Морис, кој и претходно изнесувал дезинформации во своето шоу.  Ова е позната руска пропаганда и дезинформација, според која западните земји наводно ја злоупотребуваат војната во Украина и вршат трговија со луѓе и органи,...

Манипулативна објава на Фејсбук по секоја цена ја правда руската инвазија врз Украина

Целата објава изобилува со руски наративи и манипулации кои имаат за цел да шират пропаганда и да ја оправдаат руската воена агресија врз Украина. Украинците не се со испрани мозоци како што се тврди во објавата, туку тие се обидуваат на секој начин да ја одбранат својата земја од Русија. Русија е таа која ја почна војната, а западните...

Не е точно дека Русите во Покровск бомбардирале ресторан во кој се собирал персонал на НАТО

Според она што е официјално објавено, во рускиот ракетен напад на Покровск загинале цивилни лица, а не странски платеници и персонал на НАТО, како што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Во нападот биле погодени две станбени згради и еден хотел. Персонал на НАТО не може да се најде во Украина од проста причина што НАТО не учествува...

Пожарите на Хаваи не се предизвикани со ласерско оружје

Вистиномер го пронајде делот од видеото споделено во оваа објава на Фејсбук, за кое се тврди дека наводно е од Хаваи и од пожарите во август, но тоа е објавено на кинески на твитер профил уште во мај 2023 година, кога на Хаваи немаше пожари. Теоретичарите на заговори се разжестија со нови идеи по избувнувањето на пожарите на Хаваи и...

НАТО не е поттикнувачот на војната во Украина

Не е точно дека НАТО поттикнува војна и дека има за цел да се бори против Русија преку грбот на украинските граѓани. Таквиот наратив е дел од руската пропаганда, којашто сака да ја претстави Украина како вазал на западните држави, односно дека прифатила да војува против Русија и да ги жртвува своите граѓани за целите на НАТО. Русија е...

Петровска никогаш не изјавила дека ѝ објавува војна на Русија

Доколку Петровска некогаш кажала вакво нешто, за тоа ќе имаше записи на сите медиуми, како домашни така и странски. Но, такво нешто не може да се најде на интернет просторот, ниту во пишана, ниту во аудио или видео форма. Секако, во случај Петровска да изјавеше вакво нешто, за тоа ќе имаше соодветна реакција и од страната на којашто наводно...

Вработените во „Фајзер“ ги добиле истите вакцини со истиот состав, само од различна серија

Во постот наменски е прикажан само краток фрагмент – виедоматеријал од 20 секунди, со којшто се креира погрешна слика за вакцините. Од целосниот контекст на прашањето и одговорот кои може да се видат на оригиналното видео, јасно е дека вработените во „Фајзер“ не добиле поинакви вакцини од оние за општата популација. Серијата била посебна затоа што во тој момент кога...

Не е вистина дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за струја

Оваа објава на Фејсбук шири невистини дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за електрична енергија и дека 10 години нема да плаќаат струја. Напротив, тие треба да си ги платат сите долгови и ќе плаќаат за електрична енергија онолку колку што ќе потрошат. Како што изјави за медиумите претседателот на Советот на Општина Липково, со ЕВН...

Лажни изјави за пиење крв од деца и педофилија, атрибуирани на Мел Гибсон и Тереза Меј

Мел Гибсон никогаш не дал коментари за наводни кругови кои злоупотребуваат деца за крв и јадат детско месо, пишуваат странски проверувачи на факти, повикувајќи се на демант од неговиот публицист Алан Ниероб.  Во врска со делот од постот каде се вели дека Тереза Меј се залагала педофилите да може да посвојуваат деца, станува збор за стара и рециклирана дезинформација....

Невремето во земјава не беше предизвикано од ХААРП

Во С. Македонија на 5 август 2023 година, кога е објавен постот имаше невреме, ама на ниеден начин непредизвикано од ХААРП. Станува збор за еден од најпопуларните истражувачки проекти во кој се вклучени различни партнери, индустријата, американското министерство за одбрана и бројни универзитети во Соединетите Американски Држави. Наспроти изнесеното во постот, на страницата на Универзитетот Алјаска е објаснето дека радиобрановите...

Путин не ја забранува 5Г мрежата и не ги уништува кулите

Со пребарување на Интернет не се наоѓа ниту еден кредибилен напис дека Путин ги забранил 5Г кулите, како што е наведено во објавата. Исто така, оваа вест не е потврдена од ниту еден официјален руски извор. Напротив, според информации објавени на веб-страниците на Владата на Русија и на руското министерство за дигитален развој, комуникација и масовни медиуми, во земјата...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...