fbpx
Таг: девојка

таг: девојка

Писториус во домашен притвор

Во домашен притвор е пуштен поранешниот параолимпиец на Јужна Африка, Оскар Писториус, кој беше осуден на пет години затвор поради убиство на неговата девојка, Рива Стенкамп, во нивниот дом. Пред точно една година беше осуден на затворска казна, но законот во неговата држава дозволува откако обвинетиот ќе одлежи една шестина од казната, да може да го напушти затворот и останатиот...

Исчезнала 19-годишна девојка од Скопје

Во вторникот, 19-годишна скопјанка излегла од дома и повеќе не се вратила. Случајот вчера во полициската станица Бит Пазар го пријавила нејзината 46-годишна мајка Ш.А. Се работи на пронаоѓање на исчезнатата, извести СВР Скопје.

Девојка починала по пад од скутер

Рано утринава битолската полиција била известена дека во близина на фудбалското игралиште во селото Долно Српци е забележано починато женско лице. Полиција во непосредна близина на починатото лице пронашла паднат скутер. Од извршениот увид било утврдено дека 17-годишната Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа. Малолетничката, најверојатно, паднала од скутерот и од добиените повреди починала на местото на несреќата.

Исчезна девојка во Охрид

Во 23 часот, во вторникот, Д.Џ. (1986) од Охрид се оддалечила во непознат правец  и потоа не е забележана. Случајот во полиција вчера го пријавил С.Џ. (1963) од Охрид, соопштуваат од МВР.

„Алфи“ спасиле девојка што сакала да скокне од балкон

Екипа на мобилната полициска единица „Алфа“ завчера вечерта спасиле 24-годишна струмичанка, која сакала да скокне од зграда, на булеварот Видое Смилески Бато, и да си го одземе животот, информираат од полицијата. Како што велат оттаму, во неделата, околу 23 часот, било пријавено дека на булеварот непознато женско лице се обидува да изврши самоубиство со скокање од балкон од зграда. Припадници на...

Исчезнала 18-годишна девојка од Скопје

Вчера, во 12 часот, во полициската станица во Гази Баба, С.Ш. (50) од Скопје, пријавил дека истиот ден во 6.30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Е.Ш. (18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во Штип исчезнала 17-годишна девојка

Вчера во полициската станица во Штип, било пријавено исчезнување на 17-годишната Н.М. од страна на нејзиниот татко. Девојката исчезнала откако отишла да се прошета, по што не се вратила. Од МВР информираат дека преземаат мерки за да се пронајде лицето.

Исчезнала девојка од село Катланово

На 28 јануари 2015 година, во 14 часот, Ќ.С. (45) од скопското село Катланово, во полициската станица пријавил дека на 20 јануари годинава, во 7 часот, од дома исчезнала неговата ќерка. Според пријавата, таа утрото излегла и не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Ја тепал поранешната девојка за да му се врати

Вчера во Куманово е привден Ф.М. затоа што во 00.15 часот ја сретнал  Д.Ј. (21) од Куманово, која била негова пораешна девојка, и насилно ја внел во куќа, сопственост на неговата баба, каде физички ја нападнал заканувајќи ѝ се дека ако не ја продолжат врската, ќе ја убие. Од здобиените удари, на Д.Ј. ѝ се слошило и паднала на подот, по што...

Исчезна девојка од струшко Делогожди

Во струшката полиција, вчера, околу 10.30 часот, било пријавено дека 26-годишна девојка исчезнала од нејзниот дом во селото Делогожди. Случајот, според полицијата, го пријавил роднина на исчезната, кој рекол дека неговата внука истиот ден, околу 2.15 часот, излегла од нивниот дом. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојката.

Приведено 14-годишното момче што прободе девојка кај „Мавровка“

Четиринаесетгодишно момче е приведено под сомневање дека со нож нападна 16-годишна девојка пред трговскиот центар „Мавровка“. Од МВР велат дека девојчето и 14-годишното момче прво почнале да се караат, по што тоа со нож ѝ нанел две убодни рани во пределот на левата натколеница. На малолетното девојче му е пружена лекарска помош во Градска општа болница.

Девојка прегазена во Прилеп

Синоќа пред полноќ, автомобил со прилепски регистарски таблици удрил пешак во центарот на Прилеп кај местото познато како Реклами. Во несреќата тешко е повредена млада девојка, која веднаш е пренесена во градската болница во Прилеп.  

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...