fbpx
Таг: деца

таг: деца

Децата во нашите училишта не се облекуваат како спротивниот пол, а воената обука на деца во Крим не е за фалење

Објавата што се споделува на Фејсбук шири невистини, а истовремено ѝ недостига контекст. Постот дезинформира дека деца во училиштата во С. Македонија се облекуваат како спротивниот пол. Точно е дека Русија спроведува воена обука на деца во училиштата, но тоа не е за пофалба, тоа се коси со меѓународните документи за заштита на правата на децата (Конвенцијата на ОН...

Во Законот за заштита на правата на пациентите не се вели дека имате право да не ги вакцинирате децата

Во објавата неточно се тврди дека родителите кои не ја исполниле својата законска обврска да го вакцинираат нивното дете против заразни болести, не сториле никаков прекршок. Ова е целосно извртување на вистината. Според Законот, пациентот нема право да одбие медицинска интервенција, ако таквата постапка ќе предизвика некому штета, дали на пациентот или на други лица. А таков е случајот...

Фајненс Тинк: Поради кризата, дополнителни 5 илјади деца живеат под прагот на сиромаштија

Во минатата година дополнителни 13.000 лица, од кои 5.000 деца, во државава, се под прагот на сиромаштијата како резултат на ефектот од кризата, покажува студијата „Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“. Студијата, која беше презентирана денеска, е изработена од Институтот за истражување и економски политики Фајненс Тинк, во соработка со Канцеларијата на...

ОН ја обвинуваат Русија дека ги крши правилата за заштита на децата бегалци од Украина

Шефот на агенцијата за бегалци на Обединетите нации, Филипо Гранди ја обвини Москва за кршење на фундаменталните принципи за заштита на децата, со давање руски пасоши на деца бегалци без придружба. Гранди додаде дека Русија ги дава овие деца на посвојување во руски семејства. Тој рече дека УНХЦР ќе се обиде да добие пристап до децата и ќе се обиде...

Не е точно дека заштитните маски предизвикуваат болести кај децата

Јаглерод диоксид молекулите се толку мали што не можат да останат заробени на материјалот од маската за повторно да ги инхалираме. Зголемени вредности на CO2 во крвта можат да се јават при брзо и често вдишување или при задржување на здивот,а се манифестира со нелагодност, вртоглавица или гадење или при тешка хиперкапнија со губење свест. Во мојот работен век...

Во С. Македонија нема сексуално образование за деца од 0 до 4 години

Кај нас не постои сеопфатно сексуално образование од 0-4 години и оттука било какво тврдење поврзано со работата на нашата организација во овој контекст е беспредметно и неиздржано. Се работи за класична манипулација и извртување на фактите. Исто така, во нашата земја не постои ниту неформална програма за сексуално образование за деца на оваа возраст до 4 години, што...

Грижа и поддршка ќе добиваат децата со прележан канцер во центарот што ќе се гради во Кучково

На површина од над 650 квадратни метри, старото училиште во Кучково ќе се адаптира во регионален центар наменет за деца кои се излекувале од канцер. Во овој простор ќе има комплетно опремени соби за престој на 20 деца со 20 родители. Сепак, треба да се има предвид дека е потребно време да се реконструира и адаптира училиштниот објект во...

Нема докази дека невакцинираните деца се поздрави од вакцинираните

Студијата од 2020 година во која се тврди дека вакцините ја зголемуваат стапката на ушна инфекција, астма и проблеми со дишењето е повлечена, бидејќи анализата во студијата се базирала на невалидни мерења од страна на авторите, кои не приложиле докази дека вакцината е причинителот за инциденцата на болестите. Обемните студии немаат пронајдено поголема инциденца на несакани ефекти кај вакцинираните...

Дигитална библиотека и игри за деца достапни на новата апликација „Бокси“

„Бокси“ е првата детска апликација наменета за читање и слушање книги во Македонија. Како што информираат од младиот тим ентузијасти, кој ја креирал оваа апликација, таа е направена за да го разубавува светот на најмладите и конечно да ја разбуди љубовта кон литературата и читањето. „Знаевме дека мора да ги споиме светот на игрите и светот на книгите. Тоа и...

Итно да се набават сензори за мерење гликемија за децата со дијабетес, бара асоцијацијата Баланс МК

Асоцијацијата за детски дијабетес во Македонија денеска испрати барање за средба со надлежните во Министерството за здравство, на која ќе побараат во најитен можен рок да се набават сензори за континуирано и безболно следење на гликозата за сите деца во државата со дијабетес тип 1, кои се зависни од инсулин. Како што е наведеново барањето, петта година по ред...

Објава манипулира со фотографии, тврдејќи дека се прикажани страдања на „руски деца од Донбас“

На една од фотографиите воопшто не станува збор за дете од Донбас, туку од Ирак, по име Мухамед Адман, кој настрадал од шрапнел. Друга фотографија е злоупотребувана за ширење манипулации уште во 2015 година и истите ги има дебанкирано сајтот за проверка на фактите Стоп фејк. Третата  фотографија, пак, пишува Си-Ен-Ен, ја има направено италијанскиот фотограф Енди Рочели во...

Отворена порта: И десетгодишни деца се жртви на трговија со луѓе

Ако пред десетина години возрасната граница на децата – жртви на трговија со луѓе била од 16 години нагоре, сега таа се намалува и жртвите се од 10 до 17 години. Најмалата жртва на трговија со луѓе кај нас, според податоците на Отворена порта, во критичниот момент имала само 10 години. Ова беше истакнато денеска по повод Европскиот ден...

Нема педофилски симбол во логото на филмот Хокус Покус

Со години приврзаниците на Кју движењето тврдат дека богати луѓе во светот и моќни фигури во областа на бизнисот и политиката, наводно киднапираат и мачат деца за да им го земат адренохромот од телата, додека се живи, а потоа „го консумираат за да останат млади“. Но, адренохромот е хемиско соединение кое се користи како хемостатик.  Нема научна поткрепа за...

Антигенските тестови не се отровни ако се користат правилно и ако не се допира реагенсот

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Не е точно дека со брзите антигенски тестови масовно се загрозува здравјето и животот на населението. Тоа што ПЦР тестот постои, е само алатка за детекција на ковид-19, а не причинител на болеста. Иако е теоретски вистинито дека дел од вијалите содржат токсични супстанци, сепак, тоа не ги прави брзите антигенски...

Измислени приказни дека сатанисти киднапирале деца, а Трамп ги спасувал

Движењето „Кју“ континуирано лиферува разни обвинувања на истакнати јавни личности, пред сè, политичари, бизнисмени (Обама, сопружниците Клинтон, Џорџ Сорос и други), па дури и холивудски актери блиски или од кругот на Демократската партија на САД и има стекнато одредена популарност кај поддржувачите на ултрадесничарските политики и ставови на Трамп. Не постојат докази за никакви киднапирања на деца, а уште...

Не е потврдено дека децата се во огромен ризик од смрт и нуспојави по ковид вакцинацијата

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. Системот не потврдува...

Со лесно проверливи невистини се прави обид да се дискредитира Европската Унија

Станува збор за купишта дезинформации, кои се лесно проверливи, а кои имаат за цел да креираат слика дека Европската Унија промовира декаденција и небезбедни политики за децата, базирани врз очигледни невистини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Зоофилија, марш на гордоста. Сексот со животни е дозволен...

За 37 деца во „Мајски цвет“ треба да се грижат само две воспитувачки, од градинката велат – нема да доаѓаат сите

Во градинката „Мајски цвет“ во општина Карпош, во клонот што се наоѓа во населбата Тафталиџе, во групата наменета за деца на возраст меѓу 5 и 6 години, има запишано 37 дечиња, што е вон законски предвидениот број, реагираат родители на деца во оваа градинка. Тие стравуваат за тоа, како ќе успеат две вработени (една воспитувачка и една негователка) да...

Најмалку осуммина загинати меѓу кои и три деца во гранатирање врз украинска автобуска станица

Најмалку осум лица загинаа, а уште четворица се ранети од руско гранатирање врз автобуска станица во Украина во четвртокот, според украинскиот регионален гувернер. Меѓу ранетите има и три деца, пренесе Еуроњуз. Артилериски гранати истрелани од Русија денеска околу 11 часот по локално време го погодија источниот украински град Торецк, изјави гувернерот Павло Кириленко. Hа Телеграм, Кириленко напиша дека руски гранати...

Русија извршила 22.500 воени злосторства во Украина

Од целосната инвазија, Русија извршила повеќе од 22.500 воени злосторства и злосторства на агресија врз Украина. Ова го соопшти украинското Јавно обвинителство на Телеграм, пренесува Укринформ. Според последните податоци, руската војска извршила 22.504 злосторства на агресија и воени злосторства. Од нив, 21.677 се поврзани со кршење на законите и обичаите на војната, 73 - со планирање, подготвување, започнување или водење...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...