петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: депозити | 62 резултати

Депозитите во јули под очекуваниот пораст од 7,4 проценти

септември 26, 2016

Вкупните депозити во јули забележаа пораст по намалувањето во претходните три месеци, се вели во најновиот извештај на Народна банка. „Повисокото ниво на вкупната депозитна база на банките претставува сигнал за понатамошно видливо стабилизирање на очекувањата на економските субјекти. Анализирано по сектори, порастот речиси во целост произлегува од зголемувањето на депозитите на домаќинствата, при мал пораст и на депозитите на корпоративниот сектор, додека кај депозитите на […]

Депозитниот потенцијал на банките се намали за 2,9 проценти на квартална основа

август 30, 2016

Вкупниот депозитен потенцијал на банките во вториот квартал годинава забележа намалување од 2,9 проценти на квартална основа, што е резултат на влошената доверба на економските субјекти во домашната економија, објави Народна банка. – Гледано од аспект на валутата, намалување се забележува кај денарските депозити, додека девизните депозити бележат минимален пораст на квартална основа. Од секторски аспект, намалувањето на депозитите на банките во вториот […]

Граѓаните во јуни повеќе штеделе во денари

август 10, 2016

Забавување на падот на вкупниот депозитен потенцијал и мало зголемување на штедењето на населението е забележано во јуни, информираат од Народна банка. Населението повеќе штедело во денари отколку во странска валута. – Ваквото однесување покажува значително подобрување на перцепциите на субјектите, а делумно може да е реакција на поместувањата во каматната политика на банките. Имено, во јуни за првпат […]

СДСМ: Не учествувајте во ново противзаконско задолжување

јули 18, 2016

Никола Груевски и неговите послушници очигледно немаат намера да се откажат од извршувањето на најголемото финансиско злосторство и со глава в ѕид се обидуваат да им натоварат нов незаконски долг од 650 милиони евра на граѓаните и на идните генерации, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. Од паријата порачуваат дека никој нема да биде амнестиран за своите […]

Граѓаните во мај повлекле 67 милиони евра од банките

јуни 22, 2016

Граѓаните минатиот месец повлекле 67 милиони евра од банките, а депозитната база се намалила за 22 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. За разлика од граѓаните, кај кои продолжил трендот на повлекување пари од банките, фирмите ги вратиле парите назад. Тие во мај депонирале 29,6 милиони евра во банкарскиот систем. Гувернерот Димитар Богов пред […]

Депозитната база на банките во април забележа пад од 2,2 проценти

јуни 15, 2016

Депозитната база на банките во април забележа значителен пад од 2,2 проценти на месечна основа, поради неизвесниот домашен политички амбиент. – Првичните податоци за мај покажуваат понатамошен тренд на намалување на депозитите, но многу послабо во однос на април, при што од дневните податоци за втората половина на мај и за првата половина од јуни […]

Побавен пораст на економијата од предвидувањата со последните проекции

јуни 15, 2016

Затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер, соопштуваат од Народна банка. – Во последниот период, видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти, а оцените за здравоста на […]

Девизните резерви во мај помали за 29 милиони евра во однос на претходниот месец

јуни 7, 2016

Девизните резерви во мај изнесуваат 2,16 милијарди евра, што е за 29,5 милиони евра помалку отколку претходниот месец, објави Народната банка. Најголем пад е евидентиран кај резервите во валути и во депозити, од 18,5 милиони евра. Вредноста на монетарното злато во мај во однос на претходниот месец е намалена за 7,7 милиони евра и сега […]

Граѓаните изгубиле 4 милиони евра поради повлекување на денарските заштеди

мај 23, 2016

Граѓаните изгубиле околу 4 милиони евра поради тоа што предвреме ги повлекле орочените денарски заштеди во април, проценуваат од Народна банка. -Повеќе од 217 милиони денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април годинава. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни […]

Богов: Повлекувањето на депозити речиси целосно запре

мај 20, 2016

Повлекувањето на депозитите речиси целосно запре и во изминатите две недели имаме стабилизирање на ситуацијата, изјави гувернерот Димитар Богов во интервју за „Ројтерс“. – Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено – истакна Богов. Имено, во април граѓаните повлекоа рекордни 58,5 милиони евра (3,6 милијарди денари) од банките, […]

СДСМ: Богов да не се крие зад банките

април 28, 2016

„Гувернерот Богов веднаш да престане да се крие зад банките. Безобразно е на банките да ја префрлува одговорноста за стабилноста на депозитите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата велат дека „ако граѓаните сакаат да дознаат што мислат банките за стабилноста на нивните депозити, ќе си прашаат во банка“. – Дали според Богов […]

Се намалуваат депозитите на компаниите и на граѓаните

февруари 22, 2016

Вкупните депозити во јануари изнесувале 4,87 милијарди евра и се намалиле за околу 80 милиони евра во однос на претходниот месец, кога изнесувале 4,95 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Народна банка. Депозитите на компаниите во јануари се намалиле за 73 милиони евра, така што сега тие изнесуваат 1,09 милијарди евра. Заштедите на граѓаните, исто […]

Послаби остварувања кај вкупните депозити

ноември 10, 2015

Во третото тримесечје од 2015 година, девизните резерви бележат пад, но показателите за адекватноста и понатаму се во сигурната зона, се вели во извештајот на НБРМ. – Првичните податоци, заклучно со септември, покажуваат послаби остварувања кај вкупните депозити и кај вкупните кредити во однос на проекцијата за третиот квартал, што во еден дел, можеби, е одраз […]

Граѓаните сè помалку штедат

октомври 30, 2015

Депозитниот потенцијал на банките е 4,7 милиони евра и на годишно ниво тој се зголемува за 6 проценти. Кај компаниите тој пораст е речиси 7 проценти. Ова денеска беше истакнато по повод Светскиот ден на штедењето, кое 17 години го одбележува Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија. Гувернерот Димитар Богов посочи дека банкарскиот сектор […]

Вкупните депозити на банкарскиот сектор и понатаму се зголемуваат

октомври 2, 2015

Вкупните депозити на банкарскиот сектор и понатаму се зголемуваат, но поради внатрешните политички случувања и должничката криза во Грција, тој пораст беше помал кај домаќинствата, се вели во соопштението на Народна банка. – Зголемувањето на депозитите во банките произлезе од новите денарски депозитни средства на корпоративниот сектор, кои воедно придонесоа и за намалувањето на рочноста […]

Депозитите на граѓаните – намалени, како последица на политичката криза

јули 15, 2015

Првичните податоци од јуни, покажуваат пораст на вкупните депозити на месечна основа, кој во целост е воден од порастот на депозитите на корпоративниот сектор, се вели во соопштението на НБРМ за состојбите во домашната економија. Депозитите кај домаќинствата втор месец по ред бележат намалување на месечна основа (иако во јуни тоа е во помал обем споредено […]

Депозитите во грчките банки се сигурни

мај 28, 2015

На средбата меѓу гувернерот Димитар Богов и турските инвеститори, тие се интересираа за сигурноста на депозитите во грчките банки, имајќи ја предвид кризата во оваа земја. – Депозитите се сигурни колку и самите банки, односно зависат од неколку фактори како стабилноста на банката, капиталот, ликвидноста, корпоративното управување, управување со ризиците, профитабилноста. Судејќи според овие индикатори, […]

Депозитите достигнаа 4,7 милијарди евра

мај 26, 2015

Според податоци на Народната банка на Македонија, на крајот на април, вкупните депозити достигнале 4,7 милијарди евра, од кои на заштеди на домаќинствата отпаѓаат 3,38 милијарди евра. Во истиот период, во однос на лани, депозитите на фирмите пораснале за 13,6 милиони евра и достигнале околу една милијарда евра.

Страна 3 од 3