среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: депозити | 62 резултати

Во банките чуваме 6,6 милијарди евра, а користиме кредити од 5,5 милијарди евра

март 23, 2020

Во очекување на одговор на прашањето на какви чекори ќе се одлучат  банките за амортизирање на ефектите од појавата на корона вирусот врз семејните буџети и работата на компаниите најновите податоци на Народната банка откриваат во каква кондиција се наоѓа монетарниот сектор во земјава. Домашите банки заклучно со февруари годинава имале вкупни депозити од 6,6 […]

Народна банка ja намали основната каматна стапка од 2,25 на два проценти

јануари 15, 2020

Народна банка одлучи основната каматна стапка да се намали за 0,25 процентни поени, односно од 2,25 на два проценти, информираат од таму. „Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во […]

Ангеловска-Бежоска: Граѓаните и натаму претпочитаат да штедат во банкарски депозити

октомври 31, 2019

Нашите граѓани и натаму претпочитаат да штедат во банкарски депозити, пред останатите расположливи инструменти, рече денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето. „Со крајот на минатата година, банкарските депозити зафаќаат околу две третини од вкупната финансиска актива на населението и ова учество е зголемено споредено со преткризниот период. […]

Депозитите растат, кредитирањето е на пониско ниво од очекуваното

април 10, 2019

Податоците на Народна банка покажуваат раст и кај депозитите и кај кредитите, во март месец. Во извештајот се додава дека поради подобрите остварувања на крајот на 2018 година, растот на депозитите, на годишна основа и натаму го надминува растот проектиран за крајот на првиот квартал од оваа година. „Во однос на кредитната активност, послабите остварувања […]

Банкарите бараат одложување на оданочување на каматите од депозитите до влез во ЕУ

ноември 9, 2018

Македонската банкарска асоцијација бара одложување на оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за од 2020 година, до влезот на земјата во ЕУ. Ова е заклучокот од седницата на Собрането на оваа асоцијација на која биле разгледани предложените законски измени што се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните. -Ставот на […]

НБРМ: Пораст на кредитирањето на фирмите и на домаќинствата

октомври 25, 2018

Во второто тримесечје од годинава банкарскиот систем ја задржа и ја зацврсти својата стабилност, информираат од Народна банка по усвојување на Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во вториот квартал од 2018 година. „Истовремено, при разгледувањето на Извештајот беше нагласено дека, забрза растот на активностите на банкарскиот систем, а профитабилноста забележа натамошно подобрување. […]

НБРМ: Економијата закрепна во последниот квартал од 2017 година

јануари 10, 2018

По падот на економската активноста во првата половина на 2017 година, последното тримесечје покажува закрепнување на економијата, соопштуваат од Народна банка. „На ваква констатација посочуваат податоците за активноста во индустријата и во трговијата, додека градежната активност продолжи да се намалува.Податоците за инфлацијата за 2017 година покажуваат просечен годишен пораст на ценовното ниво од 1,4 проценти, кој […]

Се враќа довербата во денарот

октомври 26, 2017

За разлика од надолните движења на банкарските активности во првиот квартал од 2017 година, во вториот квартал од годината нивните промени се поповолни, се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2017 годинa на Народна банка. Во него се додава дека депозитите, иако минимално, се зголемиле на квартална основа. „Порастот […]

Граѓаните лани имале разнишана доверба во банките и во денарот

мај 4, 2017

Граѓаните имале разнишна доверба во банките во вториот квартал од 2016 година, што било изразено преку повлекувањето на депозити, преку недоверба за стабилноста на домашната валута, како и преку засилена побарувачка на девизи, се вели во извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Македонија за 2016 година на Народна банка. Како резултат на тоа, банкарските депозити повеќе биле во странски валути […]

НБРМ: И покрај политичката криза, банкарскиот систем ја задржа стабилноста

април 27, 2017

Советот на Народната банка на Македонија го усвои годишниот извештај за 2016 година, при што се вели дека девизниот курс останал стабилен, стапката на реален пораст на економијата изнесувала 2,4 проценти и е умерено пониска во споредба со 2015 година. На крајот на 2016 година, надворешниот бруто-долг изнесува 7.253,2 милиони евра, или 73,5 отсто од […]

Банките го намалија кредитирањето, а ја зголемија ликвидноста во јануари

февруари 15, 2017

Народна банка нотираше намалување на вкупните кредити во јануари како резултат на пониското ниво на кредити на претпријатијата, при умерен раст на кредитирањето на населението. – На годишна основа, според првичните податоци, кредитната активност во јануари расте со солидно темпо, што е блиску до проектираниот раст за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската […]

Се зголемуваат заштедите на населението и депозитите, оцени Народна банка

февруари 15, 2017

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка, на која беа разгледани состојбите и показателите за домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари. Од Народна банка соопштуваат дека има сигнали за стабилизација во економијата и тоа го гледаат преку штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи. Kаматната […]

НБРМ: Банките се изложени на ризик од идно зголемување на каматните стапки

декември 16, 2016

„Банките се изложени на ризик од идно зголемување на каматните стапки, но широката примена на прилагодливите каматни стапки во договорите за кредити и за депозити вршат замена на овој вид ризик. Притоа се презема индиректен кредитен ризик поради чувствителноста на кредитоспособноста на клиентите од нагорни промени на каматните стапки“, се вели во соопштението на Народна […]

Се зголемуваат корпоративните и депозитите на домаќинствата

декември 16, 2016

Стабилизацијата на очекувањата на економските субјекти во третиот квартал позитивно се одрази на банкарското работење во целина, соопшуваат од Народна банка. – Квартално зголемување е забележано како кај корпоративните, така и кај депозитите на секторот домаќинства. Речиси еднаков придонес за зголемувањето на вкупните депозити забележаа и денарските и девизните депозити – се вели во соопштението […]

Народна банка ја намали основната каматна стапка од 4 на 3,75 проценти

декември 15, 2016

Каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, Народна банка ја намали за 0,25 процентни поени, и таа сега изнесува 3,75 проценти. – Ваквата реакција на монетарната политика е одраз на видливото стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, кое во континуитет е присутно во последните шест месеци, и на значително повисоката структурна ликвидност на […]

Наумов: Миноски ги задолжи граѓаните со 18 милиони евра

ноември 8, 2016

На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал министерот за финансии, Кирил Миноски, иако побаруваше 12,1 милиони евра, ги задолжи граѓаните со нови 18 милиони евра, се вели во реакцијата од дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов, на денешното задолжување на државата. Во него се додава дека јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги […]

Наумов: Јавниот долг и во ноември продолжува да се зголемува

ноември 4, 2016

„И покрај тоа што во периодот од 8 до 15 ноември, за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал, не доспеваат долгови за враќање, министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 8 ноември побарува 12,2 милиони евра. Jавниот долг ќе го зголеми за нови 12,2 милиони евра“, се вели […]

Богов: Инвестициите потфрлија, БДП ќе се зголеми за 2,3 проценти

ноември 3, 2016

Годинава инвестициите потфрлија, што влијаеше на проекцијата на порастот на домашниот бруто-производ на 2,3 проценти за 2016 година, изјави денеска гувернерот Димитар Богов, на презентацијата на октомвриските макроекономски проекции. – Потфрлија сите вкупни инвестиции: јавни, приватни, странски и домашни. Општиот амбиент поради политичката криза не беше најсоодветен и влијаеше врз довербата на инвеститорите. Зголемувањето на […]

Во Црна Гора живеат 47 милионери

ноември 2, 2016

Во Црна Гора живеат 47 милионери, додека 206 компании  имаат депозити, односно заштеда поголема од еден милион евра, покажуваат податоците на централната банка на таа земја. На крајот од третиот квартал годинава, вкупната заштеда на физичките лица во Црна Гора изнесува 1,5 милијарди евра, односно 52 проценти, додека депозитите на правните лица изнесуваат 1,4 милијарди евра, […]

Народна банка откупила 91,3 милиони евра во првите девет месеци

октомври 12, 2016

Најновите податоци за девизните резерви во септември покажуваат висок квартален пораст, што произлегува од задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар во јули, интервенциите на Народна банка со откуп на девизниот пазар и порастот на девизните депозити на банките кај Народна банка. Народната банка и во септември интервенирала со откуп на девизи од банките (вкупно […]

Страна 2 од 3