сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: депонија | 153 резултати

Илјадници тони отпад се истураат и се депонираат на нова локација во Тетово

март 17, 2017

Големи количества отпад деновиве се истурени над надвозникот на влезот од Тетово. Оваа локација сега Јавното комунално претпријатие Тетово ја користи за претовар на сметот, откако жители од тетовската населба Деребој блокираа дел од дивата депонија и кажаа дека нема да дозволат на оваа локација да се претовара и да се истура ѓубре. Сега планините […]

Депонијата во Адис Абеба усмрти 48 лица

март 13, 2017

Најмалку 48 загинати и десетина исчезнати е последниот биланс од свлечиштето на депонијата во близина на Адис Абеба, главниот град на Етиопија. Причината за големото свлечиште и поместување на ѓубрето во депонијата, која постои повеќе од 50 години, доправа ќе се утврдува. Локалното население вели дека причина за несреќата е реактивирање на дел од депонија, која […]

Најмалку 24 луѓе загинаа при одрон на депонија во Етиопија

март 12, 2017

Најмалку 24 лица загинаа, а 28 се повредени во одрон на депонија што се случи денеска во предградие на главниот град на Етиопија, Адис Абеба. Градоначалникот на Адис Абеба, Дириба Куме, вели дека најверојатно бројката на жртви ќе се зголеми зашто уште околу 30 лица се водат како исчезнати. При одронот на депонијата, целосно се урнати […]

Депонија во центарот на Охрид, помеѓу училиште и детска градинка

февруари 21, 2017

Освен што не направи ништо за образованието во Охрид, локалната самоуправа го става на ризик и здравјето на учениците, обвинија од СДСМ. Од охридскиот разгранок на партијата побараа градоначалникот Никола Бакрачески и раководството на основното училиште „Григор Прличев“ итно да ја исчистат депонијата што се создава среде најголемото основно училиште и веднаш до централната детска градинка, во […]

Кривична пријава за чуварот на депонијата кај Буково кој тешко повреди малолетник

февруари 15, 2017

СВР Охрид, му поднесе кривична пријава на С.Ѓ. (40), чувар на депонијата на јавното претпријатие „Охридски комуналец“, кај преминот Буково, кој, при сечење буково дрво, тешко повредил малолетно лице на возраст од 11 години од Битола. Го товари за основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност” и ,,тешки дела против општата сигурност”. […]

Сечејќи дрво, тешко повредил малолетно лице од Битола

февруари 4, 2017

С.Ѓ. (40), чувар на депонијата на ЈП „Охридски комуналец“, кај преминот Буково, при сечење буково дрво, тешко повредил малолетно лице на возраст од 11 години од Битола. СВР од Охрид, во соработка со јавен обвинител, ги презеде сите неопходни мерки во врска со казнивото дело предизвикување општа опасност, при што полициски екипи на секторот извршиле […]

И во 2017 година Тетово ќе го мачат истите инфраструктурни и комунални проблеми

јануари 2, 2017

Дивата депонија, каде тетовското комунално претпријатие го претовара сметот, и оваа година ќе биде рак-рана на градот. На таа локација се таложат илјадници тони смет, кој повремено се пали. – Ние повеќе не веруваме дека проблемот со депонијата конечно оваа година ќе се реши. Секоја година локалните власти само ветуваат, а ние секоја година се […]

Арифи даде отчет за сработеното, но ги заборави најгорливите проблеми во градот

декември 29, 2016

Успешна година со многу реализирани проекти. Вака градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на прес-конференција ја оцени 2016 година. Според неа, општинската власт решила голем број проблеми во градот, вклучувајќи реконструкција на училишта, асфалтирање на улици, нови контејнери, засадување на дрвја. Таа се пофали дека за време на нејзиниот мандат е изградена последната траса од цевководот […]

#Одговорност е да нема диви депонии

ноември 10, 2016

На дел од незаградената површина која порано беше база на „Комунална хигиена – Скопје“ во населбата Дуќанџик, веднаш до улицата на која има многу куќи, и по акциите од кампањата „Македонија без отпад 2016“ има дива депонија, на која е натрупан шут, разни крупни предмети, но и ситен отпад од домаќинства и од работилници. Така […]

Дивата депонија ги труе тетовци

октомври 19, 2016

Проблемот со дивата депонија во Тетово се усложнува наместо да се реши. Еколошкиот срам, како што ја нарекуваат тетовци депонијата лоцирана на влезот од градот, се шири кон железничката пруга. Граѓаните што живеат во непосредна близина, велат дека ситуацијата е алармантна. „Често се разболуваме од штетните материи што оваа депонија ги испушта во воздухот. Тука местото е […]

Во Тетово се создаде дива депонија со органски отпад која никој не ја чисти

септември 16, 2016

Месо, коски, рогови и други остатоци од разни животни скапуваат кај стариот градски стадион во Тетово на локацијата каде за време на празникот Курбан Бајрам, се продаваа и колеа животни. Од ова место кое е на само неколку метри од приватни домови, а на стотина метри од центарот на градот се шири непријатна миризба. – Ова […]

Тетовскиот отпад повторно се носи во Русино

август 22, 2016

Блокадата за тетовскиот смет кон депонијата Русино е отстранета. Од саботата навечер камионите на Јавното комунално претпријатие „Тетово“ го носат сметот во Русино бидејќи жителите на гостиварските села постигнаа договор со Центарот за Полошки плански регион за исполнување на минимум услови за носење и за депонирање на смет во депонијата во Русино. – Договорот за носење […]

Патот кон депонијата Русино повторно е блокиран

август 20, 2016

Повторно е воведена блокадата кон Русино за камионите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово. Жителите од гостиварсктие села не дозволуваат да се носи тетовскиот смет до Русино, поради како што велат, непочитувањето на точките од договорот кој е склучен меѓу нив и ЈКП Тетово. – Се договоривме да се носи сметот во 1 часот по […]

Тетовскиот смет од утре ќе се транспортира во Русино

август 17, 2016

Блокадата кон регионалната депонија Русино, која изминативе четири месеци важеше за камионите од комуналните претпријатија од полошкиот регион е остранета. На вчерашната средба одржана во Гостивар, Центарот за полошки плански регион ги прифати барањата на жителите од гостиварските села, кои не дозволуваа да се носи сметот до Русино. – Ги прифативме барањата на жителите од […]

Претоварната станица во Тетово претворена во планина од отпад

август 15, 2016

Поради блокадата кон Русино која важи за камионите на јавните комунални претпријатија од полошко, но и отежнатото носење на тетовскиот отпад до депонијата „Дрисла“, на претоварната станица за смет во Тетово, секојдневно се трупаат стотици тони отпад. Граѓаните кои живеат во близина на станицата стравуваат од појава на заразни болести. – Па има многу ѓубре […]

Горат депониите во Источна Македонија

август 12, 2016

Со денови гори депонијата кај Кочани, на патот за Пониква, а чадот веќе стигна до градот, што зборува за големината на огнот. Запалена е целата депонија каде се носи отпадот од Кочани и околината. Не помага ниту земјата која врз огнот ја истураат неколкуте вработени на јавното претпријатие „Водовод“. Недостасува механизација и доволни колични земја за […]

Гостиварци го блокираа транспортот на тетовскиот смет до депонијата Русино

август 10, 2016

Втор ден камионите на тетовското комунално претпријатие се блокирани на влезот од Гостивар. Жители од неколку гостиварски села на чело со гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, не им дозволуваат на камионите да го продолжат патот до депонијата Русино, каде тетовските комуналци вчера тргнаа да го депонираат отпадот. Од Јавното комунално претпријатие Тетово, изјавија дека сметот редовно […]

Протест пред Општина Тетово поради нерешениот проблем со дивата депонија

јули 20, 2016

Тетовци попладнево со блокирање на улицата пред општинската зграда и со истурање смет пред влезот на локалната самоуправа, го искажаа незадоволството од игнорантскиот однос на локалната самоуправа кон решавањето на проблемот со дивата депонија. Велат дека општинските власти немаат волја да ја исчистат депонијата, која секојдневно ги труе тетовци. – Последниве неколку недели, на дивата […]

Чести пожари на тетовската дива депонија

јули 12, 2016

Територијалната противпожарна единица Тетово деновиве постојано интервенира во гасење пожари, кои често се појавуваат на дивата депонија што се наоѓа на влезот од градот. Пред два дена интервенирале пет пати во гасење пожар кај депонијата. – Наша работа е да интервенираме во гасењето на пожарот, но има некој несовесен кој ја пали депонијата. Не можам да сфатам […]

Илјадници тони отпад наталожени во тетовската претоварна станица за смет

јули 7, 2016

На претоварната станица за комунален смет на Јавното комунално претпријатие Тетово, деновиве се наталожени илјадници тони отпад. Здравствените експерти предупредуваат дека ваквата состојба е загрижувачка, со оглед дека отпадот се депонира на локација која се наоѓа на влезот од градот, загадувајќи ги воздухот и подземните води. – Таму се создаваат канцерогени материи од прв ред, од типот […]

Страна 7 од 8