вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: депонија | 153 резултати

Завршено расчистувањето на депонијата „Мауцкер“ на влезот од Охрид

октомври 17, 2018

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ заврши со расчистувањето на депонијата „Мауцкер“, а во иднина истата тековно ќе се одржува. По поднесената апликација на Општина Охрид до Министерството за животна средина, доделени се повеќе од два милиони денари за реализација на овој зафат. Во расчистувањето и рамнењето на теренот беа ангажирани два булдожери, еден багер и два […]

ДИЖС: Печката за медицински отпад во „Дрисла“ не загадува

јули 27, 2018

Печката за согорување на медицински отпад во скопската депонија „Дрисла“ не испушта загадувачки материи во воздухот повеќе од дозволеното, соопшти Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Од таму велат дека од депонијата ангажирале акредитирана лабораторија која на 31 мај и 20 јуни мерела колкаво е загадувањето од таа печка, а резултатите добиени на 6 јуни […]

Филипче: „Комунална хигиена“ од денеска го расчистува ѓубрето во Клинички центар

јуни 20, 2018

Со градоначалникот на Град Скопје, постигнавме договор од денеска ЈП „Комунална хигиена“  да почне да го расчистува ѓубрето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дивата депонија кај Ургентен центар, а направивме и договор и во следниот месец тековно да се расчистува ѓубрето, сè додека не се избере на тендер фирма што ќе го […]

Секој жител на Македонија лани создал по 379 килограми отпад

април 23, 2018

Лани во Македонија е собран комунален отпад од 635.875 тони, а количеството на вкупно создаден комунален отпад изнесува 786.881 тони, објави Државниот завод за статистика. Годишното количество, пак, на создаден комунален отпад по жител во 2017 година изнесува 379 килограми, што е за 1,3 отсто помалку од истото количество во 2016 година. Споредено со 2016 […]

Градоначалничките кандидати за Струга за проблемите со водата и во сообраќајот

октомври 4, 2017

Лавдрим Елмази од Беса, Васил Ашталкоски од СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците на вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и „Вистиномер“, порачаа дека имаат решенија за најгорливите проблеми на Струга. Понудија неколку решенија за кои ветуваат дека ќе ги реализираат ако граѓаните им ја […]

Градоначалничките кандидати за Тетово ветуваат решавање на сите проблеми

октомври 3, 2017

Ветувајќи целосна транспарентност и посветеност на доброто на граѓаните, кандидадите Албанци за градоначалници на општина Тетово во вчерашната дебата на дебатниот карван „Живот во Македонија“ (#Debatpernime), кој го организираат „Порталб“, „Калѕо“ и телевизијата „Арт“, порачаа дека ако го освојат мандатот, конечно ќе прекине легализирањето дивоградби, урбаниот и сообраќајниот хаос и дека ќе го надминат проблемот […]

Тетовци истурија отпад пред Општината и побараа оставка од Арифи

август 20, 2017

Протестот на тетовци за чист воздух помина мирно, а граѓаните побaраа оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Тие истурија отпад пред зградата на Општината и извикуваа „Сакаме да дишеме“ и „Еве ви го отпадот“. Граѓаните најпрво се собраа на плоштадот, а од таму се упатија кон зградата на Општината. Тие денеска се жалеа на […]

Тетовци денеска ќе протестираат за чист воздух, се жалат на неподнослива миризба

август 20, 2017

Граѓаните на Тетово денеска во 13 часот ќе се соберат на плоштад за да протестираат за чист воздух, бидејќи по горењето на депонијата, жителите се жалат дека во градот се чувствува неподнослива миризба. Од плоштадот, како што е најавено на фејсбук-настанот „Депонија Тетово“, ќе се упатат кон зградата на Општина Тетово. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, […]

Тетовската депонија гори, ветрот ги отежнува условите за гаснење на пожарот

август 19, 2017

Дивата депонија во Тетово која се наоѓа на влезот на градот гори, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Огнот се шири кон силосите за жито на „Жито Полог“, а според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за неколку часа ќе се знае дали екипите на територијалната противпожарна единица ќе успеат да го изгаснат пожарот […]

Владата побарала поголем ангажман од институциите за справување со пожарите

август 1, 2017

Владата на Реублика Македонија синоќа на 18. седница расправала за повеќе точки, меѓу кои и ситуацијата со пожарот во Требовље, како и за проблемот со струшката депонија, соопшти владината служба за информирање. Како итна вонредна точка на дневниот ред на седницата, со која претседавал премиерот Зоран Заев, се нашла информацијата за пожарот во Требовље, во […]

Владата го усвои дополнетиот ребаланс на буџетот, донесе одлука за струшката депонија

јули 28, 2017

Владата на Република Македонија на денешната седница го усвоила предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии. Со оваа верзија на ребалансот, дополнета со амандмани од пратениците, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат пари во согласност […]

ЛДП: Од ветените 72 милиони евра, во Дрисла не е вложено ниту евро

јуни 19, 2017

По неколкуте реакции и обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ до министерот Зоран Шапуриќ за непреземање мерки за струшката депонија, неговата партија, ЛДП, денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не преземала речиси ништо за единствената депонија во Македонија, скопска Дрисла, која, како што вели, исполнува мал дел од стандардите, и не ги реализирала ветувањата за инвестирање во неа. „Во Македонија […]

ВМРО-ДПМНЕ: Гаснењето на депонијата нема да го реши проблемот на Струга

јуни 18, 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и неговите коалициски партнери дека го загрозиле здравјето на граѓаните и животната средина, дозволувајќи 10 дена граѓаните на Струга да го дишат штетниот воздух. „Со самото гасење на депонијата нема да се реши овој проблем, бидејќи постои опасност повторно да се запали, а истовремено има ризик да ја контаминира земјата […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто одби предлог за решавање на проблемот во Струга

јуни 17, 2017

Наместо да покажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто уште во 2013 година гласаше против предлогот на пратениците на СДСМ за трајно решавање на проблемот со струшката депонија, порача СДСМ во одговор на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата на власт беше обвинета за незаинтересираност и за неспособност за решавање на проблемот на стружани. „ВМРО-ДПМНЕ […]

Депонијата во Струга изгасната

јуни 17, 2017

Пожарот во депонијата во Струга попладнево е конечно изгаснат. Екипите на теренот продолжуваат со работа за затрупување на целата депонија со земја, за да не се случи повторно да се запали некој помал дел. Работниците ноќеска работеле цела ноќ, при што еден работник изгубил свест поради труење од чадот.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата неспособна да помогне на стружани и да ја спаси туристичката сезона

јуни 17, 2017

„Владата на СДС и нивните коалициски партнери ја покажуваат сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга. Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското Езеро во депонија“, обвини ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение. Партијата вели дека […]

Почна гаснењето на пожарот во депонијата кај Струга

јуни 16, 2017

Откако граѓаните протестираа и се заканија со граѓанска непослушност, попладнево почна гаснење на пожарот во депонијата кај Струга, во акција на локалните власти во соработка со државни институции. В.д. градоначалникот на Струга е оптимист дека санацијата на депонијата може да заврши до крајот на овој месец. Побарано е и Дирекцијата за заштита и спасување да […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги слуша барањата на стружани за итно затворање на депонијата

јуни 16, 2017

СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, jа загрозуваат летната туристичка сезона, a револтот од граѓаните кон владата на СДС се зголемува, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Додека министрите од владата на СДС секој ден се среќаваат со разни амбасадори, стружани се задушуваат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден […]

Илиоски: Да се одржи итна собраниска седница за состојбата со депонијата во Струга

јуни 15, 2017

Бараме по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од депонијата што со денови ги труе стружани, вели Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. – Загадувањето од депонијата во Струга е проблем со кој се соочени и Македонците, и Албанците, и Турците и Власите и сите други […]

АХВ на Ќафасан запленила 1.300 килограми небезбедно месо од Бразил

април 19, 2017

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) запленила 1.300 килограми небезбедно пилешко месо со потекло од Бразил на граничниот премин Ќафасан. Запленетото месо, како што се наведува во соопштението, било уништено на депонијата во Струга. – Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, […]

Страна 6 од 8