fbpx
Таг: депонии

таг: депонии

Порталб: Отпадоците пред старата пошта во Тетово не се чистат неколку дена, жителите се жалат на лошата миризба

Купиштата отпадоци што изгледаат како мала депонија се наоѓаат со денови пред старата пошта во Тетово. Жителите од оваа населба пред три дена се пожалија до редакцијата на Порталб.мк, а ние потврдивме дека отпадоците сè уште не се исчистени. Јавното комунално претпријатие (ЈКП) не реагира, пишува Порталб.мк. На 31 мај, на официјалната е-пошта на нашата редакција пристигна фотографија на која...

Селекцијата да не зависи од постојните цени на отпадните материјали, потребен е финансиски одржлив модел

Процентот на селекција на отпадот во земјава не смее да зависи од моменталните цени на отпадните материјали на пазарот, туку неопходен е финансиски одржлив модел. Ова се однесува на неформалните собирачи на отпад, на јавните комунални претпријатија, но и на сите други субјекти кои се вклучени во делот на примарната и секундарната селекција на отпадот, велат од Здружението за...

Селекцијата на отпадот е скапа инвестиција, македонските општини сами не можат да ја покријат

Една канта за отпад од 120 литри чини 10 евра. При непостоење на селекција неопходен е само тој сад за одлагање на отпадот, додека ако се врши селекција на отпадот, тогаш се неопходни минимум три различни контејнери во кои граѓаните ќе треба да го фрлаат ѓубрето. Ова значи и набавка на посебни комунални возила за собирање на селектираниот отпад,...

Премалку селектираме отпад во земјава, затоа имаме преполни депонии и минорно рециклирање [инфографик]

Селекцијата на отпадот што го создаваме во секојдневието е прашање на кое македонските граѓани придаваат многу мало значење. Со години наназад, статистичките податоци покажуваат дека измешаниот комунален отпад доминира во количеството што секојдневно го собираат јавните комунални претпријатија и другите субјекти овластени за управување и третман со отпадот. Од 2014 година до денес, период за кој постојат податоци од Државниот...

Најголем дел од македонските граѓани и понатаму не го селектираат отпадот што го исфрлаат од домовите [инфографик]

Најголем дел од македонските граѓани не го селектираат отпадот што секојдневно го исфрлаат од своите домови. Статистиката покажува дека и во 2020 година, исто како со години наназад, најголем дел од комуналниот отпад што го собираме е неселектиран. Тој завршува на депониите со висок ризик за загадување на животната средина, особено во делот на почвите и водите. Проблемот со...

Општините не успеале да соберат над 280.000 тони комунален отпад минатата година [инфографик]

Македонските граѓани продолжуваат да создаваат огромни количества на комунален отпад, кои општинските комунални претпријатија не успеваат да го соберат и да го однесат до депониите. Во 2020 година, вкупното количество на создаден комунален отпад изнесувало 913.033 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со 2019 година, сме создале за 1 отсто помалку отпад, но далеку поголемо...

За три недели Порталб.мк сними 3 мали депонии во „Студентската населба“ во Тетово

Паркот во близина на двата универзитета и двете средни училишта, кој се наоѓа во дворот на Средното училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, низ кој минуваат секој ден ученици, беше полн со ѓубре и кучиња скитници. Активистката на Движењето „Мајка и дете“, Елмедина Абдулаи за Порталб.мк изјави дека често се чувствува засрамено кога доаѓаат посетители од странство и гледаат со...

Месецов почнува чистењето и затворањето на 77 депонии и ѓубришта во Источен и Североисточен регион

Завршен е изборот на двете компании што ќе го вршат надзорот и претстојниов месец ќе започне чистењето на несоодветните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот плански регион, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во 18-те општини од овој дел на земјава ќе се чистат 70 диви депонии (ѓубришта) и 7 од постојните нестандардни општински...

Ревизорите потврдија: Пластиката не се селектира, погоните за рециклирање мора да увезуваат отпад

Диви депонии на секое ќоше, преполни контејнери со отпад по населбите, рекордни количества на создаден отпад на национално ниво. И покрај ваквата состојба со отпадот во Македонија, инсталациите за рециклирање на пластичен отпад во земјава мораат да увезуваат отпадна пластика од странство за да обезбедат ефикасно работење во третманот и преработката на пластичниот отпад. „Од страна на надлежните институции на...

Владата ги задолжи министерствата да обезбедат средства за регионалните системи за управување со отпад

Владата на вчерашната седница ги задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион, информираат од владината прес-служба. На владината седница била разгледана и усвоена Информацијата за...

Македонија, отпадот и депониите во 2030 година: Граѓаните ќе мора да тргнат од себеси за промени [инфографик+фото]

Вообичаено утро во пекара во Скопје. Две четвртини бурек и две чашки јогурт, ѝ вели купувачот Томе на продавачката. Тој излегол да купи доручек за своето семејство, но заборавил со себе да земе платнена торба. И да ја зел со себе, продавачката сепак ќе се изненади дека Томе ѝ нуди торба за да го стави бурекот и одговара дека...

Ако има волја од општините и притисок од државата, првата регионална депонија ќе почне да се гради во 2021

Уште неколку важни активности треба да се спроведат, како би можело во 2021 година да отпочне постапката за изградба на првата современа регионална депонија во земјава за Источниот и Североисточниот плански регион. Првиот чекор што треба да се комплетира од сите општини во овие два региона е општинските совети да ја донесат одлуката за формирање на Јавното Меѓу-регионално претпријатие...

Ќе се чисти депонијата Визбегово од 50.000 кубни метри различен отпад

Ќе се чисти депонијата Визбегово, децениски проблем на Скопје и еден од поголемите причинители на загадувањето на воздухот. Активностите денеска ги најавија министерот за животна средина Насер Нуредини, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалниците на Бутел и Шуто Оризари, Велимир Смилевски и Курто Дудуш, откако вчера Државниот инспекторат за животна средина на лице место откри како камиони и...

Скопскиот регион создава најмногу комунален отпад, но е и единствен кој има стандардна депонија (инфографик)

Во Скопскиот плански регион се создава најмногу комунален отпад во земјава, но и најголемиот дел од него е регистриран како собран. Воедно, во овој регион постои единствената стандардна депонија во нашата земја - депонијата „Дрисла“, која што поседува А-интегрирана еколошка дозвола и е единствена во земјава во која депонирањето на отпадот се врши барем според минимумот европски стандарди. Податоците на...

Проблемот со третманот на отпадот го „ставаме под тепих“, резултат ни се дивите депонии [мултимедија]

Изградбата на регионалните депонии со години наназад е „жежок костен“ во рацете на македонските власти, кои проблемот со реализација на проектите постојано си го префрлаат од локалната на централната власт и обратно. Како резултат на ова, по повеќе од една деценија наназад, во земјава не е формиран ниту еден современ систем за третман на отпадот со негова селекција и...

План за управување со отпадот до 2030 година – многу амбиции, малку извори на финансии

Северна Македонија е на прагот да добие нов Национален план за управување со отпад за периодот 2020-2030 година, со многу амбициозни проекти за реализација, но засега со премалку пронајдени финансиски средства за нив. Меѓу целите што се поставени во овој стратешки документ, би требало да се врши собирање на мешаниот цврст комунален отпад од сите домаќинства во земјава, а...

На нелегалната депонија во Тетово веќе четврти ден ноќе се фрла ѓубре и потоа се гори

Големи количини отпад вчера беа изгорени во близина на железничката станица во Тетово. Од страна на општинските власти ни беше кажано дека овој дел бил исчистен порано, но последните 3-4 дена повторно биле фрлени отпадоци. Од противпожарната единица на Тетово рекоа дека во текот на денот интервенирале два пати на тоа место и се сомневаат дека некој во текот...

Сè уште не се знае која фирма и кога ќе го чисти линданот од ОХИС

Сè уште не се знае која компанија ќе го чисти токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС, ниту пак кога ќе започнат и колку време ќе траат работите на терен. Според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање, тендерот за избор на фирма сè уште не е финализиран, иако според првичните најави компанијата требаше да биде позната...

Тетовската бања со мини депонија, инспекторите за животна средина ова го дознаваат од медиумите

Полека но сигурно, делот од реката Пена кај Тетовската бања го добива епитетот депонија. Иако ова место е преполно со отпадоци и има страшна реа, Инспекторатот за животна средина во Тетово за ова дозна од новинарот на „Порталб.мк“ бидејќи тие не ја забележале депонијата и не биле претходно известени за овој случај, пишува „Порталб.мк“. Ова не е прва, но ниту...

Инженерите може да понудат решенија за загадениот воздух

Градовите може да станат одржливи и да бидат подобро место за живеење доколку се искористи креативноста на инженерите, беше констатирано на денешното одбележување на Светскиот инженерски ден во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ). „Како што инженерите проектираат и градат објекти и сообраќајници, треба и да понудат решенија за намалување на загадувањето како најголем предизвик во урбаното живеење,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...