fbpx
Таг: дечиња и родители

таг: дечиња и родители

Родители на 14.555 деца досега покажале интерес за прием на нивните деца во градинка

Од вкупниот капацитет на детските градинки од 19.000 деца, досега родителите на 14.555 деца покажале интерес нивните деца да посетуваат градинки, покажуваат податоците на Министерството за труд и социјална политика. Министерката Јагода Шахпаска денеска изјави дека дел од родителите што ги пријавиле децата, изминатата недела не ги носеле во градинка. Од тие причини, ова министерство упати допис до градинките...

Полесно е да се дисциплинираат децата во градинка одошто децата во Градиште (галерија)

По шест месеци, денеска градинките во државата се отворија за прием на деца. Со мерење телесна температура на влез и со дезинфекција на рацете, денеска едно по едно беа примани децата во градинката ,,Буба Мара" во Аеродром. На подот се означени места со два метри дистанца, на кои родителите треба да чекаат пред објектот за да влезат. Во градинката...

Градинките подготвени да ги примат дечињата, најтешко ќе биде да им се забрани гушкањето (галерија)

За помалку од една седмица (9 септември) градинките во земјава ќе почнат да примаат дечиња, а дотогаш раководствата во згрижувачките установи треба да се подготват согласно протоколите за заштита од ширење на ковид-19. „Мета.мк“ поразговара со неколку директори на градинки и родители во Скопје, пред реотварањето на објектите за најмалите. Општина Чаир е општина со поголем наталитет споредено со некои...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...