fbpx
Таг: дебата

таг: дебата

В понеделник ДУИ ќе реши дали ќе влезе во владата или ќе поддржи малцинска влада

Централното претседателство на ДУИ денеска дебатира помеѓу две опции, едната е за учество во новата влада, а другата за поддршка на малцинска влада, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Тој додаде дека најважната пречка - законот за употреба на јазиците - е надмината и тоа е став кој е усогласен помеѓу ДУИ и СДСМ. На новинарско прашање што се подразбира под...

Османи: ДУИ вечерва нема да донесе одлука дали ќе му ги даде потписите на СДСМ

Оваа дебата што се одвива на централното претседателство ќе биде маратонска, ќе трае доцна во ноќта и нема да се донесе никаква одлука во однос на тоа дали ќе му се дадат потписите на СДСМ за состав на нова влада или не, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за време на заседанието на централното претседателство на партијата во Мала...

Тркалезна маса во Охрид: „Секој може и има право да биде вработен“

Институтот за економско истражување и политики „Фајненс тинк“ (Finance Think) од Скопје, денеска во Охрид организира тркалезна маса под мотото „Секој може и има право да биде вработен“. Тема на дебатата ќе бидат проблемите и можностите за вработување на жителите на Охрид, градот кој, веќе години наназад, е на самиот врв според бројот иселени од земјава, а заминуваат, главно, млади...

Гарет: Македонија во 2027 година ќе има жена премиер и ќе биде во ЕУ и во НАТО

Британската амбасада во Скопје преку социјалната мрежа „Фејсбук“ почна кампања насловена „Македонија 2027“, преку која сака да слушне од граѓаните каде ја гледаат земјата за десет години, што би сакале земјата да постигне. Свој поглед на иднината на Македонија, прв даде британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, кој предвидувањата ги претстави преку личниот дневник, напишан „на 26 август 2027 година“. Гарет, таму предвидува дека во...

Груевски презафатен да излезе на ТВ-дуел на МТВ и на „Телма“

Лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, нема да имаат предизборно телевизиско соочување. Вакви ТВ-дуели помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА беа закажани на неколку телевизии, но беа и откажани поради, како што соопштиле дел од лидерите, презафатеност. Изборно соочување помеѓу лидерите на четирите најголеми партии за утре беше закажано на...

Корупцијата е како камелеон – ја менува формата, а не суштината

„Не очекувајте да откриеме нешто ново за корупцијата во државата, бидејќи колку повеќе се трудиме да ја идентификуваме, толку повеќе коруптивните активности ја менуваат својата форма“, изјави поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, на дебатата за предизвиците во изборниот процес во Македонија, која ја организираше „Цивил“ - Центарот за слобода. Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики вели...

Клинтон и Трамп во жолчна расправа поради Русија

Кандидатите на претстојните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, се судрија во завршната дебата во кампањата околу Русија, откако Клинтон директно го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ги наредил хакерските напади за да му помогне на нејзиниот ривал од редовите на републиканците да победи. Расправата околу Русија била само дел од размената на тешки зборови за...

ВМРО-ДПМНЕ одржува панел-дебата „Видливи и реални проекти“ во МОБ

Панел-дебата на темата „Видливи и реални проекти“ организира ВМРО-ДПМНЕ во Македонска опера и балет. Настанот се одржува во рамките на тридневниот отчет на партијата за постигнувањата, проектите и за политиките. На вечерашната дебата, меѓу другите, учествуваат и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик-министерот за образование и за наука, Спиро Ристовски, и директорот на...

Остра дебата меѓу Трамп и Клинтон

Втората, претпоследна дебата во пресрет на претседателските избори во САД, меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп се одржа синоќа во Сент Луис. Дебатата почна со провокација и продолжи во тој тон. Многу лични напади, упаѓање во збор, но изостанаа конкретните одговори на разни теми и од двата кандидати. Како што се очекуваше, дебатата почнала со прашање за тонското парче објавено...

Заев подготвен за ТВ-дуел, Груевски размислува

Дебатата за економските политики помеѓу министерот за финансии, Кирил Миноски, и дополнителниот заменик-министер за финaнсии, Кире Наумов, од 16 септември и вчерашната (6 октомври 2016) помеѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и дополнителниот заменик-министер, Оливер Андонов, и покрај сите слабости, сепак се зрак надеж за повеќе од деценија закочените меѓусебни соочувања на политичарите. Тоа ја наметна дилемата дали е можен ТВ-дуел...

Цените на акциите на светските берзи во пораст по дебатата Клинтон – Трамп

По вчерашната прва дебата на претседателските кандидати на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, цените на светскиот пазар денеска се зголемија. Инвеститорите ја следеа дебатата на Доналд Трамп и на Хилари Клинтон, барајќи ја, како што велат аналитичарите, помалку лошата опција за пазарот. Во работата на европските берзи, францускиот индекс се зголеми за 1,5 отсто, германскиот и англискиот за 0,2 отсто,...

Жестока прва дебата на Клинтон и на Трамп

Жестока дебата имаа синоќа кандидатите за претседател на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, кои се соочија на првата од трите телевизиски дебати пред претседателските избори закажани на 8 ноември. Клинтон го принуди Трамп да се брани, атакувајќи го во поглед на неговиот темперамент, одбивањето да ги објави неговите даноци, како и последните расистички и сексистички коментари. - Вие живеете во своја сопствена реалност...

Клинтон и Трамп вечерва на прв ТВ-дуел

Водечките претседателски кандидати, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, вечерва првпат ќе се соочат во телевизиски дуел, кој би можел значително да ја смени поддршката меѓу гласачите, која сега е речиси изедначена. Дебатата, која ја организира телевизијата „Ен-би-си“, ќе им овозможи на кандидатите првпат директно да ги соочат аргументите, но и да го подобрат својот имиџ кај гласачите. Повеќето гласачи негативно...

Села бара Македонија да биде една изборна единица

Македонија да биде една изборна единица и да се избираат пратеници по пропорционалниот модел. Ова е ставот на Движењето за реформи на ДПА, што денеска на прес-конференција во Тетово го соопшти претседателот Зијадин Села. Тој истакна дека сега е моментот да се исправи неправдата со големата разлика на гласови во шесте изборни единици. - Сега, кога се актуелни измените во законот за...

Министерство за финансии ќе го достави новиот буџет до Владата

Министерство за финансии ќе го достави буџетот за 2017 година до Влада денеска или во понеделник, најавил министерот за финансии Кирил Миновски во телевизиска дебата на која гостувал заедно со дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов. Од Министерство за финансии се уште официјално не ја потврдуваат оваа информација. Информацијата дека е можно вадата да предложи да се донесе буџетот на два месеци...

Советот на АВМУ ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на медиумите за изборите

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја усвоил Нацрт-методологијата за „мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2016 година“, соопштија попладнево од Агенцијата. Оттаму информираат дека заради обезбедување на максимална транспарентност на процесот на усвојување на документот во финална верзија, како...

МАНУ ја откажа дебатата во Охрид и наместо неа ќе одржи тркалезна маса

На Научната и културна визита Охрид – 2016, во организација на МАНУ, за утре беше предвидено да се одржи дебата на тема „МАНУ и македонската наука и уметност“. Во меѓувреме, од Академијата соопштија дека оваа дебата е откажана и, наместо неа, утре, во Куќата Уранија во Охрид, ќе се одржи тркалезна маса под наслов „МАНУ, науката, уметноста и високото образование -...

Срѓан Керим не учествуваше на ТВ-дебатата за генерален секретар на ОН

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, како и кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек, не учествуваа на историската дебата во живо во ОН, на која десетте од 12 кандидати ги презентираа своите кандидатури и одговараа на прашања од земјите членки на ОН за клучните глобални прашања. Дебатата, која синоќа ја пренесуваше телевизиската мрежа „Ал Џезира“, ѝ овозможи...

Новиот рудник за гранит ја вжешти политичката сцена во Битола

Дебатата за новиот рудник за експлоатација на минерална суровина гранит на локалитетот Билбил kамен, ја вжешти политичката сцена во Битола. Рудникот кој е оддалечен околу два и пол километри од централното градско подрачје и околу 800 метри од првото населено место, ги спротивстави власта и опозицијата во еден од најзагадените градови во земјава. Главното прашање, дали рудникот ќе има штетни последици по...

Дамите од СЈО се позитивен пример за жени кои имаат реална моќ за промени

Дамите од Специјалното јавно обвинителство се класичен пример дека жените со својот интелект, но и сензибилитет, можат да играат активна улога во промената на едно општество. Ова беше заклучокот од дебатата што се одржа во Тетово со наслов „Жените во општествените и во политичките промени - Дали ни се потребни хероини“. - Жената во изминатиот период во Македонија е деградирана, освен ако за пример...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...