fbpx
Таг: ДДВ

таг: ДДВ

УЈП: Податоците на граѓаните внесени во апликацијата „Мој ДДВ“ се безбедни

Во врска со одредени реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата „Мој ДДВ“, Управата за јавни приходи известува дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 проценти од платениот ДДВ. „Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-маил...

Апликацијата „Мој ДДВ“ е достапна на веб-страницата на УЈП, за „андроид“, но не и за „иос“

Апликацијата „Мој ДДВ“ преку која граѓаните ќе може да ги скенираат фискалните сметки, со цел поврат на 15 проценти ДДВ е достапна за преземање од веб-страницата на Управата за јавни приходи, информираа денеска од таму. Корисниците на „епл“ телефоните во моментов не можат да ја користат, и таа ќе биде достапна за преземање за краток период. „Најавувањето за преземење на апликацијата...

Од денеска стартува враќањето на ДДВ на граѓаните, чувајте ги фискалните сметки

Враќањето на 15 проценти од данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните стартува од денеска. Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од денеска ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки...

Владата очекува граѓаните да станат инспектори за враќање на ДДВ

Владата очекува граѓаните да се однесуваат како инспектори по 1 јули откако ќе стапи на сила Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Во образложението се вели дека намалувањето на даночната евазија е основната причина за донесување на овој закон. „Со донесувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките...

Се намалува ДДВ-то за парното од 18 на пет отсто

Данокот на додадена вредност (ДДВ) на парно-греењето ќе се намали од 18 на пет отсто информираше денеска премиерот Зоран Заев по одржувањето на состанокот на Интересорската група за животна средина. „Намалувањето на данокот ќе значи и пониски сметки за парно греење за околу 11 отсто или за 220 денари месечно, односно 2.600 денари годишно. Намалувањето на данокот ќе биде дополнителен...

Владата донесе одлука да го намали ДДВ-то за гасот од 18 на 5 отсто

Владата донесе одлука да го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за гасот од 18 на 5 проценти, соопшти премиерот Зоран Заев кој заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во придружба на директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи и градоначалникот на Општина Прилеп...

Арсовска: Сузбивање на сивата економија, главен предизвик за стопанството

Сузбивање на неформалната економија во земјава која изнесува над 30 проценти од севкупната економија е главниот предизвик за обезбедување стабилен деловен амбиент и работа под еднакви и фер услови за сите субјекти во приватниот сектор, вели претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска. Според неа, со моменталните состојби на удар се особено малите и средни претпријатија кои како двигател...

Лукаревска: Се уште го утврдуваме начинот на кој ДДВ-то ќе им се враќа на граѓаните

Работна група од Управата за јавни приходи и Министерство за финансии разгледуваат на кој начин ќе се врши поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните, кој премиерот Зоран Заев најави дека ќе стартува од 1 јули годинава. „УЈП и Министерство за финансии уште од лани прават анализи. Во одредени држави овој проект се спроведува не целосно и не...

Општина Струмица поднесе барање до Владата за намалување на стапката на ДДВ за гасот

Општина Струмица доставила барање до Владата за намалување на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за гасот од 18 на пет проценти. Според градоначалникот Коста Јаневски, решението на проблемот со загадениот воздух, во кое во најголем дел учествува затоплувањето на домовите е преку гасификација, како и проширување на гасоводната мрежа. За таа цел Јавното претпријатие „Срумица гас“ аплицирало до...

Тевдовски: Модулот за автоматски поврат и пребивање на ДДВ ќе стартува годинава

Навремен и неселективен поврат на ДДВ преку модул за автоматски поврат, електронско следење на плановите за јавните набавки, како и електронско обработување на царинските декларации и акцизните документи се дигитални процеси на кои Министерството за финансии заедно со УЈП и Царинската управа работеле минатата година, со цел подобрување на услугите за граѓаните и фирмите. - Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски...

Компјутерска софтвер програма неселективно ќе им го враќа ДДВ на фирмите

ИТ Секторот на Управата за јавни приходи (УЈП) развил компјутерски софтвер кој автоматски ќе прави поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, соопшти денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски ја посетија Регионалната дирекција на УЈП во Скопје. Според министерот Тевдовски, со новиот систем ќе...

Што нè очекува во 2019: Прогресивен данок, поврат на ДДВ, УЈП ќе ни ѕирка во сметките …

Изминува бурна година во која македонските граѓани беа изложени на невидени политички скандали, неизвесност и економска стагнација. Иако само времето може да покаже дали ќе дојде до позитивни промени во 2019 година има неколку економски и политички моменти кои уште сега може да се предвидат, а кои битно ќе влијаат врз секојдневното живеење. Извесно е дека од 1 јануари 2019...

Заев најави поврат на ДДВ до 15 проценти за граѓаните од 1 јули 2019

Премиерот Зоран Заев во телевизиско интервју за „24 вести“ , во однос на економијата рече дека очекува 2019 да биде економска година за Македонија. Неговите проценки се дека домашниот бруто-производ (БДП) ќе расте во последните два квартала и очекува да продолжи да расте до најавените пет проценти до крајот на мандатот. Оптимизмот го правда со отворените интеграции и регионалната соработка. Заев посочи на...

УЈП ја објави новата листа на должници, последна за годинава

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31 август и неплатени до 30 ноемрви по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата објавени се 2.140 должници - правни лица што е помалку за 13 од претходната листа и 2.370 физички...

УЈП го продолжи рокот за поднесување на пријавата за ДДВ

Управата за јавни приходи соопшти дека, рокот за поднесување на пријавата за данок на додадена вредност ДДВ-04 се продолжува, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-даноци. „Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата, 25 октомври се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 29 октомври“, информираат од УЈП. УЈП ја својата веб-страница, потсети...

Тевдовски: Наплатата на даноци повисока за 120 милиони евра повеќе од лани

Наплатата на даноци и придонеси заклучно со август е повисока за 120 милиони евра во однос на минатата година, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој додаде дека даноците и придонесите пораснале за седум проценти во однос на минатата година. - Наплатата на даноците покажува интензивирање на економската активност. Ова се должи во голема мерка на растот на данокот на...

Тевдовски: Стапката на ДДВ за станови останува 5 проценти

За прв промет на станови, останува повластената стапка на ДДВ од 5 проценти. Денеска предлог измените на законот за изменување на Законот за додадена вредност влегоа во собраниска процедура. - Со Предлогот на Законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност се врши пролонгирање на рокот и тоа до 31 декември 2023 година, за примената на повластена даночна...

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници брoj седум, за долгови доспеани до 31 март и неплатени до 30 јуни по основ на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата на должници објавени се 2.069 правни лица и 1.812 физички лица. Вкупно објавениот нето-долг...

ССК и УЈП заеднички ќе се борат против нерегистрираните бизниси

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска потпишаа Меморандум за соработка за заеднички да се координираат за регистрирање на субјектите кои немаат регистрирано фирма, a со цел намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција Меморандумот за соработка помеѓу институциите го потпишаа претседателката на ССК, Данела Арсовска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска. „Неформалната т.е сивата економија...

ЦЕА: Владеењето на правото треба да овозможи амбиент за економски раст

Македонија бележи назадување во владеењето на правото во последните години, но овие движења не се неочекувани, имајќи ја предвид долгата политичка криза која на површина го исфрли селективното спроведување на правото во подолг временски период, велат од Центарот за економски анализиа ЦЕА. Од таму додаваат дека владеењето на правото треба да овозможи амбиент за ефикасна пазарна економија, за економски раст и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...