fbpx
Таг: данок

таг: данок

Уште 40.000 граѓани се очекуваат да пријават данок – рокот истекува утре

Утре истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход, за приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2016 година, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП). - Во текот на вторник и на среда се очекува околу 40.000 граѓани да ја исполнат својата обврска. Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје...

СДСМ: Праведна даночна распределба за сиромашните да плаќаат помалку

Промените во даночниот систем ќе обезбедат поголема праведност во распределбата на доходот и богатството во нашата земја, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму велат дека тоа ќе го направат преку воведување на праведен персонален данок на доход, укинување на максималната горна граница за плаќање на придонесите на плати, воведување на праведно оданочување за поседување на повеќе имот и посилно...

СДСМ: Од 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме

Македонија ќе биде држава на финансиски стабилни семејства, на насмеани деца и на среќни граѓани, се вели во соопштението на СДСМ. - Ќе ги зголемиме платите и ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да можат да даваат повисоки плати на вработените. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, индивидуално, преку враќање на 15 проценти...

Општина Гостивар ќе има буџет околу 18 милиони евра во 2017 година

Oпштинската каса на Гостивар за наредната година ќе тежи 1.098.684.000 денари или околу 18 милиони евра. Советот на Општината го усвои буџетот на денешната седница со мнозинство гласови и без многу расправа. Според објаснувањето што го дадоа од секторот за финансии, буџетот најмногу ќе се полни од трансфери и од дотации, кои во вкупните приходи учествуваат со 64 проценти. По нив следуваат...

Со сметка од 50 евра, во Грција имате право да побарате враќање на ДДВ

Грчките власти ја намалија границата за враќање данок на додадена вредност (ДДВ) на купени производи, бела техника и облека во Грција за странски државјани. Ако досега за да ви биде вратен ДДВ беше неопходно најмалата сума на една сметка да биде 120 евра, со одлука на генералниот секретаријат за јавни приходи, сега сумата е намалена на 50 евра. Отсега со секоја...

Манчевски: Данокот на добивка на ИТ-компаниите да се намали од 10 на 5 отсто

„Доколку данокот на добивка за ИТ-компаниите се намали од 10 на 5 отсто, ќе останат повеќе пари за компаниите. Овие пари ќе се вложат за да се отворат нови работни места, кои ќе бидат повисоко платени работни места за обучени млади луѓе. Тоа ќе биде нивната мотивација да останат во земјава“, изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на Скопски саем, каде...

Заев: Реформата во судството мора да е прва затоа што е најзначајна

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната трибина „Кои треба да бидат итните реформи штo новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?“ со невладиниот сектор, рече дека неговата партија во моментов развива стратегија за она што би реализирале во првите шест месеци. Заев рече дека СДСМ верува дека предност треба да им се даде на домашните компании и тие...

Министрите за финансии на ЕУ ја поддржаа одлуката на ЕК за данокот на „Епл“

Министрите за финансии на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) денеска на состанокот во Братислава, ја поддржаа одлуката на Европската комисија (ЕК) дека компанијата „Епл“ треба да плати неколку милијарди евра поради неплатениот данок во Ирска, пренесуваат светските агенции. Холандскиот министер за финансии, Јерун Дајселблум, и неколкумина негови колеги го повикаа „Епл“ да го плати износот, кој, според аналитичарите, со каматата...

Кога се работи за поголема сума на ДДВ, државата потешко го враќа на компаниите

Компаниите на кои државата треба да им врати данок на додадена вредноста (ДДВ) во износ поголем од два милиони денари месечно, многу потешко ги добиваат тие пари, покажува најновата анкета на 800 компании, што ја спроведе Стопанска комора на Македонија во август. Доцнењата во исплатата подолго од предвидениот рок им задаваат тешкотии во работењето. За фирмите кои имаат помала сума на повраток...

На телефонскиот број 143-400 не може да се донира од странство

На телефонскиот број 143-400 за донации кој Црвен крст го отвори за помош на погодените од поплавите во скопскиот регион, не може да се остварат донации од странски мобилни оператори, потврдуваат за „Мета“ од „Оне-Вип“. - На бројот кој е отворен за донации исклучиво може да вртат претплатници на соодветниот оператор. Донации не можат да се остварат од странски мобилен...

Македонија и пол на одмор во Грција

Македонските и бугарските туристи се најбројни на грчките плажи. Според јулските бројки на Народната банка на Грција, во таа земја пристинале повеќе од 3 милиони македонски туристи, што се смета за голем пораст во споредба со 2013 година, кога имало 1,65 милиони посети од нашата земја. Сепак, македонските туристи, според анализата, остануваат кратко, неколку дена или викенд, и трошат многу...

Нападите не го намалија бројот на чартер-летови од Скопје за Турција

И покрај влошената безбедносна состојба и зачестените терористички напади во Турција, граѓаните не се откажуваат од летувањето во најбараната туристичка дестинација, Анталија, информираат од туристичките агенции во Македонија. - Во Анталија немало терористички напади, туристите не се плашат и не ги откажуваат аранжамните. Секој ден има чартер-летови кои се полни. Граѓаните ги користат намалените цени во хотелите бидејќи ги нема туристите од...

Парични казни за 300 штипјани оти заборавиле да пријават дека платиле данок

Парични казни од 100 евра треба да платат околу 300 штипјани, главно издавачи на станови, кои платиле данок, но не пријавиле дека го сториле тоа. Тие, главно поради неинформираност, не поднеле аконтативна даночна пријава, со која се пријавува дека е платен данокот на остварениот приход. На нивните домашни адреси деновиве почнале да пристигнуваат решенија со кои се казнуваат поради тоа што...

ЕП ќе формира комисија за документите од Панама

Комисија составена од 65 члена ќе има 12 месеци за да изработи и да достави извештај до Европскиот парламент за документите од Панама, соопштија од прес-службата на ЕП. Комисијата ќе разгледува обвиненија за непочитување на законите на ЕУ против перење пари и избегнување даноци. Мандатот на комисијата беше одобрен на 2 јуни од претседателот и од лидерите на политичките групи, а...

Грчкото собрание ги изгласа новите закони за даночни поскапувања

Со 153 гласа „за“, грчкото собрание го изгласа новиот пакет закони кои во Грција носат нови даночни поскапувања, пензиски реформи и приватизација на државните компании. Мерките ги поддржаа пратениците на владеjачката коалиција СИРИЗА-Независни Грци, кои исто така го изгласаа и автоматскиот механизам за стопирање на финансиите во јавната администрација, кој ќе се активира доколу Грција до 2018 година не...

Инстант гласање во грчкиот парламент за ново зголемување даноци

Две недели по изгласување на пакетот мерки од 5,4 милијарди евра, грчката влада пред собранието викендов ќе донесе нов помал пакет мерки и закони што треба да бидат усвоени пред состанокот на еврогрупата на 24 мај. В сабота и в недела во собранието ќе се дискутира и ќе се гласа за мерки со кои ќе се зацементираат новите зголемени даночни стапки и ќе се...

Тридневен генерален штрајк во Грција против новите пензиски и даночни реформи

Грција во следните три дена е целосно парализирана од работнички штрајкови. Двата најголеми работнички синдикати ГСЕЕ и АДЕДИ прогласија тридневен штрајк, од денеска до понеделник, против ненадејната владина одлука викендов да се гласа новиот пакет мерки кој предвидува намалувања на пензиите и зголемување на даноци. Владата на Алексис Ципрас вчера експресно одлучи контроверзниот пакет, против кој со месеци се бунтуваат граѓаните,...

Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата

Британскиот премиер Дејвид Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата. Станува збор за даночни исплати во периодот меѓу 2009 и 2015 година, од кои имало две исплати од 100.000 фунти, откако Камерон по смртта на татко му наследил 300.000 фунти. Објавувањето на даночните листи на премиерот доаѓаат по обелоденувањето на резултатите од анкетата дека мнозинството Британци...

Грчките мали и средни претпријатија размислуваат за заминување од Грција

Лошата бизнис-клима и високите даноци сè повеќе ги тераат грчките компании да размислуваат за преселба на активностите во странство. Истражувањето на Институтот „Ендевор Грис“ (Endeavor Greece) покажува дека во моментов 9.000 помали грчки компании размислуваат за заминување од државата. Според истражувањето, најголема причина за тоа е е даночната нестабилност во Грција, слабиот пристап до капитал и високите даноци. Иако обично претпоставките се...

ВМРО-ДПМНЕ: Намалувањето на невработеноста е најголем успех на оваа Влада

„Намалувањето на невработеноста е најголем успех на оваа Влада и СДСМ тоа добро го знае. Отворени се работни места во секој град, вкупно 150.000“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по повод соопштението на СДСМ за вработувањата. Понатаму во него се потсетува за „намалување на даноците, воведувањето на најнизок рамен данок во Европа, како и за намалените стапки за придонеси за пензиско...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...