сабота, 7 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: COVID-19 | 39 резултати

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

16 март 2020

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните […]

Медиумите не треба да пренесуваат митови за корона вирусот од социјалните мрежи

16 март 2020

Неодговорното пренесување разни неточни текстови и информации во ситуација на сеприсутен страв на јавноста поради ширењето на новиот корона-вирус COVID-19 не би требало да се случува во медиумите. Но, за жал, се протнуваат и објави како оваа. Во неа се изнесени „совети“ од неименуван италијански лекар (не знаеме дали навистина станува збор за лекар), кои […]

Советот за безбедност денеска ќе решава за понатамошното постапување околу корона вирусот

16 март 2020

Во Кабинетот на претседателот на државата денеска во почеток во 16 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски. Советот за […]

Негативни се резултатите на четирите лица од Струмица тестирани на корона вирус

13 март 2020

Министерството за здравство утрово информира дека вчера попладнето на корона вирус биле тестирани 4 лица од Струмица, поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Исто така, биле тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати биле негативни на корона вирусот. „Практично, сите сопатници од комбето на прво […]

Kallxo.com: Не е вистина дека сомнителни примероци за коронавирус од Косово се испратени во Тирана

12 март 2020

По паниката што започна да се појавува во Косово во врска со коронавирусот, со оглед дека бројот на заболените во соседните земји е зголемен, порталот Индексонлajн се придружи на овој тренд и објави ифнормација дека некои сомнителни примероци се испратени за верификација во Тирана. Сервисот за проверка на факти во Косово, Kallxo.com, ја провери оваа […]

Известувањето за корона вирусот, дезинформациите и сензационалистичкиот јазик во косовските медиуми

12 март 2020

Новиот корона вирус (COVID-19) во последните денови и недели е главна грижа на многу држави. Во Косово сè уште не е потврден ниту еден случај со овој вирус, но косовското општество е изложено на бројни и разновидни информации за него и за состојбата. Уште пред појавата на случај на заразен во Косово, граѓаните, како резултат […]

Српски весник прво поттикнал паника за корона вирусот, па ја „спуштил температурата“

11 март 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

МТСП: Хронично болните лица да се ослободат од работа со потврда од специјалист

11 март 2020

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од лекар специјалист за следните состојби: Хронични респираторни заболувања Тешки кардиоваскуларни заболувања Дијабет ТИП 1 Малигни заболувања Имуно-компромитирачки состојби Во наредните […]

Дезинформации за корона вирусот доаѓаат и од „лекари“

9 март 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Тестиран уште еден сомнителен за корона вирусот – резултатот е негативен

5 март 2020

Министерството за здравство соопшти дека вчера попладнето биле тестиран уште еден пациент за кој имало сомнение дека е заразен со новиот корона вирус Covid-19, но резултатите од испитувањето се негативни, односно пациентот не бил заразен со овој вирус. Тестирањето е направено на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Со ова, случајот на […]

Бројката на починати во светот од новиот корона вирус се зголеми на над 3.000

2 март 2020

Новиот корона вирус Covid-19 е веќе присутен во над 60 земји, со над 88.000 заразени луѓе низ целиот свет, освен на Антарктикот. Според најновите податоци, досега починале повеќе од 3.000 луѓе. Бројот на заразени со корона вирусот се зголемува во Италија, а Франција го затвори светски познатиот музеј Лувр. Австралија и Тајланд во неделата ги […]

Министерство за здравство: Пациентката сомнителна за новиот корона вирус не е заразена

27 февруари 2020

Министерството за здравство соопшти дека резултатите на уште една пациентка за која претпладнево постоеше сомнеж за корона вирус, се негативни на вирусот, односно иако првичните испитувања дале сомнеж за заразеност, тоа не е така. Оваа пациентка е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје денеска, а и двата резултати се […]

За уште еден сомнителен пациент потврдено дека нема корона вирус

26 февруари 2020

Уште една пациентка која вчера вечер на Инфективната клиника во Скопје како сомнителен случај била тестирана за корона вирус е со негативен резултат, односно го нема корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Претходно вчера беше тестиран еден патник кој пристигнал од Дубаи пред шест дена, а завчера вечерта беше тестиран сомнителен случај на патник кој […]

Филипче: Патникот од Дубаи нема корона вирус

25 февруари 2020

Патникот кој пристигнал од Дубаи пред шест дена и е хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на грип, нема корона вирус, туку грип од типот Б, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Пациентот допатувал пред неколку дена по шестдневен престој во Дубаи и имал симптоми слични на грип. Направени се потребните тестови и […]

Еден од тројцата Македонци на бродот во Јокохама заразен со корона вирусот

13 февруари 2020

Еден од тројца Македонци што се наоѓаат во карантин на бродот “Diamond Princess” закотвен во јапонскиот град Јокохама е заразен со новиот корона вирус (COVID-19), соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР). По потврдувањето на овој случај, Македонецот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската амбасада во Токио е во комуникација со споменатиот македонски […]

Страна 2 од 2