Таг: COP26
таг: COP26
Грета Тунберг ги критикуваше светските лидери дека повторно даваат празни ветувања за борбата со климатските промени
Грета Тунберг ги критикуваше светските лидери и го нарече COP26 неуспех, на големиот протест на младите во петокот пред местото на одржување на самитот за климата во Глазгов.
Младите активисти во шкотскиот град бараа конкретни акции од лидерите, додека фокусот на официјалниот настан беше свртен кон влијанието на климатските промени врз идните генерации. Во главниот говор на протестот, Тунберг порача...
Пендаровски: С. Македонија е подготвена да придонесе Европа да стане првиот јаглеродно-неутрален континент до 2050 година
С. Македонија, поддржувајќи го Европскиот зелен договор, е подготвена со својот удел да придонесе Европа да стане првиот јаглеродно-неутрален континент до 2050 година, порача претседателот Стево Пендаровски, во своето обраќање на пленарната сесија на отворањето на Светскиот лидерски самит во рамките на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26) што се одржува во Глазгов.
Пендаровски пред светските лидери ги...
Започна COP 26, светските лидери пред одлука: Ќе ја спасиме ли планетата од глобалното затоплување?
Уште една шанса, можеби последната, за спас на планетата и човештвото. Станува збор за Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26), во чии рамки денеска и утре се одржува лидерскиот самит во Глазгов на којшто се собраа над 200 светски лидери. Тие треба да ги потврдат целите да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени во светот...
Обединетото Кралство ја претстави програмата на претседателството која ќе ги поттикне глобалните климатски амбиции на COP26
Програмата на COP26 започнува со Светскиот лидерски самит (1-2 ноември), чиј домаќин ќе биде премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, на кој повеќе од 120 лидери веќе го потврдија своето присуство. Лидерите се охрабруваат да постават амбициозни активности за намалување на емисиите - вклучувајќи ја и нултата емисија, како и за јагленот, автомобилите и дрвјата, да ги прошират активностите...
Обединетото Кралство ги поддржува амбициозните национални климатски цели на С. Македонија
Справувањето со климатските промени и амбициите кои си ги постави С. Македонија во пресрет на COP26, кој годинава ќе се одржи во Глазгов, беа во фокусот на разговорите меѓу министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство Н.Е. Венди Мортон, која престојува во работна посета на нашата земја, и министерот за животна средина, Насер Нуредини.
Министерката Мортон, на средбата со...
Дали е возможно до 2050 година да ги намалиме за 72 отсто емисиите на стакленички гасови?
Намалување на емисиите на стакленички гасови за 72 отсто до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година, е амбициозната цел поставена во новата Стратегија за климатска акција, која неодамна беше донесена. Тоа би бил придонесот на земјава кон глобалниот напор за ублажување на последиците од климатските промени.
Документот предвидува инвестиции од 35 милијарди евра во следните три децении,...
Пендаровски и Нуредини ќе учествуваат на климатскиот Лидерски самит во Глазгов
На клучниот самит за климатски промени што ќе се одржи од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов ќе учествуваат претседателот Стево Пендаровски и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тие ќе ги презентираат позициите на нашата земја на климатскиот Лидерски самит во Глазгов. Заеднички домаќини на 26-тата Конференција за климатски промени на Обединетите нации ќе...
Млади амбасадори за климатски промени ја симулираат Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26
Дваесет млади амбасадори за климатски промени, заедно со експерти и граѓански активисти, денеска се дел од првата симулација на Конференцијата на ОН за климатски промени СОР26, која се одржува во земјава и пошироко, во организација на организацијата „Гоу Грин“.
Млaдите амбасадори, кои претходно беа обучени преку онлајн курсот за климатска дипломатија, пред почетокот на конференцијата ги слушнаа препораките на експертите,...