Таг: Бујар Османи
таг: Бујар Османи
Османи: Неодговорни политичари ризикуваат да ни се повтори грешката од Букурешт 2008
Граѓаните на Северна Македонија не се вознемирени од позитивната одлука на Унијата за Украина, туку од политичарите кои со неусвојувањето на потребните уставни измени ризикуваат повторување на грешката на Букурешт 2008. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, коментирајќи ја геополитичката одлука на Европската Унија, за почеток на преговори со Украина.
Според Османи, тоа би значело повторно...
Партиски препукувања: кој е главниот виновник поради што Македонија извиси во Брисел?
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преку преписки се докажуваа кој е виновен бидејќи државата не ги отворила поглавјата од преговорите со ЕУ, по последниот Самит на ЕУ. Владејачката партија смета дека поради блокадата на опозицијата во македонското Собрание државата не ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ, додека пак според опозицијата, Македонија е блокирана е резултат на слабата меѓународна политика на...
Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас
Денеска можевме и ние да славиме, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани, порача македонскиот министер за надворешни работи денеска на својата Фејсбук страница, честитајќи го почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ на Украина и Молдавија.
„Честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и...
Османи: Русија со видливи чекори го дестабилизира Западниот Балкан
Актуелниот претседавач на ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи денеска изјави дека Руската Федерација претставува фактор на дестабилизација во регионот на Западен Балкан. За разлика од поддршката на САД и ЕУ за С.Македонија и целиот регион, Русија не ја игра идентичната улога во Западниот Балкан.
Руската Федерација е таа која преку латентни и видливи чекори, преку...
Постигнат договор – Малта е новиот претседавач на ОБСЕ за 2024
На Министерскиот совет на ОБСЕ беше постигнат консензус од сите 57 земји-членки за Малта да биде иден претседавач со Организацијата во 2024 година, соопшти попладнево актуелниот претседавач и министер за надворешни работи Бујар Османи.
Османи информираше дека успеале да постигнат консензус за да го одржат мандатот на четворицата извршни лидери на Организацијата, чиј мандат истекува на 4 декември годинава.
Ова значи...
Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ - македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за надворешни работи Иан Борг, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Како што информираат од руската страна, на средбата се разговарало исклучиво за состојбата во која што се наоѓа ОБСЕ. Русија нагласила...
Министерски совет: Остри осуди за руската војна во Украина и блокадата на ОБСЕ
Остри осуди за руската воена агресија врз Украина и за блокадата на функционирањето на ОБСЕ од страна на Русија беа испратени од говорниците на почетокот од Министерскиот совет на ОБСЕ. Тие испратија порака дека со руската агресија врз Украина е прекршен Финалниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа од Хелсинки, кој е документ врз чија основа...
Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна
Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон Украина и ги руши европските вредности. Таа треба да е отчетна, треба да е одговорна за оваа војна. Русија значително ги зголеми нападите врз граѓанските активисти, новинарите и политичките опоненти....
Блинкен и Османи порачуваат: Остануваме обединети во поддршка за Украина
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи вечерва оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во прва посета на Северна Македонија.
Во фокусот на разговорите биле актуелните меѓународни случувања, со посебен фокус на состојбите во Украина, при што соговорниците упатија силна осуда за руската воена агресија и цврста поддршка за украинскиот народ, информираат...
Почнува 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје
Од денеска до петок во Скопје ќе се одржи 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ, на кој ќе учествуваат делегации од 57-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Во Скопје се очекува да присуствуваат околу 1.000 учесници, вклучувајќи ги американскиот државен секретар Ентони Блинкен, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и рускиот министер за надворешни работи Сергеј...
Малта ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година
Македонскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска информираше дека Малта ќе биде земјата која што ќе го преземе претседателствувањето со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во 2024 година.
„Денес на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет амбасадорите на 57 земји учеснички на ОБСЕ постигнаа консензус и се донесе одлука што го отвора...
Османи: Најважно е да се обезбеди непречен проток на хуманитарната помош за Газа
На покана на високиот претставник и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и заменик премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан, Ајман Сафади, министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на осмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот, во Барселона.
Во фокусот на дискусиите е ситуацијата во Израел – палестинските територии и последиците за регионот на Блискиот Исток. Во...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе дојде на самитот на ОБСЕ
Денеска на прес-конференција потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи оти државен секретар на САД Ентони Блинкен ќе биде присутен на самитот на ОБСЕ на 30 ноември.
На Самитот се очекува да учествуваат министрите за надворешни работи на сите европски држави.
Како одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг во А1 салата „Борис Трајковски“, Османи рече дека не може во моментот...
МНР: Македонија влегува во финалето на претседавањето со ОБСЕ
Северна Македонија влегува во финалето на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. И лани и сега земјата интензивно се подготвува за претседавањето, период во кој беа вложени големи напори да бидеме на висината на задачата, соопшти Министерството за надворешни работи.
„За луѓето се работи, беше мото и поттик за нашата работа во текот на претседавањето со ОБСЕ. Се поставивме како...
Столтенберг доаѓа во Скопје на средби со државниот врв
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски попладнево ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој доаѓа во официјална посета на земјава. Ова е прва негова посета откако државата е полноправна членка на НАТО.
Според агендата за официјалната посета на Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе...
Османи: Специјалната поштенска марка „За луѓето се работи“ ќе сведочи за нашето Претседавање со ОБСЕ
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи и директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази денеска промовираа поштенска марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ, информираат од Министерството за надворешни работи.
На свечената промоција, која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и...
Османи на Младински форум: Решителноста на младите може да поттикне промени
Резултатите, идеите и препораките на младите ќе бидат дел од дневниот ред и на Министерскиот совет, највисокото тело за одлучување, кој ќе се одржи на крајот на овој месец во Скопје, им рече денеска на младите претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи кој во присуство на младински претставници од земјите-учеснички во ОБСЕ ја отвори Конференцијата...
Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија
Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку кажа дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи рече дека, по правило, сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да...
Министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември во Скопје
Министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголем настан во државата, и по димензии и по суштина, изјави денеска на брифинг со новинарите министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.
На тридневниот собир што ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде привршуваат подготовките за преадаптација на просторот,...
Македонија дел од Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Финска, заедно со директорката на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани во Хелсинки, Теја Тииликаинен го потпишаа Меморандумот за пристапување на Северна Македонија кон овој центар, со што земјава стана 35 земја-учесничка, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).
Османи истакна дека приклучувањето на Северна...