fbpx
Таг: Бујар Османи

таг: Бујар Османи

Османи: Постои консензус терминот Македонија да се најде во можното решение за спорот за името

Постои консензус, терминот Македонија да го има во која било варијанта во решавање на спорот за името, Грција го прифаќа тоа, но се уште не треба да влегуваме во таа расправа, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија „24“, по неговото враќање од Атина и средбите со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас и со заменик-министерот...

Османи – Коѕиас: Имаме историска шанса да го решиме спорот за името, да не ја пропуштиме

Оваа, 2018 година, претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу употребата на иметот на нашата земја, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на денешните средби со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи на Грција, Јоргос Катругалос во Атина. - Како политичари кои ја добиле...

Османи утре во Атина на средба со Коѕиас

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи утре ќе престојува во посета на Атина каде што треба да се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас и заменик министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос. „Министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, во вторник на 9 јануари ќе му приреди работен ручек на вицепремиерот на Поранешната југословенска Република Македонија, одговорен за...

Османи на средба со Коѕиас следниот вторник во Атина

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во вторник, следната недела ќе замине во работна посета на Атина, каде, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас. Покрај Коѕиас, предвидено е Османи да има средба и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос...

Османи: Прво да најдеме решение за името, па потоа ќе зборуваме за референдум

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи рече дека навреме ќе соопшти кога ќе замине во Атина на средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, откако грчките медиуми објавија дека в понеделник или вторник Османи ќе дојде во официјална посета во Атина. - Имаме континуирана комуникација со Република Грција, со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи Никос Коѕијас....

Заев на средба со Наумовски, пред почетокот на циклусот состаноци со Нимиц на 11 декември

Премиерот Зоран Заев денеска одржал консултативна средба со амбасадорот Васко Наумовски, кој е специјален пратеник во разговорите кои се водат за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, под покровителство на Обединетите нации, информираат од Владата. Тие се координирале за претстојните активности, односно пред новиот циклус разговори кои треба да почнат со посредникот Метју Нимиц на 11 декември. „На оваа средба, на која...

Македонија и Кина ќе потпишат нов договор за економска соработка вреден 2,5 милиони евра

Владите на Македонија и на Кина до крајот на годината се очекува да потпишат нов договор за економска соработка со кој би се обезбедиле околу 2,5 милиони евра што би биле наменети за реновирање на училишта во земјава, но и за финансирање на други проекти што ќе се утврдат како приоритетни од македонската Влада. Ова било констатирано на денешната средба...

Османи: Очекуваме поддршка од Естонија во 2018, која е историска за нашата ЕУ-интеграција

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, за време на работната посета на Естонија, се сретнал со високи претставници на државата, како директорот на канцеларијата за европски прашања, Клен Јарац, претседателот на Комисијата за европски прашања при естонскиот парламент, Томас Витсут, и со претседателот на парламентарната група помеѓу Македонија и Естонија, Ерик Нилс Крос. На средбите се разговарало за билатералната соработка помеѓу Македонија и Естонија, регионалната...

Османи: Потребно ни е искуството на Естонија за формирањето преговарачки тим со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, се сретнал со министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер. Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, на средбата се зборувало за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на годината, за политиката на проширување, како и за евроинтегративниот процес на Република Македонија. Вицепремиерот Османи нагласил дека во...

Османи: Протестите се уставно право, сè додека не се насилни

Протестите се легитимно и уставно загарантирано право на граѓаните и може да се прават секаде, сè додека не се насилни, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали протестите на ВМРО-ДПМНЕ против последните приведувања и судството се политички притисок. - Граѓаните имаат право да кажат мислење и за одлуките на судот, но ние не смееме да...

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека делот „3“ од планот е исполнет 80 отсто

Според вицепремиерот Бујар Османи, спроведувањето на делот „3“ од владиниот реформски план „3-6-9“ е стигнато до 80 проценти. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на чие чело е Османи, на 37. состанок на работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој се одржал во Владата, заменикот-премиер задолжен за европски прашања истакнал дека „постои задоволителна исполнителност од повеќе од 80 отсто од...

Османи на амбасадорите им ги презентираше деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес ги презентирал деловите „6“ и „9“ од планот „3-6-9“, пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Македонија. Османи посочил дека намерата на Владата е планот „3-6-9“ да ја заокружи реформската потреба на Република Македонија, за откочување на евроинтегративните процеси. Тој на амбасадорите им ги повторил очекувањата на Владата за конкретни чекори од...

Османи: Ако направиме сè што треба, во јуни очекувам датум за преговори

Во јуни чекаме датум за почеток на преговори со ЕУ, се разбира, ако ја завршиме работата како што треба, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вечерва во Собранието, на седницата посветена на пратеничките прашања. Одговарајќи му на пратеникот Артан Груби за тоа што се работи на планот на евроинтеграциите, Османи рече дека политичката одговорност и на власта и на...

Останувањето на Трајчевски на чело на ААВМУ е сензитивна тема, вели Османи

Европската комисија и Владата се многу сензитивни во поглед на каков било реваншизам врз партиска и политичка основа, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, прашан дали има препорака од Европската Унија, за директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, и понатаму да остане на челната функција на агенцијата. - Целта на реформата на јавната администрација е таа да се задснова на системот...

Османи: Овие шест недели ќе ја решат судбината на следните шест месеци

Со локалните избори и со позитивниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, го крунисавме поглавјето „3“ од планот „3-6-9“ и сега почнуваме ново поглавје кое е особено важно, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. - Следните шест недели, на некој начин, ќе ја определат судбината на следните шест месеци, кои се најважни во определувањето на долгорочната перспектива на државата. Во следните...

Османи: Целта не е планот „3-6-9“ да продолжи со „12“, туку со почеток на преговори со ЕУ

Целта на планот „3-6-9“ не е по неговата имплементација, тој да продолжи во нов дел „12“, туку со одлука за почнување преговори, порачал вицепремиерот Бујар Османи на заедничката средба со министрите Оливер Спасовски, Биљен Салији и Дамјан Манчевски со еврокомесарот Јоханес Хан. Како што соопштија од кабинетот на Османи, вицепремиерот го запознал Хан со деловите „6“ и „9“. На средбата посебно...

Османи, Спасовски, Саљији и Манчевски ќе му реферираат на Хан за „3-6-9“

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда, Билен Саљији, како и со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, утре во Секретаријатот за европски прашања ќе има средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан. Од СЕП информираат дека Османи ќе ги презентира новите...

Османи побарал поддршка од Иванов за да се обезбеди консензус со опозицијата за името

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска имал средба со претседателот, Ѓорге Иванов, кого го информирал за посетата во Брисел со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и за пораките што ги добиле од министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата. Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека Османи му реферирал на Иванов и за реформските пакети на Владата од делот...

Османи и Коѕиас сè уште не можат да најдат термин за средба

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, ќе се сретнат, но засега не се знае кога ќе се одржи средбата. Од Секретаријатот за европски прашања велат дека во моментов се работи на усогласувањето на распоредите. - Средба ќе има, но засега не се знае кога. И на двете страни агендите се пребукирани. Кога ќе имаме...

Жешка пролет за Македонија најавија Хан и Могерини

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини разговарале за потребата за интензивирање на реформскиот процес и негово преточување во конкретни резултати. На средбите, како што соопштија од македонското МНР, биле испратени охрабрувачки пораки за европски...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...