fbpx
Таг: бугарското вето

таг: бугарското вето

ГЕРБ на Бојко Борисов ќе го поддржи кревањето на ветото за Северна Македонија

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов денеска објави дека неговата партија ќе го поддржи кревањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ, откако претходно неговата партија заедно со другите опозициски партии не се појавија на продолжението на парламентарната седница, па немаше кворум, известува mediapool.bg. „Со овој став Борисов истовремено сака...

Бугарскиот парламент расправа за гласањето доверба на владата на Кирил Петков, во Софија протести

Во бугарскиот парламент денеска се расправаше за гласањето доверба на владиниот кабинет предводен од Кирил Петков. Расправата веројатно ќе продолжи до утре, а гласањето доверба би се случило в четврток. Ова е прво барање да се изгласа недоверба на владата предводена од Кирил Петков, известува mediapool.bg. Расправата течеше со многу обвинувања и кон владата и кон партиите на владејачката коалиција,...

Медиапул: Теодора Генчовска ги крие од граѓаните на Бугарија документите за преговорите со Северна Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија (во оставка) Теодора Генчовска (од партијата „Има таков народ“) продолжува да го одолговлекува процесот за излегување од кризата со Северна Македонија. Таа го доставила двостраниот протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија до бугарскиот парламент, но му дала статус „доверливо“ и сега тој не може јавно да се разгледува, пишува бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Од...

Вархеји: Преговорите со Софија за кревање на бугарското вето се во ќорсокак

Еврокомесарот за проширувае Оливер Вархеји порача дека преговорите за кревање на бугарското вето за почеток на преговорите со Северна Македонија се во ќорсокак, пренесува Бугарското национално радио (БНР) од Брисел. „Тоа за што сум на јасно е дека во однос на Софија сме целосно влезени во ќорсокак. Тоа не ме прави многу среќен бидејќи го минував секој втор четврток во...

БГНЕС: Радев и Петков одат во Париз да го кренат ветото за почеток на преговорите на РС Македонија

Според бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, во најкраток можен рок ќе се организира посета на претседателот и премиерот на Бугарија, Румен Радев и Кирил Петков, на Париз, односно на францускиот претседател Емануел Макрон, на која Бугарија и официјално ќе го крене ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за влез во ЕУ. Со тоа Бугарија ќе го прифати...

Ковачевски: Со премиерот Петков иницираме разговори „оддолу-нагоре“

Јас и премиерот Петков ја презедовме иницијативата да се водат инклузивни разговори, од долу нагоре. Односно проектите за унапредување на соработката и на пријателството меѓу народите на двете земји да дојдат од тие кои се директно засегнати за нив и кои ќе бидат директно задолжени за нивно спроведување, вели македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој денеска говореше на отворањето на конференцијата...

Бугарскиот премиер Петков: Бугарите може да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија

Бугарската страна нема да го менува својот состав во Комисијата за историските прашања, владите на Бугарија и на Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев, Бугарите во Северна Македонија ќе бидат вклучени во Уставот. Тоа се три од најбитните работи што бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ги наведе на парламентарната седница во Собранието на Бугарија, каде беше повикан на...

Османи контра Димитров: Да го задржиме нивото и довербата кои долги години ги градевме

Да покажеме доблест и фер однос едни кон други, да го задржиме нивото и довербата кои долги години ги градевме, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук како реакција на изјавата на досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров. Тој пак, во неговата изјава, рече дека нема целосна доверба токму во Османи. „Ги повикувам јавно сите колеги, сегашни и...

Илир Мета во Скопје: Блокадата на Бугарија кон Северена Македонија е неправедна

Блокадата на Бугарија кон Северна Македонија во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија, претседателот на Албанија Илир Мета ја смета за неправедна. Во изјава за Порталб.мк тој рече дека сепак е оптимист дека овој спор наскоро ќе биде затворен. Претседателот на Албанија Илир Мета вчера во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје (ИДКНАМ) одржа...

Бугарскиот претседател Радев за „ЕУрактив“: Северна Македонија да го смени Уставот

Република Северна Македонија треба да го смени својот Устав. Тоа би било чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, во интервју за угледниот „ЕУрактив“ порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој минатиот месец го освои вториот мандат на функцијата прв човек на Бугарија. Во однос на одредени алузии дека спорот меѓу двете земји влегува во нова фаза во која...

Бугарскиот премиер Петков: Ќе престанеме со попречувањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ

Новата бугарска влада составена од министри од четири партии, предводена од Кирил Петков, ќе ѝ предложи на Северна Македонија нов процес, во многу ограничен временски период од шест месеци, за да се одблокира нејзиниот пат кон ЕУ. Тоа ќе подразбира формирање неколку работни групи. „Ќе престанеме со попречувањето на Северна Македонија за членството во ЕУ“, рече Петков во интервју за...

Димитров: Дали земјите членки може да поставуваат услови кои се косат со европските вредности?

На дискусијата за политиката на проширување на ЕУ со Западниот Балкан што утрово се одржа во Мадрид, вицепремиерот Никола Димитров осврнувајќи се на бугарското вето, порача дека блокадата на евроинтеграциите од Бугарија не е помагање, посебно кога Северна Македонија вложува навистина голем напори во процесот и не ги прекршува членовите на Договорот за добрососедство меѓу двете земји. „Блокирањето на евроинтегративниот...

Борисов: Целата ЕУ е против нас, за Северна Македонија ќе нè притиснат со финансиските инструменти

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов гостувајќи во емисијата „Здраво Бугарија“ на бугарската телевизија Нова денеска порача дека целата ЕУ е против Бугарија поради нејзиното постапување кон Северна Македонија во последните седум месеци. Борисов го цитираше францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Македонија треба да почне преговори, а тоа, вели поранешниот бугарски премиер, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија...

Посетата на Фон дер Лајен и Вархеји не значи напредок во евро-интеграциите

По претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Скопје пристигнува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како дел од нивната балканска турнеја. Иако престојот на двајцата политичари од врвот на ЕУ во земјава може да се чини како напредок во евро-интеграциите, тоа не е така. За воља на вистината, Дер Лајен вчера спомена дека целта е...

Бугарскиот министер за надворешни како главна цел го зацрта активирањето на дијалогот со Северна Македонија

Основниот приоритет на екипата што го раководи Министерството за надворешни работи на Бугарија е враќање на довербата и активирање на дијалогот со Северна Македонија, порача техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, пренесува бугарски „Дневник“. „Ние сме отворени за дијалог, за барање конструктивно решение. Целта е постигнување одржаливи и неповратни резултати во возобновувањето на довербата меѓу двете држави“,...

Ангел Џамбаски со серија контроверзни тврдења за Македонија во интервју за „Слободна Европа“

Ангел Џамбаски, европратеник од редовите на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД, во интервју за бугарската редакција на Радио Слободна Европа денеска, пред почетокот на предизборниот молк во Бугарија, порача серија контроверзни тврдења во врска со Северна Македонија. Така, Џамбаски говореше дека во земјава живеат стотици илјади Бугари, кои наводно биле потиснувани па Бугарија морала да ги заштити нивните права, односно правото...

Бугарско МНР: Нашата позиција за Северна Македонија нема да се промени

Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Северна Македонија во следните месеци, вели бугарското министерство за надворешни работи (МНР) за бугарскиот весник „Труд“. Во одговорот се вели и дека ниту една бугарска влада не може да ги предаде 88 540 граѓани на Северна Македонија што имаат бугарски пасоши. „Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на...

Бугарски „Медиапул“ со 10 незгодни прашања околу бугарското вето за Северна Македонија

Бугарскиот новински сајт „Медиапул“, кој е од критичките медиуми што будно ја следат и критикуваат владата на Бугарија, денеска излезе со 10 прашања до власта во врска со бугарското вето и генералната политика кон Северна Македонија. Од назначувањето на Орце Камчев за почесен конзул, преку потпишување на Договорот за добрососедство, кој бил претходно силно критикуван, до препуштањето на уздите...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...