fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

И денеска лажни дојави за бомби во Бугарија, во Пловдив утре ќе нема настава

На мејловите на училиштата во неколку бугарски градови и денеска биле испратени закани за поставени бомби, по што морало да се евакуираат учениците и да се прекине наставата. Лажни дојави за бомби имало во училишта во Софија, Варна, Добрич, Бургас, Велико Трново, Јамбол, Стара Загора и Пловдив. Поради лажните дојави, градоначалникот на Пловдив објави дека 31 март ќе биде...

ГЕРБ со предност во промили пред коалицијата на поранешниот премиер Кирил Петков

Пет политички партии ќе влезат во идниот парламент на Бугарија, при што двете најсилни политички сили - Коалицијата ГЕРБ-СДС на некогашниот премиер Бојко Борисов и Продолжуваме со промената (ПП) - Демократска Бугарија (ДБ), која беше главниот фактор во последната коалициска влада на Бугарија, се речиси изедначени во изборните шанси. За крајниот резултат на парламентарните избори во недела решавачко ќе...

И попладнево голем број дојави за бомби во училишта во Бугарија

Трендот на дојави за поставени бомби во основни и средни училишта во Бугарија, кои се покажуваат лажни продолжува и денеска во Бугарија, јави Бугарското национално радио (БНР). https://meta.mk/lazhni-dojavi-za-bombi-kako-zakana-za-izborniot-proces-vo-bugarija-mozhe-da-vlijaat-na-oddzivot-na-glasachite/ Слично како со лажните дојави за бомби во Македонија, и во Бугарија цел на овие закани и сеење паника не е само главниот град Софија, туку денеска дојави имаше и во приморскиот град...

Лажни дојави за бомби како закана за изборниот процес во Бугарија, може да влијаат на одѕивот на гласачите

Откако се стишија во Македонија, лажните дојави за бомби масовно се појавија во Бугарија, доведувајќи го под знак прашање нормалното одвивање на предвремените парламентарни избори што се закажани за недела, 2 април. Десетици училишта и универзитети во изминативе два дена во Бугарија добија дојави за бомби, кои по проверките се утврди дека се лажни. Централната изборна комисија вчера вечер испрати...

На една недела пред изборите, во Бугарија неизвесно дали ќе се формира нова влада

Една недела пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија, неизвесно е дали гласањето на граѓаните закажано за 2 април ќе доведе до формирање на нова бугарска влада. Претстојните избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во рок од две години, бидејќи по сите досегашни резултати на изборите ниту една пратеничка листа не успеа да формира влада. За...

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ги повика бугарските власти да ги спроведат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, вклучувајќи ги и оние поврзани со правата на здружување на Македонците, што до денес не се почитуваат во Бугарија. Ковачевски истакна дека Македонци има во скоро сите земји во светот, и дека сите граѓани, вклучувајќи ги и оние кои се...

Реакции на Бугарија по одлуката за „Иван Михајлов“, „Цар Борис III“ и провалата во КИЦ

Официјална Софија денеска жестоко реагира по вчерашната забрана на Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ од Битола, но и на истиот таков во Охрид - „Цар Борис III“, чие барање за регистрација не беше прифатено токму поради тоа што не е сменето името. Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков го смета за тенденциозно решението на македонските власти да...

Името на БКЦ „Иван Михајлов“ неприфатливо, „пресече“ комисијата на Министерството за правда

Комисијата за употреба на имиња на личности, која беше формирана од Министерството за правда по бурните реакции во македонската јавност за имињата на бугарските клубови, даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар „Иван Михајлов“ - Битола. Од комисијата објаснуваат дека Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда, кој ќе треба...

АЕЖ Бугарија собира донации за медиумот „Медиапул“ кој се соочува со процес „тежок“ илјадници евра

Асоцијацијата на европските новинари - Бугарија (АЕЖ Бугарија) вчера почна кампања за собирање донации за бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, кој се соочува со форма на притисок, односно процес-шлаканица „SLAPP“ (Strategic Lawsuit Against Public Participation), почнат од бугарска осигурителна компанија, која бара отштета од еден милион лева (околу 500.000 евра). Само за медиумот да може да учестувува во процесот, пак, ќе треба...

Бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за прогонот и депортацијата на Евреите од окупираните територии

На крајот на минатиот месец, во пресрет на 80-годишнината од спасување на Евреите на територијата на Бугарија, но и на депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во нацистичкиот логор Треблинка во 1943 година, група бугарски интелектуалци побараа Бугарија да ја признае одговорноста за холокаустот на македонските Евреи и да се извини. Во нивниот „Повик“, што го објави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg...

Софиските власти сакаат да го срушат споменикот на советската армија во центарот на градот

Општинскиот совет на Софија гласаше за отстранување на споменикот на советската армија, кој е лоциран во центарот на бугарскиот главен град, јавува mediapool.bg. Високо мнозинство од 41 советник ја поддржаа одлуката за да се побара од државата да го тргне овој реликт од поранешниот комунистички режим. Самиот споменик е во државна сопственост, така што општината не може сама да...

Одбележувањето на националниот празник на Бугарија повторно тек-тук со руски знамиња

Одбележувањето на националниот празник на Бугарија - 3 Март и годинава минува тек-тук со понекое развеано руско знаме, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Десетици Бугари вееле знамиња на Русија на врвот Шипка, каде традиционално се одржува централната манифестација по повод ослободувањето на Бугарија. Руски знамињња имаше и во центарот на Софија, само на неколку метри од официјалната церемонија пред Споменикот на Незнајниот...

Пет партии ќе влезат во новиот парламент на Бугарија, ПП-ДБ и ГЕРБ во тесна трка

Според две истражувања на јавното мислење, објавени вчера и денеска, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат пет политички партии, пренесува Бугарското национално радио (БНР). Во поглед на популарноста, пак, двете анкети на првото место од петте партии ставаат различни коалиции. Според анкетата на „Алфа Рисерч“, веројатно најетаблираната социолошка агенција во Бугарија, победници на парламентарните избори следниот месец би биле...

Обвинителството на Ковеши во Бугарија истражува криминал „тежок“ безмалку 500 милиони евра

Европското обвинителство води 143 истраги во Бугарија, за вкупно нанесени штети од 492 милиони евра, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Фрапантната бројка е дел од извештајот на институцијата за работата на ова обвинителство од неговото создавање до 2021 година досега. Вкупно 16 од истрагите што ги вршат европските обвинители во Бугарија се за корупција. Досега по барање на Обвинителството водено од Романката...

Радев: Во ЕУ не треба да се гради идентитет врз историски фалсификати

Властите во Северна Македонија треба да бидат поттикнати да преземат активни чекори за вистинска демократизација и да докажат дека анти-бугарската идеологија што вирее таму, припаѓа на минатото и нема да ја загрози иднината, порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во официјална посета на Атина, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. „Во Европската Унија не треба да се гради сопствениот...

Поради опасност од атентат, новинарот Христо Грозев ја напуштил Австрија и заминал во САД

Истражувачкиот новинар Христо Грозев, извршен директор на меѓународниот колектив за истражувачко новинарство „Белингкет“, инаку Бугарин, дел од мрежата „Белингкет“, кој до неодамна престојуваше во Австрија, заминал во САД, јави бугарскиот онлајн-медиуми mediapool.bg. Австриските власти го предупредиле Грозев дека убијци ангажирани од Русија активно го бараат, со помош на локални помошници. Грозев до неодамна живеел во Виена. Според неговата изјава за „Фајненшел...

САД со нови санкции „Магнитски“ против петмина Бугари, Велика Британија се приклучи

Владислав Горанов, еден од најблиските луѓе на Бојко Борисов, поранешниот премиер на Бугарија и претседател на партијата ГЕРБ, е ново име на листата санкционирани од САД според глобалниот закон „Магнитски“, чија цел е борбата против корупцијата. На Горанов, кој е поранешен двократен министер за финансии на Бугарија, друштво му прават и тројца членови на Бугарската социјалистичка партија (БСП, коишто долго...

Поднесено обвинение за инцидентот со Пендиков, еден од напаѓачите сè уште е во бегство

Охридското Обвинителството поднесе Обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. „Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 во врска со став 2 и во врска со член 22...

Контраспин: „Крокодилските солзи“ на Мицкоски за барикадите пред Св. Спас се спин

На 4 февруари пред и во Св. Спас кога се одбележуваше годишнината од раѓањето на Гоце Делчев немаше ниту еден инцидент. Сè друго, дали летал хеликоптер, дронови или имало две наместо една или ниедна барикада… се работи на проценка на безбедносни експерти во институциите, а разочараноста што поради тоа ја изрази Христијан Мицкоски „се крокодилски солзи“ и чист спин,...

Бугарија ќе му даде државјанство и привремено живеалиште на Христијан Пендиков

Претепаниот секретар на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“, Христијан Пендиков, кој денеска беше испишан од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија, ќе добие бугарско државјанство и привремено живеалиште, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Информацијата денеска ја објавил техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Пендиков се лекуваше на ВМА во Софија, од следниот ден откако беше примен во болница во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...