fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Општините ги очекуваат фондовите за прекугранична соработка

Малку порано од најавеното ќе биде објавен првиот повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Општините и невладиниот сектор од двете страни на границата побараа забрзување на постапката на приоритизирање на програмата за периодот 2015-2020 година. За оваа програма се предвиени 19 милиони евра од европските фондови на ЕУ преку Програмата за меѓугранична соработака. На овие пари се надеваат...

МНР: Нема датум за договорот за добрососедство со Бугарија

Не е прецизиран датум за потпишување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, соопштија од македонското Министерство за надорешни работи, по пишувањето на бугарските медиуми дека се знае кога двете страни ќе стават параф на овој документ. Од МНР додаваат дека веројатно „станува забуна со датумот за средбата на работните групи на двете министерства кои работата на подготвување на договорот“. Како...

Бугарија е загрижена поради политичката состојба во Македонија

Бугарија е загрижена поради недостигот на дијалог меѓу власта и опозицијата во Македонија, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов. Шефот на бугарската дипломатија кон крајот на неделава ќе допатува во Скопје, каде со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, ќе разговара за потпишување на договорот за добрососедство. Како што јавуваат бугарските медиуми, веќе е одреден датумот...

СДСМ: Македонија е во подредена улога во односите со соседите

Комисијата за надворешни работи на СДСМ е огорчена од несериозното и непрофесионално однесување на Министерството за надворешни работи, кога се работи за настани за кои граѓаните и медиумите на Република Македонија добиваат информации од странски функционери и медиуми, а се од суверен интерес за нашата држава. „Во врска со преговорите за билатералниот договор за пријателство со Бугарија, информации доаѓаат само...

„Труд“: Македонија дава до 35 евра за бугарски турист

Македонската влада ги субвенционира бугарските тур-оператори кои организираат групни патувања во Македонија, соопшти вчера во Софија, Кристијан Џамбазовски, директор на македонската Агенцијата за промоција и развој на туризмот. - Субвенции се даваат за организиран туризам кон Македонија, со автобус, воз и со авион. Сите форми на транспорт се опфатени - посочи за бугарскиот весник „Труд“ Џамбазовски, кој присуствува на меѓународниот саем „Одмори...

Нов „бисер“ на Димитров: Украина е измислена држава, таа е „руската Македонија“

Украина е измислена држава, исто како и Македонија, изјави бугарскиот историчар Божидар Димитров за Бугарската национална телевизија. - Во 1954 година, еден пијаница го даде Крим, руска територија, заедно со нејзиното руско население, на една измислена држава, на една „Македонија“. Руската Македонија - тоа е Украина. Измислена граница - какви што се границите на Македонија. Кога политичката елита создава такви...

Македонија и Бугарија ја унапредуваат соработката во здравството

Во претстојниот период да се потпише план за унапредување на соработка меѓу министерствата за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, со посебен фокус на едукации, стручно усовршување и на специјализации на македонските доктори. Ова денеска на средба во Софија, го договорија министрите за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, Никола Тодоров и Петар Стефанов Москов. Планот, соопшти...

За Бугарија преку Берово

Цел рид се свлече и затрупа дел од магистралниот пат што води кон границата со Бугарија преку Македонска Каменица кон Делчево. Поголеми карпи и земја го потрупаа патот од двете страни, поради што воопшто не може да се помине. За да се премине границата со Бугарија во Источна Македонија преку преминот Станке Лисичково кај Делчево, мора да се користи...

Почина Жељу Желев, првиот што ја призна Македонија

Денеска, на 79-годишна возраст, почина првиот демократски избран претседател на Бугарија, д-р Жељу Желев, соопштија од прес-секретаријатот на претседателот на државата, јавува агенцијата БТА. Желев е роден на 3 март 1935 година, во селото Веселиново кај Шумен. Средно образование завршил во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломирал филозофија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Филозоф, дисидент, политичар и државник,...

Борисов: Ставот на Бугарија за евроатланските интеграции на Македонија е непроменет

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја потврди поддршката за Македонија во евроатланските интеграции. Одговарајќи на прашање на поранешниот министер за надворешни работи, Кристијан Вегенин, Борисов истакна дека политиката на бугарската влада кон Македонија останува непроменета. - Изразивме подготвеност да учествуваме во разговорите и да понудиме експертска помош за конкретни работи поврзани со нашето искуство од процесот на интегрирање во ЕУ и...

Северозападна Бугарија блокирана од снег

Северозападниот дел од Бугарија е парализиран од снежни врнежи и од наноси до три метри снег. Владата поради тоа ги предупреди возачите без поголеми потреби да не патуваат на подрачјето на окрузите Видин, Монтана, Враца, Плевен и Ловеч. Од патот Монтана-Лом се извлечени 200 возила, кои со часови беа во снежна блокада.  

Проектот на БАН е доказ дека „волкот влакното го менува, а ќудта не“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска остро реагираше на проектот на Бугарската академија на науките (БАН), според кој македонскиот јазик и дијалекти се составен дел од бугарската дијалектологија. Како што претходно објави „Мета“ , БАН на осми декември промовираше интернет-аудиокарта, која опфаќа и територии што не се во рамките на државните граници на Бугарија, како што се делови од Македонија,...

БАН: Сите македонски дијалекти се бугарски

Бугарската академија на науките (БАН) ги стави македонскиот јазик и неговите дијалекти како составен дел од бугарската дијалектологија. БАН и Институтот за бугарски јазик завчера, со финансиска помош од Европскиот социјален фонд на Европска Унија, ја промовираа интернет-аудиокартата на 30 автентични бугарски дијалекти, во кои се вброени и сите дијалекти од Македонија. Аудиокартата, која ја направија научниците од Институтот за...

Се самозапали жена во Бугарија, четврти случај за еден месец

Денеска во Стара Загора, Бугарија, се самозапали жена, што е четврти случај на самозапалување во оваа земја за еден месец. Директорот на локалната итна служба, Чавдар Попов, изјави дека 32-годишна жена е хоспитализирана со изгореници на 92 проценти од површината на телото и дека шансата да преживее се минимални.  

Бугарски „Телеграф“ обвинува: Македонија ни го краде грбот

Бугарскиот весник „Телеграф“ обвинува дека Македонија го краде бугарскиот грб. „Владата во Скопје усвои нов државен грб кој е копија на нашиот“, пишува бугарскиот весник „Телеграф“. Во печатеното издание, весникот, во текст насловен „Македонија ни го краде грбот“, наведува дека македонскиот предлог-грб е симбол на Второто бугарско царство, од кој е произлезен актуелниот грб на Бугарија. Македонските хералдичари велат дека лавот е...

(ВИДЕО) Зелена мачка ја шокираше Варна

Жителите на бугарскиот град Варна со денови гледале една необична мачка како скита по улиците. Мачката не било тешко да се забележи, имајќи предвид дека имала интензивна зелена боја. Многумина претпоставувале дека некој намерно ја бојадисал, па на „Фејсбук“ се појави и страница со повик за казнување на одговорните. Сепак, зад изгледот на мачката постои невино објаснување. Како што јавуваат бугарските медиуми,...

Во Бугарија уапсени седум лица за поврзаност со ИСИС

Седум лица во Бугарија се обвинети дека пропагирале „антидемократската идеологија на Исламската држава“. Како што соопшти Обвинителството, тие биле дел од организирана криминална група, предводена од имамот на џамијата во Пазарџик, Ахмед Муса Ахмед. Бугарските власти на повеќе локации во југоисточна Бугарија, вчера спроведоа акција, а јавниот обвинител Сотир Цацаров изјави дека вчерашната акција била планирана за декември, но дека сепак морало...

Почнува „Бугарски филмски понеделник“ во Кинотека

Кинотека на Македонија в понеделник ќе го почне веќе традиционалниот „Бугарски филмски понеделник“. Од 17 ноември, следните три понеделници ќе бидат прикажувани филмови од современата бугарска филмска продукција. Циклусот почнува со комедијата „Живи легенди“ на режисерот Ники Илиев, кој заедно со Сања Борисова е во една од главните улоги. На проекцијата ќе присуствуваат Ники Илиев и Сања Борисова, кои во Кинотеката веќе се...

Почина жената која се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија

Почина 38-годишната Лидија Петрова, фоторепортерка која минатата недела се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија. Жената подлегнала на повредите во болница во текот на изминатата ноќ. Во понеделникот минатата недела, Лидија Петрова беше примена во болница со тешки изгореници од 90 проценти од телото.

Бугарскиот парламент ја потврди владата на Борисов

Бугарскиот парламент ја потврди малцинската влада на десниот центар, под водство на поранешниот премиер Бојко Босирсов, чија конзервативна партија ГЕРБ победи на предвремените парламентарни избори на 5 октомври. Од вкупно 234 присутни пратеници, 136 се изјаснија во полза на владата на Борисов, кој својот кабинет го нарече „проевропски и реформистички, за стабилност на Бугарија“. - Време е да се гарантира независноста...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...