fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Бугарија и Македонија планираат да ги здружат своите пазари за електрична енергија

Бугарската независна енергетска берза се надеваат дека до почетокот на февруари ќе попише преддоговор за соработка со Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Софија. - Бугарија и Македонија размислуваат да ги здружат своите пазари за електрична енергија - изјави извршниот директор на Бугарската независна енергетска берза, Константин Константинов. Претставници на македонската електродистрибутивна мрежа и на македонската Регулаторна комисија неодамна одржаа средба со...

Во Бугарија се шири птичји грип, заразени 55 фарми

Вирусот Х5Н8, попознат како птичји грип, се проширил на 55 живинарски фарми во Бугарија. Ова го соопшти министерката за земјоделство на Бугарија, Десислава Танева, и најави дека денеска ќе бидат уништени 130.000 птици. Со тоа бројот на уништени птици во Бугарија ќе се зголеми на околу 430.000 откако вирусот првпат е регистриран во средината на декември. Вирусот најмногу ја погоди областа околу...

Плевнелиев: Не сум против Русија, но политиката на Путин нè води во 19 век

Не сакам Бугарија да биде вратена во времето на Берлинскиот конгрес (1878 година, н.з.), кога Русија и Австро-Унгарија се договорија да ги поделат сферите на влијание во Европа. Ова го изјави претседателот на Бугарија во заминување, Росен Плевнелиев, во неговото последно интервју како шеф на државата за бугарската „Нова телевизија“, јавува дописникот на „Мета“ од Софија. „Денешниот судир во Европа...

Поранешниот министер за правда на Бугарија, Христо Иванов, формираше своја партија

Новата партија Да, Бугарија, чиј претседател е поранешниот министер за правда, Христо Иванов, денеска се формираше во Софија, јави дописникот на „Мета“ од Софија, додавајќи дека на основачкото собрание присуствувале 1.235 основачи. Собранието на партијата усвои статут и го избра Христо Иванов за свој претседател. Во својот говор пред основачите, Иванов рече дека основна кауза на новата политичка сила е борбата...

Митов: Бугарија не извезува оружје во Сирија

Бугарија не извезува оружје во Сирија откако почна конфликтот во 2011 година и строго ги почитува меѓународните стандарди, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Даниел Митов. Вчера Русија објави дека нивните експерти за деминирање во Алепо пронашле бомби кои се од германско, американско и од бугарско производство. Министерот Митов истакна дека има меѓуминистерска комисија која е одговорна за извоз на оружје. -...

Радев: Бугарија не треба да ѝ биде непријател на Русија

Новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев, во интервју за францускиот весник „Ле Монд“ потврди дека ќе се залага Бугарија, како полноправна членка, да продолжи да работи во рамките на интересите на Европската Унија и на НАТО, но и дека е против санкции кон Русија. Педесет и тригодишниот Радев, кој е поранешен генерал на бугарските воздухопловни сили, а беше избран за...

Бугарија примила само 29 мигранти од воведувањето на квотите на ЕУ

Бугарија досега примила вкупно 29 мигранти од воведувањето на квотите од Европската Унија (ЕУ), покажуваат податоците на Европската комисија. Според квотите за распоредување на мигрантите во земјите членки на ЕУ, кои беа донесени минатата година, Бугарија досега требаше да прими 831 бегалец. Сите примени мигранти се од Грција, а уште 260 мигранти кои се затекнале во оваа земја поднеле барања...

Авганистанци подготвувале терористички напад во Бугарија

Добиен е сигнал по дипломатски пат за подготовка на терористички напад во Бугарија, соопшти денеска бугарската министерка за внатрешни работи во оставка, Румјана Бочварова. - Има сигнал за терористички акт во Бугарија. Имаме информација, добиена по дипломатска линија, за три или четири лица, кои се идентификувани и чии документи се проверени и кои најверојатно нема да останат на наша територија....

Борисов и официјално одби да формира нова влада

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, објави дека и официјално ја одбил понудата на претседателот Росен Плевнелиев да формира нова влада, со што отвори пат за предвремени парламентарни избори напролет. - Постои морал и политичко достоинство. Ако еден ден народот одлучи за нов мандат, тогаш ќе бидеме спремни – рече Борисов. Лидерот на десниот центар поднесе оставка откако претседателска кандидатка на...

Се зголемил бројот на странски туристи во Бугарија, најбројни се Македонците

Бројот на странски туристи во Бугарија се зголемил во октомври годинава во споредба со минатата година, а 20 отсто од нив дошле од Македонија, јави дописникот на „Мета“ од Софија, повикувајќи се на податоци од бугарскиот Национален институт за статистика. Истовремено, зголемен е бројот на бугарските државјани што ја посетиле Македонија, кој во октомври годинава бил за 37,4 отсто поголем во споредба...

Борисов предупреди дека е можен терористички напад по немирите во бегалскиот камп

Состојбата во бегалскиот камп во Харманли на југот на Бугарија се нормализира по безредијата и немирите, кои избувнаа вчера и продолжија во текот на ноќта. Повеќе од 400 мигранти се задржани во притвор поради вандалско однесување, а во нередите се повредени 24 полицајци, од кои најтешко настраданиот има скршеница на раката. Од Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопштија дека...

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по немири во бегалски камп

Бугарската полиција притвори 200 мигранти по судирите во бегалски камп на југот на Бугарија, во кој биле повредени и 14 полицајци, соопштија бугарски официјални претставници. Според портпаролката на бугарската полиција, Нина Николова, во нередите учествувале околу 2.000 мигранти, кои скандирале, палеле гуми и фрлале камења кон полицијата. Тензиите, како што пренесуваат локалните медиумите, ескалирале вчера, поради што полицијата употребила водени топови...

Плевнелиев очекува решение за поставување бугарски споменик на Кајмакчалан

Потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е важен чекор на патот кон мирното продлабочување на врските помеѓу двата народи и на европската интеграција на државите од регионот, изјави бугарскиот претседател во заминување, Росен Плевнелиев, по работната средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, соопшти портпаролот на бугарскиот претседател. Двете страни преговараат веќе неколку години за договорот за добрососедство,...

Договорот за добрососедство не треба да биде пречка за односите со Бугарија, оцени Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Софија се сретна со бугарскиот претседател во заминување, Росен Плевнелиев, и со новоизбраниот претседател на Република Бугарија, Румен Радев. На средбите, како што соопштуваат од кабинетот на Иванов, било заклучено дека договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија не треба да биде пречка за развојот на билатералните односи, бидејќи станува збор за...

Иванов во работна посета на Бугарија, ќе биде прогласен за почесен доктор на науки

Претседателот Ѓорге Иванов ќе престојува во работна посета на Бугарија, утре и задутре (21 и 22 ноември). Утре, Иванов ќе ја посети Бугарската академија на науките во Софија, каде ќе се сретне со академик Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науки, и ќе одржи предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот милениум“. На свечена церемонија, Бугарската академија на науките...

Бугарската влада поднесе оставка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска до народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата влада. Во писмото со оставката Борисов напоменува дека владата ќе продолжи да ги извршува своите функции сè до изборот на нов министерски совет и дека ќе обезбеди континуитет во управувањето со земјата. Борисов ја најави оставката уште синоќа, по победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија,...

Кандидатот на опозицијата победи на претседателските избори во Бугарија, владата најави оставка

Генерал Румен Радев, кој ја доби поддршката од Бугарската социјалистичка партија, е петтиот демократски избран претседател на Бугарија. Тој освои 59,7 отсто од гласовите, додека кандидатот на владејачката ГЕРБ, Цецка Царева, освои само 35 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори. - Важна е победата. Победа за целиот бугарски народ. Демократијата ја победи најголемата апатија и страв. Да...

Румен Радев и Цецка Цачева ќе се борат за претседателското место во Бугарија

Румен Радев ја доби поддршката од 25,70 отсто од гласачите, додека за Цецка Цачева гласаа 22 отсто од бугарските избирачи, покажуваат резултатите од првиот круг на претседателските избори во соседна Бугарија. В недела двајцата одат во вториот изборен круг. Премиерот Бојко Борисов, чијашто партија ја предложи Цачева, најави дека ќе поднесе оставка доколку таа не победи во вториот круг. Трети на изборите...

Денеска претседателски избори во Бугарија

На денешните избори за нов претседател на Бугарија, кој ќе го наследи актуелниот шеф на државата, Росен Плевнелиев, кој реши да не се кандидира за нов претседателски мандат, ќе гласаат повеќе од 6,8 милиони Бугари со право на глас. Во трката за претседателската функција учествуваат вкупно 21 кандидат, предложени од политички партии, коалици и од независни граѓански иницијативи. Анкетите на јавното мислење...

Бугарија: Во Црно Море неопходно е присуство на НАТО, а не на одделни држави

Бугарија настoјува решението за дополнително воено присуство во Црно Море да биде на НАТО, а не на одделни држави. Министерот за одбрана на Бугарија, Николај Ненчев, соопшти дека очекува до декември Бугарија и Романија да ги дефинираат своите позиции околу ова прашање, јави агенцијата БТА. „Јас сум против да влегуваме во преговори со Романија и со Турција за ова прашање. И...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...