петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: BSP | 12 резултати

По изборите, мали шанси за формирање влада во Бугарија

4 октомври 2022

Копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, слично како и Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“, отфрли можност да коалицира со ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. ГЕРБ, односно нејзината коалиција со Сојузот на демократските сили, доби најмногу гласови на изборите – 25,33 отсто, известува бугарскиот онлајн-медиум mediapool bg. Ваков став соопшти и Корнелија Нинова, претседателката […]

Анкета во Бугарија: Партиите на Борисов и Петков изедначени, „Има таков народ“ не би влегла во парламентот

6 јули 2022

Најновата анкета на „Алфа рисрч“ покажува дека партијата „ГЕРБ“ на Бојко Борисов и „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков имаат минимална разлика во популарноста доколку во Бугарија се одржат предвремени парламентарни избори, пренесува bTV Novinite. За „ГЕРБ“ на Борисов би гласале 21,5 отсто од граѓаните кои учествувале на анкетното истражување, додека „Продолжуваме со промените“ на […]

Петков од Брисел отфрли можност за кревање на ветото во овие два дена, ќе го чека парламентот

23 јуни 2022

Пред почетокот на средбата ЕУ-Западен Балкан во Брисел, по која почна дводневниот состанок на Европскиот Совет, бугарскиот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) рече дека ќе си го одржи зборот за кревање на ветото за Северна Македонија – но откако бугарскиот парламент ќе го каже својот став. Петков ја отфрли хипотетската […]

Медиапул: Три се варијантите за излез од политичката криза во Бугарија

9 јуни 2022

Откако вчера, не сосема неочекувано, шоуменот и релативно тазе политичар Слави Трифонов објави дека министрите во четири-партитната влада на Бугарија од неговата партија „Има таков народ“ (ИТН) ќе станат од нивните фотелји поради острата спротивставеност на владините партнери во врска со политиката кон Северна Македонија и за трошењето на државните пари, бугарскиот новински сајт mediapool.bg […]

Во Бугарија преговори за нова влада, ГЕРБ на Бојко Борисов не е во игра

16 ноември 2021

„Продолжуваме со промената“ (ПП), новата политичка коалиција што победи на парламентарните избори во Бугарија во неделата, денеска ги почнува преговорите со други партии за формирање нова влада, јави бугарски „Медиапул“. Кирил Петков, поранешен технички министер и еден од ко-претседавачите на коалицијата изјави дека веќе разговарал со Корнелија Нинова, претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП, со […]

Напорите на претседателот Радев за формирање нова влада на Бугарија досега без резултат

17 август 2021

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска организираше втор круг консултации со политичките партии застапени во парламентот на Бугарија, во обид да се формира нова редовна влада, јавија бугарските медиуми. Во моментов со Бугарија управува техничка влада што Радев ја формираше по избориет во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа […]

Претседателот Радев ја свика конститутивната седница на новиот бугарски парламент за задутре

13 април 2021

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска ја свика за 15 април во 9 часот Конститутивната седница на новиот бугарски парламент. Радев го повлече потегот откако во последниот број на „Државен весник“ на Бугарија беа објавени мандатите, односно имињата на новите пратеници. Што се однесува до формирање владина коалиција, во Бугарија работите уште се многу неизвесни. […]

ГЕРБ води на изборите во Бугарија, ВМРО во неизвесност, Борисов предложи експертска влада

5 април 2021

Според најновите резултати од пребројувањето на гласовите објавени од Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, објавени во 9:30 часот по бугарско време (8:30 по македонско), води партијата на досегашниот премиер Бојко Борисов, ГЕРБ, која има 24,88 отсто од гласовите, според обработени 54,63 отсто гласачки ливчиња. ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, пак, сè уште не знае дали […]

Страна 1 од 1