fbpx
Таг: божиќ

таг: божиќ

Бадникарски маскенбал во Тетово

Традиционално, и годинава бадникарскиот маскенбал во Тетово го почнаа децата, кои маскирани ги посетуваа семејствата пеејќи ја познатата песна „Бдња баба“. Домаќинките за возврат им даваа костени, јаболка, тиква и пари. Подоцна повозрасните со маски до доцните вечерни часови се забавуваа во тетовските кафулиња. - Ова е најубава вечер во Тетово. Маскенбалот е карактеристичен само за овој град и добро е...

Православните христијани го слават Божиќ

Денеска православните христијани го празнуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божиќ. На Божиќ се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Божиќ, според црковниот календар, се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан...

Пораки за мир, благосостојба и за единство во божиќните честитки до граѓаните

Светата црква, посебно на овој ден, нè повикува да покажеме добра волја и да го градиме и да го чуваме мирот со сите народи. Исполнети со божиќната радост, да учествуваме во јакнењето и на духовното и на националното единство меѓу нашиот народ, без разлика каде живееме – во татковината или раселени по светот, стои во божиќната порака на г.г....

Најтопол Божиќ досега во САД

Рекордно висока температура за овој период во годината беше измерена овој катoлички Божиќ во САД. На повеќе локации во Северна Америка температурата беше 20 Целзиусови степени. Во Њујорк беше измерена темература од 19 Целзиусови степени, највисока досега во историјата на овој град, уривајќи го претходниот рекорд од 17 Целзиусови степени, измерена во 1982 година. Дури цвеќињата се збунети од времето - забележано...

Католички Божиќ донесе славеници од Грција, Албанија и од Бугарија во Охрид

Повеќе стотици гости, пред сè, од Грција, но и од Албанија и од Бугарија, допатуваа во Охрид за прослава на католички Божиќ. Сместени се, главно, во поголемите хотелски капацитети. Помал број гости има и во соседна Струга. Гостите што допатуваа во Охрид, а ќе останат и викендов, се своевидна најава на очекуваната голема навалица за новогодишните празници, а во продолжение на нив...

Папата Франциск за Божиќ повика на правичност, трезвеност и на сочувство

Прославата на годинешното одбележување на Божиќ во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, папата Франциск ја посвети на барањето трезвеност и сочувство за помалку среќните. Папата побара од сите, како што рече, „опиени“ од имоти и од површни работи да им се вратат на основните вредности на животот. Тој рече дека Божиќ е време луѓето да откријат кои се. „Во општество кое најчесто...

Иванов упати божиќна честитка до католичките христијани

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници што го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. - Божиќ е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и за радост. Нека бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и со благослов. Овој голем христијански...

Груевски на литургија во Тетово, Иванов, Вељаноски и Трајановски во Соборниот храм

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на литургија и на празнувањето на Божик во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово. Верскиот обред го изведе господин Јосиф заедно со повеќе свештеници од тетовското архиерејско намесништво на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. На литургијата и на празнувањето на Божик во Тетово присуствуваше и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со семејството. Претседателот на...

Заев упати честитка по повод Бадник и Божик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово, Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, како и до сите верници од православна вероисповед во земјава. „Вам лично, на членовите на Синодот, на...

Премиерот Груевски им го честита Божик на верниците

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Божик. „Христовото раѓање и симболиката на Божик е една од најсилните поткрепи на секој верник. Овој ден нè потсетува дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, одлучи и самиот тој да стане човек и да...

Вељаноски им го честита Божик на верниците

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска упати честитка до г.г. Стефан и до православните верниците по повод големиот христијански празник Божик. - Со особена чест и задоволство, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам, на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и на сите православни...

Поглаварот на МПЦ-ОА во божикното обраќање повика да се зачува мирот

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, денеска се обрати до верниците по повод празникот Рождество Христово – Божик, потсетувајќи дека денеска целокупното Божјо создание, чијашто круна е човекот, празнува и се радува. „Секогаш и насекаде, пред сè, треба да имаме и да покажуваме благодарност кон Бога за неговата неизмерна љубов кон нас. Ние немаме со што...

Претседателот Иванов им го честита Божик на верниците и на г.г. Стефан

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник Раѓањето Христово - Божик. „Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник, Рождество Христово...

Нов хотел во центарот на Охрид

Македонскиот туристички центар Охрид, на почетокот на 2015 година доби нов сместувачки капацитет на атрактивна крајезерска локација во центарот на градот. Станува збор за хотелот „Сити палас“, кој располага со стотина легла и со прекрасен крајезерски ресторан. Охрид деновиве се очекува да биде исполнет со гости од Грција и од Бугарија, кои традиционално доаѓаат за Божик, а се очекува и...

Бадник неработен за православните, Божик – за сите граѓани во Македонија

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 6  јануари 2015 година (вторник), Бадник, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека 7  јануари 2015 година (среда), првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им...

Вторник – неработен за православните, среда – за сите граѓани

Во согласност со Законот за празниците на РМ, следниот вторник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Среда (Божик), пак, е неработен за сите граѓани на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

Католиците денеска го слават Божик

Католиците насекаде во светот денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик, а традиционално во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа вчеравечер, во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше свечена литургија. На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски со сопругите.

Божикната трпеза во Грција за два отсто поевтина од ланската

Божикната трпеза во Грција годинава е минимално поевтина од ланската. Според истражувањето на  Асоцијацијата на грчки трговци, продуктите за божикната прослава се само за два отсто поевтини од лани. Годинава просечното грчко семејство ќе потроши 144.76 евра за божикната трпеза, а лани таа во просек чинела 147.75 евра. Минималното намалување се должи на намалената цена на месото, за речиси три отсто поевтинето од лани, но...

Католиците денеска го слават Бадник, а утре Божик

Денеска Римокатоличката црква и христијанските цркви кои го сметаат времето по Грегоријанскиот календар го слават Бадник, ден пред раѓањето на Исус Христос - Божик. Заедно со католиците, овој празник го слават протестантите и Англиканската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија Грегоријанскиот календар.  

Нема спојување на новогодишните и на божикните празници

Не се предвидени спојувања на деновите за новогодишните и за божикните празници, информираат од Министерството за труд и социјална политика. „Во согласност со Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божик“, се  вели во соопштението. Министерството за труд и социјална политика информира дека неработни денови ќе бидат 1 јануари (четврток)...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...