fbpx
Таг: болница

таг: болница

За четири дена, во штипската болница починаа пет пациенти од ковид-19

Изминатата недела, во перидот од 17 до 20 септември, на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти од Делчево во ист ден, на 17- ти септември, еден виничанец, кој починал следниот ден, а две пациентки од Штип починале на 20-ти септември. Ова е најцрниот биланс во една седмица од почетокот на епидемијата во штипската болница, каде...

Заврши гасификацијата на болницата „Мајка Тереза“ во Чаир

Еден од најголемите загадувачи на Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир е гасифицирана. Инвестицијата е вредна 17 милиони денари, и станува збор за значаен капитален проект. „Досега оваа болница се грееше на мазут и беше еден од најголемите загадувачи во Скопје, се жалеа сите. Овие црни оџаци повеќе нема да функционираат. Поставени се панели на...

Ќе се реновира Специјализираната болница за хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево. Поводот за посетата е 40 години од отворањето на установата и најава за нејзино реновирање. Во присуство на директорот на болницата, Александра Пили и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, министерот Филипче најави реконструкција на трите павиљони...

Во Гинекологија Чаир од јануари досега евидентирани 300 породувања повеќе во однос на лани

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, соопштија од Министерството за здравство. „Од почетокот на оваа година, до крај на јули, годинава, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на овој период лани, кога...

Нови 127 случаи на ковид-19, осуммина починати и 83 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19. Распределено по градови, најмногу нови случаи се откриени во Скопје - 57, Штип има 13 нови случаи, Свети Николе 12, Струга 10, Гостивар 8, Охрид 7 нови случаи, Тетово 6, Куманово и Кичево по 4 нови случаи, Пробиштип и...

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8 Септември“

Министерот за здравство Венко Филипче оствари средба со синдикатот на ГОБ „8 Септември“ и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита - Љубиша Каранфиловски. На средбата е разговарано по барањето на вработените во болницата, ковид пациентите да останат на првиот каде има централен довод на кислород и инфективното одделение, а другиот дел од болницата да се ослободи...

Седум вработени во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп се позитивни на ковид-19

Болничарка вработена во акушерско-гинеколошкото одделение во Прилеп инфицирала уште шест свои колеги со кои што работела, други болничарки и медицински сестри. Заболената болничарка ги криела симптомите и продолжила да оди на работа. По нејзина хоспитализација, извршено е тестирање и потврдено дека уште 6 други вработени се позитивни на корона вирусот. „Точна е информацијата дека во овој оддел има заболени лица...

Од утре 75 кревети за болни од ковид-19 во детската болница во Козле

Во тек се последните подготовки за ставање во функција на детската болница Козле за прием на Ковид-19 позитивни пациенти, информира Министерството за здравство. На располагање ќе бидат 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од Ковид-19, а првите возрасни пациенти се очекуваат утре. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со...

Филипче: Во болницата во Куманово има доволно кадар и опрема, се работи непречено

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврдил дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра. „Откако 18 вработени се дијагностицирано со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на...

Британскиот премиер Борис Џонсон заврши в болница

Вчеравечер британскиот премиер Борис Џонсон бил примен во болница за клинички испитувања, бидејќи уште има симптоми, 10 дена откако беше дијагностициран со Ковид-19, јавија светските агенции. Кабинетот на Џонсон ја потврди информацијата, но не откри во која болница е примен. Во соопштението се вели дека постапката е „превентивен чекор“. Борис Џонсон (55) сепак сè уште управува со владата. Тој беше во...

Струга: Психолошката штета е потешка од онаа од корона вирусот

„Доколку не сте имале контакт со некое заразено лице или којшто допатувал од земјите со висок ризик, нема потреба ниту да се тестирате, а уште помалку да правите паника, доволно е да се почитуваат мерките на владата“, вели епидемиологот од Струга Јованка Стурлакова, известува „Порталб.мк“. Стурлакова, епидемиолог со големо работно искуство во оваа насока, сега се грижи за струшкиот регион....

Докторите од Кичево смируваат: Се шири непотребна паника, локалната болница е подготвена

Кичевската болница е подготвена да се справи со корона вирусот, велат локалните доктори. Издвоен е посебен објект со две соби каде што во период од 48 часа ќе се сместуваат оние пациенти за кои се прават анализи за Ковид-19. Докторот Илми Мехмеди од инфективното одделение на кичевската болница апелира до граѓаните да не паничат, известува „Порталб.мк“. Докторот Мехмеди изрази оптимизам...

Мемети: Граѓани доаѓаат во гостиварската болница со знаци на страв, а не на корона вирус

Ситуацијата во Гостивар до овој момент е стабилна и официјално нема заразени лица со коронавирус, изјави лекарот инфектолог Енес Мемети од гостиварската болница, кој ги повикува граѓаните да не шират паника. Тој посочува дека граѓаните треба да се прегледуваат кај матичните лекари, а во инфективниот оддел да доаѓаат само оние со симптоми на коронавирусот, пренесува „Порталб.мк“. Според докторот Мемети од...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ ќе го гасифицира Клинички центар по втор пат!?

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавноста во кое се осврнува на дел од економските мерки што ќе ги преземе, го повторува својот акцент на гасификацијата и посочува дека меѓу првите ќе ги гасфицира медицинските установи на јавното здравство, при што се детeктира спин, т.е. извртена вистина, пишува „Вистиномер.мк“. Давање на ветување од страна на ВМРО-ДПМНЕ за нешто што...

Не, во Кина не е изградена болница за само два дена

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Владата препорача итна гасификација на болницата во Куманово

Владата на 161. седница донесе одлука да ѝ препорача на работната група за субвенции на инвертер клими да ја вклучи Општина Куманово на листата градови за примена на оваа мерка, или да понуди решение за поддршка на граѓаните и на локалните институции за приклучување на системот за дистрибуција на гас во општината. „Во таа насока е и препораката за наоѓање...

Болницата во Струмица ќе биде приклучена на градскиот гасовод

Владата на 153. седница одобри 5 милиони денари (81.300 евра) од буџетот, за болницата во Струмица да се приклучи на градскиот гасовод. „Донесена е одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во износ од 5.000.000 денари, за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички во Општина Струмица, кои...

Филипче: Се бара локација за изградба на новата болница во Струга

Пациентите од Струга и регионов, како и здравствените работници од струшката болница бараат нов објект. Болницата постои повеќе од пет децении и е со голем број инфраструктурни проблеми. Болницата во Струга опслужува повеќе од 150.000 пациенти годишно и во неа се лекуваат и пациенти од други градови но и од соседна Албанија. „Навистина одличен кадар работи во струшката болница во повеќе...

Поради посетата на папата, граѓаните наместо на Клинички центар да се упатат кон „8 Септември“ и „Св.Наум Охридски“

Поради посетата на папата Франциск, граѓаните наместо во Клинички центар „Мајка Тереза“ да ги користат здравствените услуги во Градската општа болница „8 Септември“ и Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“, апелираше државниот секретар во Министерство за здравство Владимир Милошев. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ услуги ќе се даваат само во Клиниката за детски болести и на Гинекологија, а приодот кон нив...

Кривични пријави за дел од поранешниот менаџмент на охридската Oпшта болница

СВР Охрид поднесе кривични пријави против поранешни директор и помошник директор за економски работи во Општата болница во Охрид поради тоа што овозможиле докторантка да отсуствува од работа поради специјализација многу подолго од законски предвиденото. Тие се товарат за несовесно работење во службата, а кривична пријава има и за докторантката. „Од ноември 2013 до август 2017 година, 62-годишниот Љ.А. и...