среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: бојкот | 117 резултати

Кукан: Бојкотот на парламентот стана омилен спорт на Балканот

29 март 2017

Бојкотот на парламентот се претвори во спорт во Балканскиот регион, но политичката дебата во земјите треба да се води во парламентот, изјави европратеникот Едвард Кукан, за време на вчерашната дебата во Европскиот парламент, насловена „Криза на демократијата на Западен Балкан“. Кукан, говорејќи за политичката ситуација во Македонија, Албанија, Црна Гора и во Косово, рече дека […]

Нова рунда преговори за Сирија во Казахстан, бунтовниците најавија бојкот

14 март 2017

Во Астана, главниот град на Казахстан, денеска почнува новата рунда мировни преговори за Сирија, кои, како што јавуваат странските агенции, ќе бидат бојкотирани од сириските бунтовнички фракции. Портпаролот на сириската вооружена опозација, Осама Абу Заид, изјавил дека одлуката за бојкот е донесена бидејќи не се почитуваат ветувањата за прекин на огнот во Сирија, кој на […]

Опозицијата во Албанија официјално се откажа од учество во изборите

10 март 2017

Дваесет опозициски партии денеска испратија писмо до Централната изборна комисија на Албанија дека нема да се регистрираат како учесници во изборите ниту како поединечни партии ниту како опозиција, официјализирајќи го така својот бојкот на изборите. Тие велат дека ќе стојат на одлуката сè додека не се постигне политички договор што ќе овозможи слободни и фер […]

Во знак на солидарност со нападнатите колеги, „Мета“ нема да известува од протестите

1 март 2017

Во знак на протест поради нападот врз нашите колеги од порталот „А1он“, но и поради континуираните вербални напади врз сите новинарските екипи, новинската агенција „Мета“, придружувајќи им се и на другите медиуми, нема да известува за денешните протести на иницијативата „За заедничка Македонија“, ниту во Скопје, ниту од другите градови. Доколку на протестите се случат […]

Евреите во Хрватска ги бојкотираа церемониите за Денот на Холокаустот

27 јануари 2017

Додека низ светот со бројни церемонии се одбележуваше Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот, во Хрватска одбележувањето беше поматено од бојкотот на Еврејската заедница на државната церемонија. Нејзиниот став е дека конзервативната влада не прави доволно за спречување на пронацистичките пројави во Хрватска. Лидерот на Хрватската еврејска заедница, Огнен Краус, изјави дека одлуката за бојкот […]

Тетовските гимназијалци продолжуваат со бојкотот на наставата

15 септември 2016

Бојкотот на наставата на учениците Македонци од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово продолжува. Советот на родители на денешниот состанок го одби предлогот на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, учениците да се вратат на настава во Работничкиот универзитет во градот, сè додека не се најде трајно решение за просторниот проблем на гимназијалците. Од советот не се […]

По денешниот бојкот и протестен марш, тетовските гимназијалци од утре на настава

1 септември 2016

Тетовските гимназијалци од утре ќе почнат со настава во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, откако денеска ја бојкотираа наставата и со протестен марш го изразија револтот од просторниот проблем, со кој се соочуваат повеќе од 15 години. Одлуката да се продолжи со настава во централната гимназија ја соопшти градоначалничката на Тетово, Теута […]

„Студентски пленум“ повика на бојкот на изборите на СПУКМ

23 јуни 2016

Од „Студентски пленум“ ги повикаа студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ закажани за 30 јуни затоа што, како што велат, сакаат вистински студентски претставници, а не марионети и нема да дозволат криминални избори за студентски претставници. „Ги повикуваме студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ на 30 јуни. Со бојкотот, сите заедно […]

Избираме бојкот наместо ВМРО-ДПМНЕ, порача „Шарената револуција“ од Битола

16 мај 2016

„Ако има избор, кој е тој избор? Меѓу што ќе избираме, меѓу бојкот и ВМРО-ДПМНЕ?“, беше главното прашање што денеска го поставија демонстрантите од „Шарената револуција“ во Битола. Еден од водачите на протестот, Илија Балтовски, на присутните им го постави прашањето дали ќе одберат бојкот или ќе го одберат ВМРО-ДПМНЕ, по што сите скандираа „Бојкот, бојкот, бојкот“. Балтовски, исто […]

Груевски за „Франс прес“: Избори на 5 јуни ќе има

15 мај 2016

Никола Груевски во интервју за агенцијата „Франс прес“, изјави дека без оглед на најавениот бојкот од сите партии во државата, избори на 5 јуни ќе има. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто вели дека неговата партија е единствена од четирите големи партии што ќе учествува на изборите. Тој кажа и дека македонскиот Устав не дозволува одложување на […]

Заев повика на формирање широк фронт и платформа за слободна Македонија

7 април 2016

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска повика на широк граѓански фронт за слободна Македонија, а против Никола Груевски. Тој повика во платформата за слободна Македонија да се приклучат коалициските партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите и други. – Заедно со граѓаните да ја вратиме демократијата и да ја донесеме слободата, бидејќи тоа […]

Решението за распуштање на Собранието, Вељаноски ќе го потпишe на 15 април

7 април 2016

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, донесе одлука решението за распуштање на Собранието да го потпише на 15 април. Како што се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски, оваа одлука е донесена за изборите на 5 јуни да бидат фер и демократски. „Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас, како претседател […]

Левица: Го поздравуваме најавениот бојкот за изборите на 5 јуни

7 април 2016

Го поздравуваме најавениот бојкот за изборите на 5 јуни и се надеваме дека СДСМ овојпат ќе остане доследeн на овој став, велат од политичката партија Левица. „Последните случувања околу изборите се само потврда на нашиот одамна изнесен став дека до фер избори не може да се дојде преку никакви договори со корумпираниот и криминален режим. […]

Невладината „Уфук“ повикува на бојкот на „Сител“

10 февруари 2016

Невладината организација „Уфук“ реагира на обраќањето на главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, кој на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју во вестите му рече „лажеш како Турчин“. „Зборовите што ги слушавме пред малите екрани беа шокантни, длабоко навредливи и неприфатливи. Се прашуваме, воедно и јавно прашуваме од каде Латас […]

Бојкот на наставата поради екстремно загадениот воздух во Тетово

15 декември 2015

Екстремно загадениот воздух во Тетово ги принуди дел од родителите да не ги пуштаат своите деца на училиште. Тие денеска во дворот на основното училиште „Лирија“ организираа мал протест и најавија дека ќе ја бојкотираат наставата сè додека властите не преземат мерки против загадениот воздух. – Бевме принудени да преземеме вакви чекори. Синоќа се организиравме […]

Караѓозов: До петок нема да оперираме поpади револт од известувањето на медиумите

11 ноември 2015

Лекарите на Клиниката за дигестивна хирургија во наредните три дена ќе работат само на итни случаи, а ваквата одлука, според директорот Александар Караѓозов, пренесува МРТВ, била донесена поради револт за начинот на кој медиумите известувале за вооружениот инцидент во кој беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ. Караѓозов изјавил дека за одлуката добиле поддршка и од министерот […]

Британски интелектуалци ќе го бојкотираат Израел

27 октомври 2015

Повеќе од 300 британски интелектуалци повикаа на бојкот на Израел поради, како што велат, илегалната окупација на палестинска територија и кршењето на човековите права и слободи. Британскиот весник „Гардијан“ во денешното издание објави оглас „Наклонетост на британските интелектуалци кон правата на Палестинците“, кој го потпишаа 343 интелектуалци кои живеат и работат во Велика Британија. Меѓу потписниците се […]

Учениците ја бојкотираат наставата во средното хемиско училиште „Марија Склодовска-Кири“

28 септември 2015

Учениците во средното хемиско училиште „Марија Склодовска-Кири“ во Скопје ја бојкотираат наставата, пренесе „Телма“. Тие им упатија порака на своите наставници дека не ги собира внатре, а ако сакаат да им држат настава, да излезат надвор. Реакцијата на учениците доаѓа со почетокот на учебната година. Учениците не се задоволни од условите во училиштето. Тие се жалат […]

Најавен бојкот на наставата во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга

15 септември 2015

Учениците од најголемото основно училиште во Струга, „Браќа Миладиновци“, од четврток ќе ја бојкотираат наставата затоа што немаат струја од почетокот на новата учебна година. На денешната седница на Советот на родители е договорено в четврток и в петок да се бојкотира само првиот час, додека од понеделник да има целосен бојкот на наставата во […]

Родители и ученици од струшките основни училишта се закануваат со бојкот на наставата

7 септември 2015

Поради прекин во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од блокираните жиро-сметки, дел од учениците и од родителите од струшките основни училишта се заканија со бојкот на наставата. Родителите велат дека доколку во текот на наредната недела не се најде решение на проблемот, нема да ги пуштаат своите деца на училиште. Бараат државата да пројави интерес […]

Страна 4 од 6